Прејди на содржината

Географија на Азербејџан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Географски координати : 40°22′N 49°53′E / 40.367° СГШ; 49.883° ИГД / 40.367; 49.883
Топографска карта на Азербејџан.

Азербејџан е земја во Кавказот. Оваа држава се наоѓа на крстопатот меѓу Западна Азија и Источна Европа.

Вкупната површина на земјата изнесува 86,600 км2, и според тоа се наоѓа на 142 место по големина во светот. Азејбејџан е опколена со Каспиското Езеро на исток, со Русија на север, со Грузија на северозапад, Ерменија на запад и Иран на југ. Ексклавата Нахичеван се граничи со Ерменија на север и исток, со Иран на југ и запад, а на северозапад има кратка границата со Турција. Регионот Нагорно Карабах прогласил независност од Азербејџан во 1991 година, но не е меѓународно признат и се смета за дел од Азербејџан.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Со исклучок на источните делови на земјата и некои области на границите со Грузија и Иран, Азербејџан е опколена со планини. На североисток, покрај границата со руската автономна република Дагестан се наоѓа планинскиот масив Голем Кавказ. На запад, покрај границата со Ерменија, се наоѓа планината Мал Кавказ. Во крајните југоисточни области, талински планини формираат дел од границата со Иран. Највисоката точка на Азербејџан е врвот Базардузи во Голем Кавказ, на 4 740 метри надморска височина. Осум големи реки течат од Кавказ до Куроараската низина - алувиална низина се наоѓа во централниот дел на земјата, со ниски делтови области покрај брегот. Кура е најдолгата река во регионот на Кавказ. Се влева во Каспиското Море.

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2011, вкупното население во Азејбејџан е околу 9.614.600 жители. Густината на населеноста е 106/km2[1].

Главниот град Баку е најголемиот во државата со околу 2.045.815 жители (2011)[2].

Климата во Азербејџан е суптропска, со максимум на врнежи во периодот септември-декември. Летата се суви и сончеви и продолжуваат од јуни до средината на септември. Зими се студени.

  1. The International Population Day, The demographic situation in Azerbaijan“. Azstat. 2011. Посетено на 2011-07-11. (азербејџански)
  2. Bakı şəhəri - Azərbaycan Dövlət Statistika Komitəsi (азербејџански)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]