Бојценбург
Бојценбург | |
Градското собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Лудвигслуст-Пархим |
Градоначалник | Харалд Јешке (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 47,26 км2 |
Надм. височина | 15 м |
Население | 10.829 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 229 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | LWL |
Пошт. бр. | 19258 |
Повик. бр. | 038847 |
Портал | www.boizenburg.de |
Местоположба на градот Бојценбург во рамките на округот Лудвигслуст-Пархим | |
Координати | 53°22′N 10°43′E / 53.367° СГШ; 10.717° ИГД |
Бојценбург (германски: Boizenburg; службено наречен Бојценбург (Елба)) — град во округот Лудвигслуст-Пархим, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на десниот брег на реката Елба, 53 километри западно од Лудвигслуст, 25 километри североисточно од Линебург и 50 километри источно од Хамбург. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Бојценбург-Ланд, иако самиот град не е дел од општинската заедница.
Стариот град е поврзан со Елба преку пристаништето и е опкружен со шанец. Архитектурата главно се состои од барокни фахверк и тулни градби. Во северниот дел на градот се наоѓаат станбени блокови, изградени во времето на Источна Германија.
Како резултат на Кримската конференција, Бојценбург останал зад Железната завеса, на само неколку километри од нејзиниот почеток, подоцна позната како „внатрегерманска граница“.
Историја
[уреди | уреди извор]Германското име Бојценебург (Boyceneburg) било првпат спомнато во 1158. Пишаната форма била променета повеќепати (Boiceneburg, 1171; Boizeneburg, 1195). Стародолногерманското име за градот и реката (Бојце) најверојатно потекнува од словенскиот збор бој за војна (бој-бург = воен замок).
Бојценбург настрадал во текот на Триесетгодишната војна и неговиот стар замок бил запален од шведските трупи во 1628. Во 1709 црквата и над 160 средновековни градби биле опожарени. Градското собрание било повторно изградено во 1712, а изгледот на градот бил променет од пруските архитекти донесени од Шверин. Се насочиле кон обезбедување ефикасност при справувањето со идните пожари, подобра хигиена и јавните простори.
Во текот на Наполеоновите војни, француските трупи биле сместени во Бојценбург во 1807. Била водена битка близу Бојценбург со француските трупи кои се повлекувале во 1813. Во 1826 бил изграден пат, кој ги поврзувал Хамбург, Берлин, а со тоа и Бојценбург. Во 1846 била изградена железничката линија помеѓу Берлин и Хамбург. Бојценбург бил вклучен на линијата со посебна железничка станица.
Бродоградбеното претпријатие Лемше (Lemmsche) основано во 1793 станало високоиндустријализирано во 1852 и произведувало многу дрвени и челични бродови. Бродоградбеното претпријатие Томсен & Ко (Thomsen & Co) ја поддржале Германија во текот на Втората светска војна. Во 1973, Партијата за социјалистичко единство повторно ги активирала бродоградбените објекти за производство на помали речни бродови за СССР. Откако биле приватизирани во 1989, претпријатието пропаднало повторно во 1997. Денес, помали компании се активни на старото бродоградбено подрачје.
Керамичката фабрика Бојценбург основана од Ханс Динзинг во 1903, станала најголем производител на ќерамиди во Европа до 1937. Откако била повторно основана во 1991 останала еден од најголемите работодавци во градот.
Во текот на периодот во Источна Германија, жителите на Бојценбург биле одблиску набљудувани од тајната полиција Штази. На многумина кои биле сметани за „политички неверни“, им бил одземен имотот.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на стариот шанец на Боленберг
-
Пристаништето во Бојценбург
-
Градина
-
Градина
-
Поглед на црквата Св. Богородица
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Бојценбург на Ризницата ?
- Официјална страница
|