Прејди на содржината

Ајнбек

Координати: 51°49′0″N 9°52′0″E / 51.81667° СГШ; 9.86667° ИГД / 51.81667; 9.86667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ајнбек
Улица со фахверк куќи во Ајнбек
Улица со фахверк куќи во Ајнбек
Улица со фахверк куќи во Ајнбек
Грб на Ајнбек
Ајнбек во рамките на Германија
Ајнбек
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Нортхајм
Градоначалник Забине Михалек (ДХС)
Основни податоци
Површина 231,31 км2
Надм. височина 112 м
Население 30.728 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 133 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. EIN, GAN, NOM
Пошт. бр. 37574
Повик. бр. 05561, 05562
Портал einbeck-online.de
Местоположба на градот Ајнбек во рамките на округот Нортхајм
Карта
Карта
Координати 51°49′0″N 9°52′0″E / 51.81667° СГШ; 9.86667° ИГД / 51.81667; 9.86667

Ајнбек (германски: Einbeck) — град во округот Нортхајм, во јужниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]
Ајнбек со поглед кон исток (2006)

Ајнбек се наоѓа јужно од ридот Хубе (346,2 метри). Соседни поголеми градови се Гетинген на југ (околу 30 км) и Хилдесхајм на север (околу 35 км). Планинскиот масив Харц започнува на околу 20 километри источно, додека ридовите Золинг се наоѓаат 15 километри западно, додека помалиот рид Алсбург е сместен на околу пет километри југозападно.

Името „Ајнбек“ доаѓа од потокот (долногермански „Беке“) Круме Васер, притока на Илме. Илме поминува на јужниот крај на градот и се влева неколку километри источно во реката Лајне.

Клима на Ајнбек (1961-1990)
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна температура (°C) 0,1 0,6 3,8 8,1 12,7 16,0 17,4 17,0 13,9 9,5 4,8 1,5 8,78
Просечно кол. врнежи (мм) 52,6 36,4 45,2 51,3 64,4 76,7 64,5 60,9 44,6 40,6 49,4 57,3 644,1
Сончеви часови (месечно) 33,9 59,6 96,5 140,2 174,4 174,7 174,1 175,0 124,3 90,2 45,1 29,5
Извор: DWD[2]

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Ајнбек се граничи со (од север надесно) општините Фреден (Лајне) и Винценбург (обете во округот Хилдесхајм), градот Бад Гандерсхајм, оптината Калефелд, градовите Нортхајм, Моринген и Дасел (сите во округот Нортхајм), како и општината Ајмен, слободната област Венцен и флекен Делигзен (сите во округот Холцминден).

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Од околу 32.000 жители, во самото градско јадро живеат 15.000 жители, додека другите живеат во една од 46. градски единици на Ајнбек:

  • Алсхаузен-Зиверсхаузен
  • Андерсхаузен
  • Авендсхаузен
  • Бартсхаузен
  • Бентироде
  • Бојлсхаузен
  • Билербек
  • Брухоф
  • Брунзен
  • Бинзен
  • Дасензен
  • Деригзен
  • Дрибер
  • Едемисен
  • Ерцхаузен
  • Гарлебзен
  • Грене
  • Хајерхаузен
  • Халензен
  • Холтензен
  • Холтерсхаузен
  • Хулерзен
  • Ибер
  • Имензен
  • Ипензен
  • Конзен
  • Крајензен
  • Куфентал
  • Нензен
  • Негенборн
  • Одагзен
  • Олксхајм
  • Оперхаузен
  • Орксхаузен
  • Ренгерсхаузен
  • Ритироде
  • Ротенкирхен
  • Залцдерхелден
  • Штротхаген
  • Штројт
  • Зилбек
  • Фардајлзен
  • Фогелбек
  • Фолдагзен
  • Фолкзен
  • Венцен

Историја

[уреди | уреди извор]

Праисторија

[уреди | уреди извор]

Областа на денешниот град била населена од праисториско време. Различни артефакти биле откриени во самиот град и во другите околни села, како и изгубени села низ годините. Потекнуваат од палеолитот.

