Прејди на содржината

Александар V

Од Википедија — слободната енциклопедија

Александар V (умрел 294 п.н.е.) бил син на Касандар и Тесалоника Македонска[1], кој заедно со неговиот брат Антипатар II владеел како крал на Македонија од 297 п.н.е. до 294 п.н.е.. Подоцна брат му го истерал, па овој побарал помош од Деметриј I Опсадникот за да го поврати престолот. Деметриј успешно го победил Антипатар, но наместо да го врати Александар, наредил да го убијат.

  1. Elder, Edward (1867). „Alexander“. Во William Smith (уред.). Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology. 1. Boston: Little, Brown and Company. стр. 115.
Претходник
Филип IV
Крал на Македонија
со Антипатар II
297–294 п.н.е.
Наследник
Деметриј I Опсадникот