Прејди на содржината

Велеслалом

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ивер Бјеркестранд напаѓа капија во велеслалом

Велеслалом – дисциплина во алпско скијање и даскање. Натпреварувачите треба што побрзо да ја поминат означената патека притоа треба да ги поминат низ поставените врати кои се поставени на поголемо растојание отколку во слалом, но на помало отколку во супервелеслалом.

Велеслаломот и слаломот се техничките дисциплини во натпреварите во алпско скијање за разлика од брзите дисциплини во кои спаѓаат супервелеслаломот и спустот. Техничките дисциплини вообичаено се состојат од две возења на различни патеки, но на истиот терен.

Висинската разлика на патеката за велеслалом мора да биде меѓу 250 и 450 м за мажи и меѓу 250 и 400 м за жени. Бројот на врати треба да биде 56-70 за мажи и 46-58 за жени. Бројот на промени на правецот на патека за велеслалом е еднаков на 11-15% од висинската разлика на патеката во метри за возрасни, а 13-15% за деца. На пример, патека со висинска разлика од 300 м ќе има 33-45 промени на правецот за трка за возрасни.[1]

Олимпиецот Лоте Сејерстед
на трка во велеслалом

Иако не спаѓа во брзите дисциплини, добро трениран натпреварувач може да достигне просечни брзини од 40 км/ч во велеслалом.

Горе: скии за велеслалом од 2006,
долу: скии за слалом

Скиите за велеслалом се пократки од оние за супервелеслалом и спуст, а се подолги од оние за слалом.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првиот велеслалом бил одржан на 20 јануари 1935 година во Мотароне, Италија.[2]. По месец дена, вториот велеслалом бил одржан во Мармолада во италијанските Доломити.[3]

На светските првенства велеслаломот како дисциплина бил додаде во 1950 година во Аспен, Колорадо, а на Зимските олимписки игри бил воведен во 1952 годиниа во Осло, Норвешка. Оттогаш тој е непрекинато дел од натпреварите на светските првенства и Зимски олимписки игри. Првично, натпреварите во велеслалом се состоеле од едно возење. Второто возење за мажи било додадено во 1966 година, а на Зимските олимписки игри во 1968 година. За жени, второто возење било додадено во 1978 година на светските првенства, а на Зимските олимписки игри во 1980 година.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2005-05-17. Посетено на 2017-03-05.
  2. Francesco Vida. La storia dello sci in Italia.
  3. Allen, John. „First Giant Slalom“. Skiing Heritage. International Skiing History Assoc. Посетено на 31 December 2011.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]