Џорџ Болејн
Џорџ Болејн | |
---|---|
Роден | април 1504 |
Починал | 17 мај 1536 (на 31–32 г.) |
Сопружник/ци | Џејн Болејн |
Родители | Томас Боилејн Елизабета Хауард |
Џорџ Болејн ( 1504 - (17 мај 1536 бил брат на англиската кралица Ана Болејн, најстар син на Томас Болејн, Ерл од Вилтшир и неговата сопруга Елизабета Хауард.
Неговиот татко бил еден од најблиските луѓе на Хенри VIII, и работел како дипломат. Во 1524 година, Џорџ се оженил за Џејн Паркер, ќерка на Хенри Паркер. Неговата сестра, Ана не успеела да му роди син на англискиот крал Хенри VIII. Главно поради таа причина, службениците на кралот барале начин како да биде прекинат нивниот брак со цел Хенри да се ожени за неговата нова љубовница, Џејн Симор. Така, тој бил обвинет дека имал сексуални односи со сестра си. Џорџ Болејн, наводно извршил инцест двапати: еднаш во ноември 1535 година во Вајтхал и уште еднаш наредниот месец во Елтхам.
Џорџ Болејн бил погубен на 17 мај 1536 година. На судењето сведочела неговата сопруга, и се смета дека нејзината одлука била пресудна во донесувањето на смртната пресуда за него и неговата сестра.
|