Прејди на содржината

Ана Франк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ана Франк
Anne Frank
Ана Франк 1940
Роден/аАнелес или Анелиесе, Mари Франк
12 јуни 1929(1929-06-12)
Франкфурт, Прусија, Вајмарска Република
Починат/аФевруари или март 1945 (години 15)
Берген-Белзен концентрационен логор, Источен Хановер, Трет Рајх
Занимањеписател на дневник
ЈазикГермански
Државјанство
Роднини
Потпис

Анелис Мари „Ана“ Франк (12 јуни 1929 - почетокот на март 1945) била германско девојче од еврејско семејство од градот Франкфурт којашто стекнала светска слава стекнала благодарение на своите дневници во кои ја опишала германската окупација на Холандија за време на Втората светска војна.

Родната куќа на Ана Франк, Клиниката на црвениот крст Маингау

Ана со своето семејство се преселила во Амстердам во 1933 година, откако нацистите дошле на власт во Нацистичка и се стремеле за окупација на Холандија која започнала во 1940. Откако убивањето на Евреите почнало да се зголемува од ден на ден, Ото Франк, таткото на Ана Франк во јули 1942 со семејството се криел во собите од неговата работна зграда. По две години групата којашто ја сочинувале и тие била пронајдена и испратена во концентрационите логори. Седум месеци по нејзиното апсење, Ана починала од тифус во концентрациониот логор Берген - Белзен во деновите кога умрела и нејзината сестра Маргот Франк. Нејзиниот татко Ото останал жив и успеал да се врати во Амстердам каде што ги нашол сочувани дневниците на својата ќерка кои подоцна биле објавени во 1947 година. Дневниците во својот оригинал се објавени на холандски јазик.

Дневникот којшто и бил даден на 13. роденден претставува хронологија на настаните од тој ден, па сè до 1 август 1944 година. Дневникот е преведен на многу јазици, а станал и многу популарен меѓу читателите. Стилот на којшто е напишан е добар, а темата на дневникот претставувала инспирација за повеќе филмови. Со својата слава, Ана Франк станала една од најчесто споменуваните личности од жртвите на Холокаустот.