среден век

[уреди | уреди извор]

Во раниот среден век, бројни села постоеле долж реката Илме во средниот тек на долината на Лајне, пред да биде основан Ајнбек. На 1 јануари 1158 година, Ајнбек бил првпат споменат во декрет на Фридрих Барбароса. Декретот бил поврзан со пренос на имот во XI век. Грофот Удо од Катленбург поседувал имот на брег на потокот, Крумес Васер. Неговиот внук го основал манастирот Св. Александар, кој подоцна прераснал во важно светилиште. Од другата страна на овој поток се развил град кон крајот на XII век, главно поради добриот пристап за сообраќај. Била изградена и црквата „Св. Јаков“. Подоцна помеѓу градот и манастирот биле изградени разни градби. Се изградил и бедем околу нив, како и ендек.

Во 1252 година, Ајнбек ги добил градските права и бил основан градскиот совет. Во 1279година, градот добил суверенитот како зголемување на своите градски права. Црквата „Св. Јаков“ се наоѓа(ла) во средиштето на градот околу стариот плоштад, додека „Св. Александар“ била изградена само неколку стотина метри понатаму. Проширувањето на градот било околу новиот плоштад, првпат споменат во 1389 година како Нојштат. Новиот градот добил своја црква, „Св. Богородица“, првпат спомената во 1318 година.

Кулата Дик

Градот стекнал важност во текот на владеењето на војводите од Грубенхаген. Помалите села како Олдендорф или Тидексен биле напуштени и жителите биле префрлени во рамките на градот. Пишани докази за извоз на ајнбечкото пиво потекнуваат од 1351 година. Пивото било произведувано од одбрани куќи. Овие куќи лесно се препознавале по нивните широки врати, потребни за пренос на котлите. Организацијата на процесот и промоцијата на пивото била водена од градскиот совет. Ајнбек се приклучил на Ханза во 1368 година, со што ја проширил дистрибуцијата, од Антверпен на запад до Рига на исток и од Стокхолм на север до Минхен на југ. Во Минхен, името Ајнбек било погрешно нарекувано како „еден јарец“ (ein bock) и кога локална пиварница го копирала вкусот, нивното пиво било наречено Бок.

Манастири

[уреди | уреди извор]

Во XIV XV век бројни манастири биле создадени. Биле изградени кули надвор од градскиот бедем како систем за рано предупредување против непријателите.[3] Во тоа време, Ајнбек бил еден од најголемите градови во Северна Германија. Тоа било златното време на Ајнбек.

Нов период

[уреди | уреди извор]

Во јули 1540 година, градот Ајнбек бил скоро целосно уништен од пожар. Пожарот бил започнат од пироман. Каква улога одиграла верската поделба и реформацијата подоцна е непозната. Пироманот Хајнрих Дик бил обвинет за пожарот и умрел во кафез. Кафезот сѐ уште може да се види во Градското собрание. Бидејќи градот бил доста богат пред пожарот брзо бил обновен. Ајнбек се приклучил на Шмалкалдскиот сојуз, што го чинело многу. Во 1549 година градот пожарот повторно се опожарил. Овој пат главно јужниот дел на градот бил зафатен, при што изгореле 580 куќи. Во 1580 година, градскиот совет ја потпишал Конкордската формула, која ја заокружила реформацијата.[4] Во 1597 година се појавила чума. Во текот на Триесетгодишната војна, градот бил окупиран од непријателските сили во периодот 1632-1641 и биле уништени стотина куќи. Во текот на Седумгодишната војна, градските порти и бедеми биле уништени.

