Били Ајдол
Били Ајдол | |
---|---|
Ајдол на настап со групата Generation Sex во 2023 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Вилијам Мајкл Алберт Броуд |
Роден(а) | 30 ноември 1955 Стенмор, Мидлсекс, Англија |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1976–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | billyidol.net |
Вилијам Мајкл Алберт Броуд, (англ. William Michael Albert Broad; роден на 30 ноември 1955) професионално познат како Били Ајдол (англ. Billy Idol) ― англиско-американски[1] пејач, текстописец, музичар и глумец. Тој на лондонската панк-рок сцена стекнал слава во втората половина од 1970-тите како водечки пејач во групата Generation X. На почетокот од 1980-тите започнал соло-кариера по што стекнал светска слава и станал еден од најистакнатите претставници од „Втората британска инвазија“ во САД и една од првите ѕвезди на музичката телевизиска станица MTV.
Детство и образование
[уреди | уреди извор]Вилијам Мајкл Алберт Броуд е роден на 30 ноември 1955 година во Стенмор, Англија.[2] Неговите родители биле побожни Англиканци и редовно оделе во црква. Ајдол бил половина Ирец; неговата мајка била родена во Корк.[3] Во 1958 година неговото семејство се преселило во САД, а четири години подоцна се вратиле во Англија и живееле во Доркинг, Сари.[4]
Во 1971 година, семејството се преселило во Бромли во југоисточен Голем Лондон, каде што Ајдол учел во училиштето за момчиња „Равенсборн“. Откако со семејството подоцна се преселил во предградие во Вортинг во Западен Сасекс, Ајдол учел во средното училиште за момчиња во Вортинг.[5] Во октомври 1975 година, почнал да студира на Универзитетот во Сасекс на Факултетот за англиски јазик, но ги прекинал студиите во 1976 година. Потоа се приклучил на групата обожаватели на „Секс пистолс“, од новинарите наречена „Контингентот од Бромли“, која била група обожаватели на групата која ги следела на сите нивни настапи.[6][7]
Кариера
[уреди | уреди извор]1976–1981: Член на групата Generation X
[уреди | уреди извор]Името „Били Ајдол“ потекнива од описот на неговиот наставник по хемија кој во училишниот извештај за го опишал Ајдол како „неактивен“ (англ. idle). Во интервју за BBC Breakfast во октомври 2014 година, тој рекол дека сакал да го користи името „Били Ајдл“ (Billy Idle), но сметал дека името нема да биде достапно поради сличноста со името на ѕвездата од Монти Пајтон, Ерик Ајдл и затоа го избрал Били Ајдол (Billy Idol).[8]
Кон крајот на 1976 година, тој се приклучил како гитарист на новоформираната ретро-рок група од Западен Лондон, Chelsea.[9] По неколку недели поминати во настапи со Chelsea, Ајдол и бас-гитаристот од групата Тони Џејмс, се повлекле од групата и ја основале Generation X. Ајдол станал пејач/фронтмен на новата група. Generation X била една од првите панк-групи кои биле емитувани на музичката програма на телевизијата БиБиСи Top of the Pops.[10] Иако биле панк-рок-група, тие биле инспирирани од британскиот поп од средината на 1960-тите, а Ајдол изјавил: „Ние бевме спротивност на Clash и Pistols. Тие не ги пееја „Елвис, Beatles ниту Ролинг Стоунс“, но ние бевме искрени за тоа што ни се допаѓа, вистината беше дека сите ја градевме нашата музика врз Битлси и Стоунс.[11] Generation X потпишале договор за снимање со Chrysalis Records, издале три студиски албуми, настапиле во филмот DOA: A Rite of Passage од 1980 година, а потоа се распаднале.[12]
1981–1985: Соло кариера и светска слава
[уреди | уреди извор]Ајдол се преселил во Њујорк во 1981 година каде што започнал соло-кариера соработувајќи со поранешниот менаџер од Kiss, Бил Окоин. Панк имиџот на Ајдол добро се совпаѓал со глам-рок-стилот на неговиот нов соработник, гитаристот Стив Стивенс.[13] Прво издание на Ајдол како соло-пејач било EP-то под наслов Don't Stop издадено во 1981 година, на кое се наоѓала и песната од Generation X „Dance with Myself“, првично снимена за нивниот последен албум Kiss Me Deadly. Првиот соло албум на Ајдол, Billy Idol бил издаден во јули 1982 година.[14]
Неговите песни „White Wedding“ и „Dancing with Myself" во 1982 година биле често емитувани на музичката телевизија МТВ, а Ајдол набрзо станал најистакнат претставник на Втората британска инвазија во САД и една од првите музички ѕвезди на МТВ.
