Прејди на содржината

Агара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Агара со син ѝ Исмаил

Агара (хебрејски: הגר‎, Хазар — поклоник, аџија; грчки: Άγαρ; латински: Agar; арапски: حاجر‎, Хаџар) — Древноегипќанка, робинка и слугинка на Сара (во времето на последната бездетност), која станала наложница на Авраам и на кого му родила син Исмаил. Кога Исак, синот на Авраам од Сара пораснал, Агара и Исмаил, на настојување на Сара, биле протерани од домот на Авраам (Бит. 21:1–21). Агара отишла на југ и се населила во Арапската Пустина, каде што Исмаил подоцна станал родоначалник на арапските племиња, а оние што потекнувале од него се нарекувале Исмаили, а оние што потекнувале од неговата мајка се нарекувале Агарјани. Традиционално, и во исламот, Арапите се сметаат за потомци на Исмаил, а Агара зазема важно место во арапските преданија.[1]

  1. „Hagar in the Bible“. My Jewish Learning (англиски). Посетено на 2023-08-01.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]