Прејди на содржината

Џон ле Каре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ле Каре во 2008

Дејвид Џон Мур Корнвел (англиски: David John Moore Cornwell), (Пул, Дорсет, 19 октомври 1931 година - Труро, Корнвол, 12 декември 2020 година), професионално познат како Џон ле Каре (англиски: John le Carré) ― британски[1] писател. Од 1948 до 1949 година студирал странски јазици на Универзитетот во Берн.[2][3] Во текот на 1950-тите и 1960-тите работел за британската Служба за безбедност (MI5) и за Тајната разузнавачка служба (MI6).[4] Ле Каре станал познат по неговите шпионски романи во 1960-тите и за време на петдециниската писателска кариера објавил 22 романи, кои биле преведени на 36 јазици.[5][6] Неговите романи најчесто биле сместени за време на Студената војна (1945–91) и во нив ја обработувал тематиката на борбата меѓу Истокот и Западот,[7] а се вртеле околу ликот на тајниот агент Џорџ Смајли. Од 1990-тите Ле Каре почнал да пишува и на други теми како што е испреплетеноста на политиката и економијата.[8] Неговите дела биле продадени во 60 милиони примероци во светски рамки, а многу од неговите романи биле адаптирани во филмови и серии. Некои од нив се: Шпионот кој дојде со студот (1965), Руска куќа (1990), Панамскиот кројач (2001), Внимателниот градинар (2005), Крпар, кројачот, војник, шпион (2011 ), Ноќниот менаџер (2016). Ле Каре бил разочаран од исходот на гласањето за Брегзит во 2016 година за напуштање на Британија на Европската унија и непосредно пред неговата смрт зел ирско државјанство.[9][10][11]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. „John le Carré: Irish citizenship a 'small salute' to my grandmother“. BBC News. 16 December 2020. Посетено на 8 June 2024.
  2. Anthony, Andrew (1 November 2009). „Observer Profile: John le Carré: A Man of Great Intelligence“. The Observer. Архивирано од изворникот на 18 August 2017. Посетено на 4 March 2010.
  3. „Cornwell, David John Moore, (John Le Carré), (19 Oct. 1931–12 Dec. 2020), writer“. WHO'S WHO & WHO WAS WHO (англиски). doi:10.1093/ww/9780199540884.013.u11935. ISBN 978-0-19-954088-4. Посетено на 2021-04-15.
  4. Harding, Luke (2 September 2016). „John le Carré: I was beaten by my father, abandoned by my mother“. The Guardian. Посетено на 26 October 2022.
  5. Tayler, Christopher (25 January 2007). „Belgravia Cockney“. London Review of Books. 29 (2): 13–14. ISSN 0260-9592. Посетено на 14 December 2020.
  6. Brennan, Zoe (2 April 2011). „What Does John Le Carré Have to Hide?“. The Daily Telegraph. ISSN 0307-1235. OCLC 49632006. Посетено на 14 December 2020.
  7. Holcombe, Garan (2006). „Contemporary Writers“. British Council. Архивирано од изворникот на 4 June 2011. Посетено на 4 March 2010.
  8. le Carré, John (2016). „Official visit“. The Pigeon Tunnel. Stories from My Life. Viking. ISBN 978-0-241-97687-6.
  9. O'Toole, Fintan (1 April 2021). „John le Carré 'died an Irishman' after gaining citizenship, son says“. The Irish Times. Посетено на 1 April 2021.
  10. „John Le Carré got Irish citizenship following Brexit vote“. Raidió Teilifís Éireann. 1 April 2021. Посетено на 1 April 2021.
  11. Sands, Philippe (1 April 2021). „Why my friend John le Carré, chronicler of the English, died an Irish citizen“. The Times. Посетено на 1 April 2021.