Гравура од Матхојс Меријан на градот Ајнбек од 1654 година

Ова довело до економско и политичко слабеење на градот во следниот период. Додека соседното село Ротенкирхен се развило во административно седиште на областа, властите ја повлекле автономијата на градот. Подоцна, Ајнбек станал седиште на војската. Стопанските проблеми биле намалени. Во текот на Наполеоновите војни станал административно седиште на истоимениот округ од 1807 до 1813 година. Во 1826 година, областа околу црквата „Св. Богородица“ изгорела и бил изграден нов окружен суд. Откако Прусија победила во војната со Кралството Хановер во 1866 година биле изградени касарни на пруската војска, денес Новото градско собрание и административните градби на градската управа. Ајнбек се откажал од плановите за поврзување на железничката линија Хановер-Касел и во 1879 година била изградена линија помеѓу Залцдерхелден и Ајнбек. Во 1885 година, Ајнбек станал седиште на новиот округ Ајнбек. Од 1890 година, фирмата за велосипеди на Август Штукеброк се развила во најголем бизнис во Германија. Пропаднала во текот на Големата депресија во 1931 година. Во 1896 година касарните се затвориле и градбите се користиле за висока школа до 1907 година.

Ајнбек бил силно погоден во стопанството по крајот на Првата светска војна. Гласањето за недемократските партии се зголемило, особено од 1930 година. Во текот на последните слободни избори пред Хитлер да ја преземе власта, НСДАП имало учество од 40,9% од гласовите во Ајнбек.[5] Во текот на Кристалната ноќ[6] бил подметнат пожар во синагогата од следбеници на НСДАП. Од 58 Евреи во Ајнбек, 21 биле принудени да се иселат, 32 умреле во концетрациските логори или на друго место, 3 се самоубиле, додека за петмина нема податоци.[7] Подоцнежниот градски управител на Ајнбек го предал градот без дозвола на американските трупи на 9 април 1945 година, со што Ајнбек ја преживеал војната без штети.

Во 1946 година, бројот на жители во Ајнбек двојно се зголемил поради приливот на раселени лица од поранешните источни територии на Германија, претежно од Шлеска, кои нашле дом во градот и округот Ајнбек. Ова довело до економски растеж во изградбата на нови станбени куќи, а подоцна и на индустриски капацитети. Проширувањето на градот било главно во насока на исток за станбените објекти, додека индустриските објекти биле градени на југ.

Во 1971 година, селата Холтензен, Хулерзен, Имензен и Одагзен биле припоени кон градот. Округот бил распуштен во 1974 година. Во исто време, кон Ајнбек биле припоени уште 27 села од старите окрузи Ајнбек, Гандерсхајм и Нортхајм. Во 2005 година, пожар уништил една историска градба и оштетил уште пет други.

На 19 октомври 2011 година, градскиот совет ја усвоил одлуката да ја припои соседната општина Крајензен на 1 јануари 2013 година.[8]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Ајнбек имал различни индустрии во текот на годините. Сепак, најпознат е градот по своето пиво под трговската марка „Ајнбекер Биер“ (Einbecker Bier). Ајнбек е родното место на пивото бок, пиво со висок процент на алкохол во него. Во градот постои пиварница, која е членка на Хановерската берза.

Друга индустрија со долга традиција е традиционалното фарбање на облека. Првите семејни претпријатија биле основани во 1638 година.[9]

Политика

[уреди | уреди извор]

Поранешни градски управители

[уреди | уреди извор]
  • 1948–1981 Хајнрих Кајм
  • 1981–1992 Георг Лампе
  • 1992–1997 Бернд Рел

Градоначалници

[уреди | уреди извор]
  • 1 јануари 1998 до 31 октомври 2006: Мартин Венер (SPD)
  • 1 ноември 2006 до 24 јануари 2013: Улрих Минкнер (SPD)
  • од 24 јануари 2013: Забине Михалек (CDU)

Култура и знаменитости

[уреди | уреди извор]
Северната страна на Тидексер Штрасе
Дрвените резби биле обоени на почетокот на XX век
Плоштадот со црквата „Св. Јаков“

Стариот дел на Ајнбек обезбедува скоро совршен пример на доцен средновековен град изграден со фахверк градби. Поради тоа, Ајнбек е вклучен во историскиот германски пат на фахверк.

