Ампула
Изглед
Ампула[1][2] — херметички затворено стаклено или пластично шишенце со лек, раствор или серум за инјекција. Се одликува заострен врат за парентерални фармацевтски облици, обично инјекции.[3] Вратот на ампулата мора да се откине пред да се земе лекот од него.[4] Ампулите се соодветен сад за течни фармацевтски облици во една доза,[5] [6] особено ако сотавот на содржината бара заштита од загадување од животната средина или допир со воздухот. Содржината на ампулата е херметички затворена; просторот над нивото на содржината во вратот на ампулата може да се пополни со инертен гас, така што содржината не е во контакт со воздухот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ампула“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „ампула“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Farmacevtski terminološki slovar, Ljubljana, Založba ZRC, ZRC SAZU, 2011.
- ↑ https://www.termania.net/slovarji/slovenski-medicinski-slovar/5505584/ampula?query=ampula&SearchIn=All, Slovenski medicinski e-slovar, vpogled: 19. 10. 2020.
- ↑ https://www.fda.gov/media/117883/download, vpogled: 19. 10. 2020.
- ↑ https://www.jazmp.si/fileadmin/datoteke/dokumenti/SRZH/Izrazanje_jakosti.pdf, vpogled: 19. 10. 2020.