Алфа Херкул
Положба на небото Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Херкул |
A | |
Рекстацензија | 17ч 14м [1] | 38,853с
Деклинација | +14° 23′ [1] | 25,34″
Привидна величина (V) | 3.350[1] (2,7+- 4,0[2]) |
B | |
Рекстацензија | 17ч 14м [1] | 39,181с
Деклинација | +14° 23′ [1] | 23,98″
Привидна величина (V) | 5.322[1] |
Особености | |
{{{компонента}}} | |
Развојна фаза | АГЏ[3] |
Спектрален тип | M5 Ib-II[3] |
U−B Боен показател | +1.01[4] |
B−V Боен показател | +1.45[4] |
Променлив тип | SRc[2] |
B | |
Спектрален тип | G8III + A9IV-V[3] |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: −7.32[5] млс/г Дек.: 36.07[5] млс/г |
Паралакса (π) | 9.07 ± 1.32[5] млс |
Оддалеченост | приб. 360 сг (приб. 110 пс) |
Апсолутна величина (MV) | −2.3[6] + 1.8 + 2.8[7] |
Податоци | |
A | |
Маса | 2,5+1,6 1,1[8] M☉ |
Полупречник | 284 ± 60, 264+- 303[3] R☉ |
Површ. грав. (log g) | −0,41 ± 0,19[9] |
Сјајност | 7.244+- 9.333[3] L☉ |
Температура | 3.155+- 3.365[3] K |
Податоци | |
Ba | |
Маса | ~2.5[3] M☉ |
Сјајност | 126[3] L☉ |
Температура | 4,900[3] K |
Bb | |
Маса | ~2[3] M☉ |
Сјајност | 26[3] L☉ |
Температура | 7,350[3] K |
Старост | 0,41+- 1,25[3] Гг. |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — α Her |
— A | |
— B |
Алфа Херкул (α Herculis, скратено Alpha Her, α Her), исто така означенa како Расалгети и 64 Херкул — повеќекратен ѕвезден систем која се наоѓа во соѕвездието Херкул. Појавувајќи се како единствена светлосна точка со голо око, таа може да се разреши во голем број компоненти преку телескоп. Има комбинирана привидна величина од 3,08, иако најсветлата компонента е променлива по осветленост. Врз основа на мерењата на паралакса добиени за време на мисијата Хипаркос, таа е приближно 360 светлосни години (110 парсеци) оддалечени од Сонцето. Тоа е исто така блиску до друга светла ѕвезда, односно до Расалхаг.
Систем
[уреди | уреди извор]Алфа Херкул е систем со тројни ѕвезди. Примарната (најсветлата) од трите ѕвезди, означена како α 1 Херкул или α Херкул A, е пулсирачка променлива ѕвезда на асимптотичната гранка на џинови (АГЏ). Примарната ѕвезда формира визуелен бинарен пар со втора ѕвезда, која сама по себе е спектроскопска бинарна.[3]
Алфа Херкул, исто така, ги формира А и В компонентите на поширокиот систем означен WDS J17146+1423, со два дополнителни слаби визуелни придружници означени како WDS J17146+1423C и D.[11] Двете побледи ѕвезди се далеку пооддалечени од тројниот систем.[12]
Номенклатура
[уреди | уреди извор]α Херкул (латинизирано во Alpha Herculis) е Бајерова ознака на системот; α1 и α2 Херкул, се нејзините две видливи компоненти. 64 Херкул е Флемстидова ознака на системот. WDS J17146+1423 е ознака на поширокиот систем во Вашингтонски каталогот на двоѕвезди. Ознаките на главните компоненти на Алфа Херкул како Алфа Херкул A и B и четирите компоненти на поширокиот систем како WDS J17146+1423A, B, C и D, заедно со спектроскопскиот пар - Алфа Херкул Ba и Bb - произлегуваат од конвенцијата што ја користи Вашингтонскиот каталог (ВК) за повеќе ѕвездени системи, и усвоен од Меѓународниот астрономски созју (МАС).[13]
Алфа Херкул го носела традиционалното име Расалгети или Рас Алгети (арап. رأس الجاثي ra‘is al-jāthī или во превоед „Глава на коленото“).[14] Глава“ доаѓа од фактот дека во антиката Херкул бил прикажан наопаку на мапите на соѕвездието. Во 2016 година, МАС организирал Работна група за имиња на ѕвезди (РГИЅ)[15] за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите. РГИЅ го одобрила името Rasalgethi за компонентата Алфа Херкул A (α1) на 30 јуни 2016 година и денес името на ѕвездата е вклучено во списокот со имиња на ѕвезди одобрени од МАС.[15]
Терминот ra's al-jaθiyy или Ras al Djathi се појавил во каталогот на ѕвезди во Календарот на ел-Аксаси ел-Муакет, кој на латински бил преведен како Caput Ingeniculi.[16]
Во кинеската астрономија, Алфа Херкул се нарекува 帝座, што значи „Царско седиште“.[17] Ѕвездата се гледа како самата да се означува и стои сама во средината на астеризмот на Царското седиште.[18]
Својства
[уреди | уреди извор]Алфа Херкул А и В се оддалечени повеќе од 500 АЕ, со проценет орбитален период од приближно 3600 години. А се претставува како релативно масивен црвен светол џин, но радијалните мерења на брзината укажуваат на придружник со период од редот на една деценија.[11] Двете компоненти на В се примарна жолта џиновска ѕвезда и секундарна, жолтобела џуџеста ѕвезда во орбита од 51,578 дена.[20]