По пожарот во јули 1540 година, кој скоро целосно ги уништил сите станбени градби, градот бил брзо обновен во текот на следните 15 години. Годината на изградба многу често е изрезбана во рамките. Старите подруми под градбите, кои не биле зафатени од пожарот, биле повторно користени за изградба на нови куќи на старото место. Многу добар пример е северната страна на Тидексер Штрасе. Широките врати со лак може да се видат, а половина од нив имале право да произведуваат пиво.

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
  • Плоштадот во средиштето на градот со:
    • Старото Градско собрание изградено во XVI век со своите три кули, историска знаменитост на Ајнбек;
    • Бродхаус (Brodhaus) изградена во 1552 година, користена како седиште на пекарскиот еснаф од 1333 година;
    • Зградата на градската аптека (Ratsapotheke) од 1590 година;
  • Ајкешес Хаус со својата богато украсена фасада во ренесансен стил
  • Тидексер Штрасе каде се присутни фахверк градби изградени во исто време и во ист стил, околу средината на XVI век
  • Новото Градско собрание било изградено во 1868 година како пруски касарни. Моментално се користи како административна зграда на градскиот совет од 1996 година
  • Главната црква „Св. Јаков“, лутеранска
  • Манастирската црква „Св. Александар“, една од најголемите готски цркви во северна Германија
  • „Св. Богорорица“, лутеранска, осветена во 1968 година
  • Парохиската црква „Св. Јозеф“, римокатоличка
  • Капела „Св. Спиритиј“, средновековна капела, грчка православна црква
  • Театар „Вилхелм Бендов“ (Wilhelm-Bendow-Theater)

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]

Родени во Ајнбек

[уреди | уреди извор]

Живееле во Ајнбек

[уреди | уреди извор]

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Ајнбек е збратимен со следниве градови:

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Постои директен пристап до сојузниот автопат Б3, кој го поврзува Хановер со Касел. До 1970 година, Б3 поминувал низ самиот град, но сега постои обиколница.

Пристап до автопатот А7 има на околу 10 километри, кој го поврзува Фленсбург со Базел во Швајцарија.

Железнички

[уреди | уреди извор]

Железничката станица Ајнбек-Залцдерхелден се наоѓа на линијата помеѓу Хановер и Касел и има возови на секој час во обете насоки.

Поголема железничка станица во Ајнбек е Крајензен, која покрај услугите до Хановер и Касел, има возови до Холцминден и Гослар.

Автобуски

[уреди | уреди извор]

Ајнбек е дел од автобуската мрежа во јужниот дел на Долна Саксонија, која ги поврзува сите помали села со градовите.

Воздушен

[уреди | уреди извор]

Најблизок меѓународен аеродром е Хановер со линии со поголеми европски градови. До него може да се дојде со воз.

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Deutschen Wetterdienst, Normalperiode 1961–1990
  3. Lageplan 1575
  4. Vgl. BSLK, S. 766; vgl. S. 17
  5. Gerd Tölke: Zur Geschichte Einbecks in der Zeit der Weimarer Republik (1918-1933) in: Geschichte der Stadt Einbeck, Vol. 2, pp. 170, ed. Einbecker Geschichtsverein e.V, Einbeck 1992 (германски)
  6. Erich Plümer: Schicksale der Einbecker Juden von 1933 bis 1945, sowie Kurt Heinrichs: Der 9. November 1938 in Einbeck, in: Zur Geschichte der Juden in Einbeck, Begleitbroschüre zur Erinnerungs-Ausstellung zur Reichsprogromnacht 1988 in Einbeck, hrsg. von der Stadt Einbeck, 1988(германски)
  7. Hinrich Lange: Einbeck zur Zeit des Nationalsozialismus (1933-1945) in: Geschichte der Stadt Einbeck, Vol. 2, pp. 192, ed. Einbecker Geschichtsverein e.V, Einbeck 1992 (германски)
  8. Artikel der Einbecker Morgenpost vom 20. Oktober 2011: Rat stimmt mit deutlicher Mehrheit für die Fusion (германски)
  9. Älteste Blaudruckerei Europas(германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]