Веракрус
Веракрус (шпански: Estado de Veracruz de Ignacio de la Llave) е сојузна држава во Мексико. Се наоѓа на западниот брег на Мексиканскиот Залив. Има површина од 71.699 км2 и брои околу 7,3 милиони жители.
Јужниот дел од Веракрус од 1200 година п.н.е. до 400 година п.н.е. припаѓал на културното подрачје на цивилизацијата Олмеки. Центри на оваа култура биле во местата Сан Лоренцо и Трес Запотес. Од 300 до 900 година од новата ера, централниот дел од денешната територија на Веракрус бил под влијание на Теотиуаканите, но се разликувал со посебно писмо. Од ова доба потекнува „пирамиди со ниши“ од Ел Таин. Последната пред-хиспанска цивилизација на територијата на сегашен Веракрус биле Толтеците и дел од Ацтеките.
Во прилог на овие групи сè уште е присутно и индијанското население, поради отвореноста на државата Веракрус кон Карибите, ова е единствената мексиканска сојузна држава со значителен број на население со африканско потекло.
Главен, но не и најголем град е крајбрежниот град Веракуруз. Најголем град во оваа сојузна држава е градот со пријатна клима, Халапа.
Најважна земјоделска активност во Веракрус е експлоатацијата на нафта. Традиционални извозни производи се: кафе, гума, какао, ванила и памук.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Веракрус“ на Ризницата ? |
- Официјален портал (шпански)
- Туризам во Веракрус Архивирано на 19 февруари 2008 г. (шпански)
|
19°26′5″N 96°22′59″W / 19.43472° СГШ; 96.38306° ЗГД
Оваа статија Мексико е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|