Батман (град)
Батман | |
---|---|
Општина | |
Поглед на центарот на градот. | |
Местоположба на Батман, Турција | |
Координати: 37°52′50″N 41°07′39″E / 37.88056° СГШ; 41.12750° ИГД | |
Држава | Турција |
Регион | Југоисточна Анадолија |
Провинција | Батман |
Управа | |
• Градоначалник | Сабри Оздемир (Партија за мир и демократија) |
Површина[1] | |
• Област | 563,59 км2 (21,760 ми2) |
Надм. вис. | 540 м |
Население (2012)[2] | |
• Градскo | 348.963 |
• District | 381.990 |
• District густина | 6,8/км2 (18/ми2) |
Час. појас | ЕЕТ (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | ЕЕСТ (UTC+3) |
Поштенски код | 72x xx |
Повик. бр. | (+98) 488 |
Регистарски таблички | 72 |
Мреж. место | http://www.batman.bel.tr |
Батман (курдски: Êlih) — административен центар на истоимената турска провинција Батман со 348.963 жители.
Географија
[уреди | уреди извор]Батман се наоѓа на југоистокот на Турција, во регионот на Југоисточна Анадолија. Градот е сместен на висорамнина од 540м, окружен со сурови голи планини без ниеддно дрво, низ градот тече реката Илух, притока на реката Батман која се влева во реката Тигар. Оддалечен е околу 97 километри источно од Дијарбекир, и околу 130 километри од границата со Сирија. Градот има универзитет кој е основан во 2007 година и е дел од програмата Еразмус, програма за размена на студенти. Во регионот на Батман доминантна стока е нафтата.
Историја
[уреди | уреди извор]Сè до 50-тите години на 20 век, Батман бил село кое го носело имет Илух и имало 3000 жители. За брзиот раст на градот се заслужни пронаоѓалиштата на нафта откриени во 1940 година. Во 1944 железнички е поврзан со Анкара така после пронаоѓањето на нафтата илјадници нови жители од сите делови на Турција се преселиле во градот во потрага за работа. Брзорастечкиот град го променил името во 1957 година по името на најзначајната река во тој крај, Батмен, истовремено и станал административен центар на таа област. Голем придонес за развојот на градот бил и изградбата на рафинеријата за нафта и нафтоводот долг 511 километри.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Батман“ на Ризницата ? |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Површина на областите (со езера) во км²“. База на обласна статистика. Статистички завод на Турција. 2002. Посетено на 2013-03-05. (турски)
- ↑ „Население на покраинските/окружните центри и паланки/села во 2012 г.“. База на податоци за населението по системот ABPRS. Статистички завод на Турција. Посетено на 2013-02-27.