Алфа Херкул А е асимптотична џиновска гранка (АГЏ), светлиот црвен џин кој има обвивки од водород и хелиум околу дегенерираното јадро на јаглерод-кислород. Таа е втората најблиска АГЏ ѕвезда до Сонцето. Нејзиниот полупречник пулсира помеѓу 264 и 303 сончеви полупречници. Во својот минимум, делотворната температура е 3,155 K (2,882 °C)[3] и осветленоста е од 7.200 сончеви сјајности, додека во нејзината максимална температура е 3,365 K (3,092 °C) и сјајноста е од 9.330 сончеви сјајности. Кога Алфа Херкул би бил во средината на Сончевиот Систем, нејзиниот полупречник би се протегал покрај орбитата на Земјата на 1,23 – 1,4 АЕ, но не толку далеку од орбитата на Марс или астероидниот појас. Се проценува дека црвениот џин го започнал својот живот со околу 2.175-3.250 M☉.[3]
Примарната ѕвезда е наведена како стандардна ѕвезда за спектралната класа M5 Ib-II.[3] Како и повеќето ѕвезди од типот М при крајот на нивниот живот, Алфа Херкул доживува висок степен на губење на ѕвездената маса создавајќи ретка, гасовита обвивка која се протега најмалку 930 АЕ.[20] Тоа е полуправилна променлива со сложени промени во осветленоста со периоди кои се движат од неколку недели до многу години. Најзабележливите варијации се јавуваат во временски размери од 80-140 денови и на 1.000 - 3.000 денови. Најсилниот период за откривање е 128 денови.[21] Целиот опсег на осветленост е од светлинска величина 2,7 до 4,0, но обично варира во многу помал опсег од околу 0,6 величини.[21]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 2,0 2,1 Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/GCVS. Originally Published in: 2009yCat....102025S. 1. Bibcode:2009yCat....102025S.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 3,15 3,16 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 4,0 4,1 Ducati, J. R. (2002). „VizieR Online Data Catalog: Catalogue of Stellar Photometry in Johnson's 11-color system“. CDS/ADC Collection of Electronic Catalogues. 2237. Bibcode:2002yCat.2237....0D.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Reimers, D. (1977). „On the absolute scale of mass-loss in red giants. I - Circumstellar absorption lines in the spectrum of the visual companion of Alpha-1 HER“. Astronomy and Astrophysics. 61: 217. Bibcode:1977A&A....61..217R.
- ↑ Moravveji, E.; Guinan, E. F.; Sobouti, Y. (2011). „On the Mass and Evolutionary Status of the Bright Red AGB Supergiant α1 Herculis“. Why Galaxies Care About Agb Stars Ii: Shining Examples and Common Inhabitants. 445: 163. Bibcode:2011ASPC..445..163M.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ „alf Her“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. (англиски)
- ↑ 11,0 11,1 „Washington Double Star Catalog“. United States Naval Observatory. Архивирано од изворникот на 2011-02-14. Посетено на 2018-07-10.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Hessman, F. V.; Dhillon, V. S.; Winget, D. E.; Schreiber, M. R.; Horne, K.; Marsh, T. R.; Guenther, E.; Schwope, A.; Heber, U. (2010). „On the naming convention used for multiple star systems and extrasolar planets“. arXiv:1012.0707 [astro-ph.SR].
- ↑ Kurt Vonnegut. „Constellations: Hercules 'the Strongman'“. The BBC (British Broadcasting Corporation). Посетено на 2010-11-14.
- ↑ 15,0 15,1 „IAU Working Group on Star Names (WGSN)“. Посетено на 22 May 2016.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ (на кинески) AEEA (Activities of Exhibition and Education in Astronomy) 天文教育資訊網 2006 年 6 月 25 日 Архивирано на 21 април 2021 г.
- ↑ Richard Hinckley Allen: Star Names — Their Lore and Meaning: Hercules
- ↑ Wasatonic, Richard P. (January 1997). „Photoelectric Photometry of TX Psc, Alpha Her A, Omicron Cet, and RT Cyg“. The Journal of the American Association of Variable Star Observers. 26 (1): 1–13. Bibcode:1997JAVSO..26....1W. Посетено на 18 December 2022.
- ↑ 20,0 20,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 21,0 21,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Атлас на универзумот: повеќе ѕвездени орбити
- Наопаку Херкулес покажува Алфа Херкулисети како глава: Херкулес