Прејди на содржината

Ацо Стефановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ацо Стефановски
Роден 10 декември 1922
Битола, Кралство СХС
Починал 10 март 1985(1985-03-10) (возр. 62)
Битола, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Добра долина
Златни години
Време на летала
На наш начин
Големата соба
Занимање глумец
Роднини Димче Стефановски (брат)
Деца Илко Стефановски (син)

Ацо Стефановски (Битола, 10 декември 1922Битола, 10 март 1985)[1]македонски филмски и театарски глумец, член на Народниот театар во Битола од самото негово основање во 1944 година.[2]

Првиот македонски Хамлет, несомнено еден од најретките уметнички поединци со специфичен глумечки сензибилитет и богат творечки потенцијал. Поминувајќи го сиот свој работен век на „штиците што живот значат“ одиграл 250 улоги, главно водечки.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ацо Стефановски бил роден во Битола на 10 декември 1922 година, каде го завршил основното и средното образование. Професионалниот ангажман како глумец го започнал со самото формирање на Народниот театар од Битола во 1944 година и сите 40 години од својата глумечка дејност ги поминал во овој театар каде бил незаменлив столб во уметничкиот ансамбл, остварувајќи улоги на високо креативно рамниште.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Во својот глумечки живот остварил бројни и забележителни театарски и филмски улоги, а исто така режирал и повеќе театарски претстави.

Поважни театарски улоги[2]

[уреди | уреди извор]
Година Улога Претстава Автор
1958 Скуп Скуп Марин Држиќ
1964 Герлах Заточениците од Алтона Жан-Пол Сартр
1966 Хамлет Хамлет Вилијам Шекспир
1966 Сатин На дното Максим Горки
1967 Цар Едип Цар Едип Софокле
1967 Максимилијан Разбојници Фридрих Шилер
1969 Митке Коштана Борисав Станковиќ
1969 Вили Ломан Смртта на трговскиот патник Артур Милер
1972 Вујко Вања Вујко Вања Антон Павлович Чехов
1972 Аџи Трајко Бегалка Васил Иљоски
1972 Борис Попов Деветтиот бран Никола Јонков Вапцаров
1975 Фезлиев Црнила Коле Чашуле
1982 Таткото Пеш Славомир Мрожек
1983 д-р Фауснер Натемаго на Филозофскиот факултет Иво Брешан
1983 Илија Чворовиќ Балкански шпион Душан Ковачевиќ

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Филм Улога
1955 Волча ноќ /
1958 Мис Стон /
1967 Македонска крвава свадба /
1968 Планината на гневот /
1969 Републиката во пламен /
1970 Цената на градот Професорот
1971 Македонскиот дел од пеколот /
1972 Табакерата ТВ-филм /
1973 Добра долина ТВ-филм /
1973 Смилевскиот конгрес ТВ-филм /
1974 Средба ТВ-филм Танас
1975 Волшебното самарче ТВ-серија /
1975 Јад /
1977 Големата соба ТВ-филм Трпко
1977 Нели ти реков ТВ-филм /
1977 Малиот одред ТВ-серија /
1978 Златни години ТВ-филм /
1979 Наши години ТВ-серија Шефот на полицијата
1979 Жена од малтер ТВ-филм /
1980 Учителот ТВ-филм /
1980 Двојка ТВ-филм /
1981 Црвениот коњ /
1981 Булки крај шините ТВ-серија /
1981 Стојче ТВ-филм /
1982 Илинден ТВ-серија /
1982 Време на летала ТВ-филм /
1982 Тумба, тумба, дивина ТВ-филм
1983 Записник ТВ-филм /
1983 Црвениот коњ ТВ-серија /
1984 Јуначко колено ТВ-серија /
1984 Нели ти реков /
1985 На наш начин ТВ-серија Бимбо
1985 Од зад грб ТВ-филм

Награди и признанија[2]

[уреди | уреди извор]
  • Награда на Владата на НРМ (1950),
  • „11 Октомври“ за животно дело (1979),
  • „Стерија“,
  • „Златен венец“ на МЕС Сараево,
  • Глумец на годината на ревијата „Екран“ (1983),
  • Награда на Здружението на драмските уметници на Македонија,
  • „4 ноември“ (двапати),
  • Повеќе признанија на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]