Rebel Yell (1983), вториот мини-албум на Ајдол, забележал огромен успех,[15] а Ајдол ја зајакнал неговата популарност во САД со хит-песните како: „Rebel Yell“, „Eyes Without a Face“ и „Flesh for Fantasy“. „Eyes Without a Face“ се искачила на четврто место на американскиот Билборд Хот 100, а „Rebel Yell“ на шесто место на топ-листата за синглови во Велика Британија.[16][17]
1986–2004: Следни албуми и пад на популарноста
[уреди | уреди извор]Ајдол го издал албумот Whiplash Smile во 1986 година и тој солидно се продавал.[15] Популарни песни од албумот биле „To Be a Lover“, „Don't Need a Gun“ и „Sweet Sixteen“, песна во кантри-стил и една од неговите ретки балади. Набрзо потоа, Стив Стивенс започнал независна кариера и ја завршил неговата соработка со Били Ајдол. Во 1987 година бил издаден ремикс-албум под наслов Vital Idol. Албумот содржел изведба во живо на неговата преработка на песната „Mony Mony“ од Томи Џејмс.
На 6 февруари 1990 година во Холивуд, Ајдол на мотор доживеал тешка сообраќајна несреќа и за малку ќе ја загубел едната нога.[18]
Пред несреќата, филмскиот режисер Оливер Стоун го избрал Ајдол за улогата на другарот на Џим Морисон во неговиот филм Дорс (1991); несреќата го спречила да има позначителна улога и во филмот Ајдол само накратко се појавил.[19] Били Ајдол бил прв избор на Џејмс Камерон за улогата на негативецот Т-1000 во Терминатор 2: Судниот ден (1991); по несреќата улогата му била доделена на друг глумец.[20]
Албумот Charmed Life бил објавен во 1990 година. На спотот за песната „Cradle of Love“, поради повредите здобиени во сообраќајната несреќа,[21] Ајдол бил сниман само од половината нагоре. За „Cradle of Love“, Ајдол бил номиниран за Греми за „Најдобра машка рок вокална изведба“.[22]
Во 1993 година, Ајдол го издал албумот Cyberpunk.[23] Албумот се смета за експериментален и бил снимен на Мекинтош компјутер во домашно студио. Албумот слабо поминал во САД, а водечкиот сингл „Shock to the System“ не се пласирал на топ-листата Billboard Hot 100. Во Европа, албумот поминал малку подобро. Ајдол бил на турнеја низ Европа и свирел на концертот за обединување на Generation X во 1993 година.[24]
Во 1994 година тој го снимил и го издал синглот „Speed“; песната била претставена како прва песна во саудтракот за филмот <i>Брзина</i> . Ајдол се појавил во камео-улога како себеси во филмот од 1998 година „Свадбениот пејач“ со Адам Сендлер“, во кој Ајдол одиграл клучна улога во заплетот. На саундтракот од филмот се наоѓа песната „White Wedding“ од Били Ајдол.[25] Во 2000 година, бил гостин-пејач на дебитантскиот соло-албум на Тони Ајоми. Придонел со песната „Into the Night“, за која бил котекстописец. Истата година, го позајмил гласот на Один во анимираниот научно-фантастичен филм Heavy Metal 2000.
2005–Денес: Подоцнежна кариера
[уреди | уреди извор]Devil's Playground, издаден во март 2005 година, бил прв студиски албум на Ајдол по безмалку 12 години. Албумот стигнал до 46-то место на Билборд 200. На 24 јуни 2008 година, Ајдол го издал албумот со најголеми хитови The Very Best of Billy Idol: Idolize Yourself. Потоа, тргнал на светска турнеја, заедно со Def Leppard.
