Автобус
Изглед
Автобус — моторно возило за превоз на седум или повеќе патници. Автобусите со помалку од 5,5 метри се нарекуваат минибус.
Историја
[уреди | уреди извор]Првиот автобус во светот бил произведен во 1801 година, од страна на Ричард Тревитик, а неговата демонстрација се одржала на 24 декември истата година во Кемброн, Англија. Тоа бил автобус со парна машина, а можел да носи осум патници. Првиот автобус со мотор со внатрешно согорување работел на бензин, а бил изработен во Германија во периодот 1894-1895 од страна на „Бенц“. Тој располагал со 8 седишта. Првиот градски автобус со мотор со внатрешно согорување се појавил на 12 април 1903 година, во Лондон. Тој бил дизајниран за 25 патници, тежел 6 тони, а силата на моторот изнесувала 26 КС.
Автобусот како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Автобус“ — расказ на македонскиот писател Милко Бојковски.[1]
- „Желба голема како автобус и црвена како автобус“ — расказ за деца на македонскиот писател Генади Болиновски.[2]
- „Red bus blues“ — кус расказ на македонскиот писател Ѓоко Здравески од 2019 година.[3]
- „Зошто запреле автобусите“ — расказ за деца на македонскиот писател Неџати Зекерија.[4]
- „Автобус“ — кус расказ на македонскиот писател Сотир Ристо.[5]
- „Автобус“ (англиски: The Bus) — песна на американската рок-група Бафало Том (Buffalo Tom) од 1989 година.[6]
- „Волшебен автобус“ (англиски: Magic Bus) — песна на англиската рок-група Ху (The Who) од 1968 година.[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Милко Бојковски, Фотографии од пеколот. Скопје: Бегемот, 2017, стр. 77.
- ↑ Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990, стр. 22-30.
- ↑ Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 55-56.
- ↑ Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 15-16.
- ↑ Летаат приказни. Скопје: Темплум, 2019, стр. 24-25.
- ↑ DISCOGS, Buffalo Tom – Buffalo Tom (пристапено на 9.7.2021)
- ↑ DISCOGS, The Who – Magic Bus (пристапено на 25.3.2018)