Албанско-грчка граница
Албанско-грчка граница (грчки: Σύνορα Αλβανίας-Ελλάδας; албански: Kufiri Greko-Shqiptar) — државна граница помеѓу Албанија и Грција. Нејзината должина изнесува 282 километри, од кои 254 км на копно и 27 км по вода.
Географски особености
[уреди | уреди извор]Границата почнува од тромеѓата во средината на Преспанското Езеро, каде се среќаваат Македонија, Грција и Албанија. Потоа оди во начелно југозападен правец до Неправиште, каде потоа свртува на југоисток до Косовица и повторно продоложува во на југозападен правец и завршува во Крфскиот Теснец, крај истоимениот остров во Грција.[1]
-
Тромеѓата во непосредна близина од островот Голем Град во Преспанското Езеро — североисточниот крај на границата. Тука е границата Македонија-Грција-Албанија.
-
'Ртот Стило — јужниот крај на границата.
Гранични премини
[уреди | уреди извор]Патни премини
[уреди | уреди извор]
Албански пункт |
Област |
Грчки пункт |
Округ | Албански патишта | Грчки патишта | Состојба |
---|---|---|---|---|---|---|
Какавија | Ѓирокастро | Арништа (Ктисмата) | Јанина | Државен пат 4 | Државен пат ЕО22 | отворен |
Капештица | Горица | Смрдеш (Кристалопиги) | Лерин | Државен пат 3 | Автопат 29 | отворен |
Кониспол | Валона | Сајада | Теспротија | Државен пат 97 | Државен пат ЕО18 | отворен |
Лесковик | Горица | Мелисопетра | Јанина | Државен пат 80 | Државен пат ЕО35 | отворен |
Сопик | Ѓирокастро | Дримадес | Јанина | Локални патишта | отворен |
Населени места
[уреди | уреди извор]Следува список на пограничните места од југ кон север.
АЛБАНИЈА | ГРЦИЈА | |||||
---|---|---|---|---|---|---|
Област | Општина | Гран.
премин |
Гран.
премин |
Општина | Округ | |
Ј о н с к о М о р е | ||||||
Валонска | Кониспол | Филат (Филатес) | Теспротиски | |||
Фојник | ||||||
Ѓирокастровска | Дропул | Погон (Погони) | Јанински | |||
Премет | Коница | |||||
Горичка | Колоња | |||||
Нестрам (Несторио) | Костурски | |||||
Девол | Костур (Касторија) | |||||
Пустец | Преспа | Лерински | ||||
М а к е д о н и ј а |
Историја
[уреди | уреди извор]Прва балканска војна
[уреди | уреди извор]Согласно Лондонскиот договор од 1913 година, со кој завршила Првата балканска војна (1912 - 1913), решавањето на статусот на новата држава Албанија и определувањето на нејзините граници биле одложени за подоцнежна одлука на Големите сили соочени со притисок од победниците во војната, Грција, Србија и Црна Гора.[2] Во декември 1913 година, завршила работата на Комисијата за јужноалбанската граница, но конечното определување и поставување на границата било одложено со започнувањето на Првата светска војна во 1914 г.[3]
Конференцијата на амбасадорите на 9 ноември 1921 година, под јурисдикција на Париската мировна конференција, ја потврдила, со одредени измени, границата предложена со Лондонската амбасадорска конференција (1912 - 1913). Меѓународната гранична комисија составена од Франција, Обединетото Кралство и Италија ја започнала демаркацијата во 1922 година, а ја завршила 3 години подоцна во 1925 г. Конечниот чин на разграничување го потпишале Велика Британија, Франција, Италија, Грција и Југославија во Париз на 30 јули 1926 г. Следниот опис-предлог за границата бил претставен од страна на Меѓународната гранична комисија во 1925 година, признаен од Грција и Албанија. Нејзини потпишувачи биле Митхад Фрашери од албанска и Христос Аврамидис од грчка страна.[3]
Втора светска војна и Грчка граѓанска војна
[уреди | уреди извор]Со италијанската окупација на Албанија, на 28 октомври 1940 г. започнала Грчко-италијанската војна со обид на целосна окупација на сојузничка Грција од страна на италијанските фашистички сили, почнувајќи од албанско-грчката граница. Меѓутоа, со вмешаноста на нацистичка Германија и операцијата Марита, земјата целосно била окупирана од Силите на Оската.[4] За време на Граѓанската војна во Грција (1946 - 1949), на 24-29 август 1949 г. на пограничната планина Грамошта се случила решителната Битка на Грамошта, каде со помош од американски и британски сили и напалм-бомби е поразена Демократската армија на Грција (ДАГ).[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Albania-Greece Boundary“. International Boundary Study (англиски). The Geographer, Office of the Geographer, Directorate for Functional Research, Bureau Intelligence and Research, United States Department of State (113): 1. 1971. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ „Albania-Greece Boundary“. International Boundary Study (англиски). The Geographer, Office of the Geographer, Directorate for Functional Research, Bureau Intelligence and Research, United States Department of State (113): 2. 1971. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 3,0 3,1 „Albania-Greece Boundary“. International Boundary Study (англиски). The Geographer, Office of the Geographer, Directorate for Functional Research, Bureau Intelligence and Research, United States Department of State (113): 3. 1971. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Saltmarshe, Douglas (2017-07-12). Albania – Background. Routledge. стр. 50–62.
- ↑ Ζενακος, Αυγουστινος. „ΓΡΑΜΜΟΣ-ΒΙΤΣΙ ΑΥΓΟΥΣΤΟΣ 1949“. Ειδήσεις - νέα - Το Βήμα Online (грчки). Посетено на 2021-08-28. Занемарен непознатиот параметар
|ημερομηνία=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Албанско-грчка граница на Ризницата ?
|
|