Во 2013 година, Ајдол се појавил во третата епизода од серијата на BBC Four Како Британците ја потресоа Америка.[26] Ајдол, исто така, го позајмил гласот на Спајки во епизода од серијата Ренди Канингем: Нинџа од 9-то одделение.[27][28]
Во октомври 2014 година, Ајдол го издал неговиот осми студиски албум Kings & Queens of the Underground. Автобиографијата на Ајдол, Танцување со себеси, била објавена на 7 октомври 2014 година и станала бестселер на Њујорк Тајмс.[29]
На 30 октомври 2018 година, поранешните членови на Generation X, Ајдол и Тони Џејмс, заедно со поранешните членови на Секс Пистолс, Стив Џонс и Пол Кук одржале бесплатен концерт во Рокси во Холивуд под името Generation Sex. Тие свиреле комбиниран сет од песни од двете поранешни групи.[30]
Во 2020 година Били Ајдол бил гостин-пејач на песната „Night Crawling“ од албумот од Мајли Сајрус Plastic Hearts, објавен во ноември 2020 година. Во 2016 година, Ајдол и Сајрус ја извеле „Rebel Yell“ на фестивалот iHeartRadio во Лас Вегас.[31]
На 12 август 2021 година, музичкото видео на Ајдол „Bitter Taste“, во режија на Стивен Себринг, било поставено на YouTube. Ајдол го најавил неговото ново EP The Roadside, кое било објавено на 17 септември.[32] Уште едно ЕР, The Cage, било објавено на 23 септември 2022 година.
Во март 2022 година, на Ајдол му била дијагностицирана MРСА, по што бил принуден да ја откаже заедничката турнеја со групата Journey.[33]
На 6 јануари 2023 година, Ајдол добил своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.[34]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Ајдол не се женел, но имал долгогодишна врска со англиската пејачка и танчерка Пери Листер. Тие имаат еден син роден во Лос Анџелес во 1988 година.[35] Листер и Ајдол се разделиле во 1989 година.[36] Ајдол има и ќерка од врската со Линда Матис.[37][38]
Ајдол долги години се борел со алкохолизам и зависноста од дрога. Во 2014 година, Ајдол изјавил дека не земал тешки дроги од 2003 година, но додал дека редовно пуши канабис и дека понекогаш пие.[39]
Во 2018 година, Ајдол станал натурализиран американски државјанин, но го задржал британското државјанство.[40] Ајдол има две внуци.[41]
Дискографија
[уреди | уреди извор]Студиски албуми
[уреди | уреди извор]- Billy Idol (1982)
- Rebel Yell (1983)
- Whiplash Smile (1986)
- Charmed Life (1990)
- Cyberpunk (1993)
- Devil's Playground (2005)
- Happy Holidays (2006)
- Kings & Queens of the Underground (2014)
EP-a
[уреди | уреди извор]- Don't Stop (1981)
- The Roadside (2021)
- The Cage (2022)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ McDonald, Scott (16 November 2018). „British rocker Billy Idol took his oath to become a United States Citizen, making it a nice day to, get sworn in“. Newsweek. Посетено на 21 December 2018.
- ↑ Guinness 1992.
- ↑ Dermody, Joe (18 June 2015). „Live at the Marquee: Billy's still an Idol in Rebel County“. Irish Examiner. Посетено на 5 January 2024.
- ↑ „Film Reference biography“. Filmreference.com. Посетено на 11 October 2011.
- ↑ Idol, Billy (2015). Dancing with Myself. Simon & Schuster. ISBN 9781451628517.[се бара страница]
- ↑ „Billy Idol: the return of Billy the kid“. The Daily Telegraph. London. 24 July 2008. Архивирано од изворникот 11 January 2022. Посетено на 9 April 2014.
- ↑ Marko, Paul (2007). The Roxy London WC2: A Punk History. ISBN 9780955658303. Посетено на 9 April 2014.[се бара страница]
- ↑ "BBC Breakfast Billy Idol Interview (27 October 2014)" на YouTube. BBC. Retrieved 28 October 2014
- ↑ „Chelsea“. steveharnett.com. Архивирано од изворникот на 30 January 2016. Посетено на 31 May 2021.
- ↑ „Biography by Greg Prato“. AllMusic. Посетено на 30 November 2011.
- ↑ „Billy Idol: the return of Billy the kid“. The Daily Telegraph. London. 24 July 2008. Архивирано од изворникот на 11 January 2022. Посетено на 9 April 2014.
- ↑ „Gold & Platinum“. RIAA (англиски). Посетено на 5 November 2021.
- ↑ „Vernon Reid – Guitar World interview (part 3) Cult of Personality“. The Biography Channel. 15 February 2010. Архивирано од изворникот на 30 December 2011. Посетено на 30 August 2012.
