Прејди на содржината

Џони Матис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џони Матис
Џони Матис на концерт во 2006 година
Животописни податоци
Родено имеЏон Ројс Матис
Роден(а)30 септември 1935(1935-09-30)(89 г.)
Гилмер, Тексас, САД
ПотеклоСан Франциско, Калифорнија, САД
Жанрови
ЗанимањаПејач
Период на активност1956–денес
Издавачи
Мреж. местоjohnnymathis.com

Џон Ројс Матис (англиски: John Royce Mathis; роден на 30 септември 1935) ― американски пејач на забавна музика. Кариерата ја започнал во 1956 година и станал многу популарен изведувач во САД. Неколку десетици негови албуми биле продадени во златен или платинест тираж, а 73 албуми се пласирале на Билбордовите топ-листи. Матис добил Греми награда за животно дело, а три негови песни се примени во Гремиевата куќа на славата.

Матис, со продадени 360 милиони плочи ширум светот, се наоѓа на трето место меѓу музичарите кои продале најмногу плочи во 20 век.[2] [3] Иако често се смета за пејач на романси, неговите песни содржат елементи на: традиционална поп, латиноамериканска, соул, ритам и блуз, блуз и кантри-музика, а има и неколку диско-песни на неговиот албум Mathis Magic од 1979 година. Матис снимил шест албуми со божиќна музика. Во едно интервју од 1968 година, ги навел Лена Хорн, Нат Кинг Кол и Бинг Крозби меѓу неговите музички влијанија.

  1. Bush, John. „Johnny Mathis > Artist Biography by John Bush“. RhythmOne. AllMusic. Посетено на July 19, 2020. Johnny Mathis concentrates on romantic readings of jazz and pop standards ... from the '70s onwards Mathis began incorporating more varied styles of music into his recordings, including soft rock, R&B and country.[мртва врска]
  2. Gaydos, Steven (2019-01-04). „Johnny Mathis Remembers His Jazz Roots“. Variety. Посетено на 2023-04-17.
  3. „Johnny Mathis“. National Museum of African American History and Culture (англиски). Посетено на 2023-04-17.