Алеутски острови (англиски: Aleutian Islands, руски: Алеутские острова), или скратено Алеути – архипелаг со околу 150 острови во Беринговото Море, кои се од вулканско потекло. Се наоѓаат на северозападниот брег на Северна Америка меѓу Алјаска и Камчатка. Островите им припаѓаат на САД и Русија[1]. Површината на Алеутските Острови е околу 17.766 км2, и на нив живеат околу 15.000 жители. Развиен е ловот и риболовот. Тука се наоѓа голема воздухопловна и војна поморска база. Највисока точка е вулканот Шишалдин (2.857 м).