- ↑ William Ruhlmann. „Billy Idol - Billy Idol | Songs, Reviews, Credits, Awards“. AllMusic. Посетено на 9 April 2014.
- ↑ 15,0 15,1 Празен навод (help)
- ↑ Whitburn, Joel (2006). The Billboard Book of Top 40 Hits. Billboard Books
- ↑ Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums (19th. изд.). London, England: Guinness World Records Limited. стр. 266. ISBN 1-904994-10-5.
- ↑ Marilyn Monroe Died Here – More Locations of America's Pop Culture Landmarks by Chris Epting, p. 185
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Billy Idol Almost Played the T-1000 in 'Terminator 2,' Robert Patrick Says“. The Hollywood Reporter. 17 August 2017.
- ↑ „Billy Idol's Motorcycle Accident“. grunge.com. 29 September 2020. Посетено на 29 September 2020.
- ↑ „Billy Idol“. Rock on the Net. Посетено на 9 April 2014.
- ↑ „20 Years Ago: Billy Idol's 'Cyberpunk' Album Released“. Ultimate Classic Rock. 29 June 2013.
- ↑ „Billy Idol wants Generation X reunion“. 3news.co.nz. Архивирано од изворникот на 7 November 2014. Посетено на 7 November 2014.
- ↑ The Wedding Singer (1998) - IMDb, Посетено на 27 October 2021
- ↑ „BBC Four - How the Brits Rocked America: Go West“. BBC. 18 October 2013. Посетено на 9 April 2014.
- ↑ Wolfe, Jennifer (12 September 2013). „'Randy Cunningham 9th Grade Ninja' Returns for Second Series“. Animation World Network (англиски). Посетено на 30 September 2021.
- ↑ Ungerman, Alex (25 October 2013). „Billy Idol is a Punk Robot on 'Randy Cunningham'“. Entertainment Tonight (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-08-04. Посетено на 30 September 2021.
- ↑ „Billy Idol to Release First New Album in Nearly a Decade“. The Hollywood Reporter. 17 June 2014. Посетено на 18 October 2014.
- ↑ „Generation Sex: King Rockers and Silly Things at the Roxy“. LA Weekly. Посетено на 1 January 2019.
- ↑ Carter, Simone. "From Def Leppard to Elton John, Here Are Miley Cyrus' Most Powerful Collabs". Newsweek, 30 September 2022. Retrieved 21 October 2022
- ↑ „The Roadside – brand new 4-song EP“. Billy Idol. 11 August 2021. Посетено на 12 August 2021.
- ↑ „Billy Idol is Still Battling Dangerous Staph Infection“. 14 March 2022.
- ↑ „BILLY IDOL TO BE HONORED WITH FIRST HOLLYWOOD FAME STAR OF 2023“. Hollywood Walk of Fame Official Site. 6 January 2023.
- ↑ .Hochman, Steve (1999). Popular Musicians: The Doobie Brothers-Paul McCartney. Salem Press. p.512
- ↑ „Billy Idol biography“. Архивирано од изворникот на 1 July 2009. Посетено на 19 June 2021.
- ↑ „Billy Idol“. Cbsnews.com. 5 October 2014. Посетено на 19 June 2021.
- ↑ Roura, Phil (11 September 2010). „Wild at heart: Billy Idol may be a proud dad, but there's no taming the rocker“. New York Daily News.
- ↑ McClurg, Jocelyn. „Billy Idol is as 'candid as possible' in new memoir“. USA TODAY.
- ↑ Folley, Aris (17 November 2018). „Billy Idol becomes a US citizen“. The Hill.
- ↑ Trakin, Roy (5 January 2023). „Billy Idol on Getting the Mark of a True Idol: a Star on Hollywood Walk of Fame“. Variety. Посетено на 14 January 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Били Ајдол — AllMusic (англиски)
- Ајдол Били Ајдол на Discogs (англиски)
- Били Ајдол на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|
- Статии без страници во наводите since January 2024
- Натурализирани Американци
- Британски рок-пејачи
- Добитници на Британски музички награди
- Родени во 1955 година
- Британски новобранови пејачи
- Глам-рок-музичари
- Британски панк-рок-пејачи
- Британски постпанк-музичари
- Британски кантавтори
- Британски филмски глумци
- Британски хард-рок-музичари