Јужен жолтоклун клунорог
Јужен жолтоклун клунорог | |
---|---|
Примерок во националниот парк Етоша | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Модриврани |
Семејство: | Клунорози |
Род: | Клунорог |
Вид: | T. leucomelas |
Научен назив | |
Tockus leucomelas Lichtenstein, 1842 | |
Ареал (сино) |
Јужениот жолтоклун клунорог (науч. Tockus leucomelas) е вид на клунорог кој живее во јужна Африка. Птицата е од средна големина, долга од 48 до 60 cm. Има карактеристичен голем жолт клун со израсток (помал кај женките). Кожата околу очите им е розова. Сродниот источен жолтоклун клунорог кој живее во североисточна Африка, околу очите има црна кожа.
Имаат бел стомачен дел, сив врат и црн грб со мноштво бели точки и пруги. Се хранат главно по земја, и тоа со семки, мали инсекти, пајаци и скорпии. Во суват сезона претпочитаат термити и мравки.
Женките во несат по 3 до 4 бели јајца во гнездо и ги квачат околу 25 дена. Младите израснуваат за 45 дена. Овој вид на клунорог е широко распространет на дувите трнливи полиња и широколисните шумовити предели. Честопати можат да се забележат крај патиштата.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Примерок во пустината Калахари, Боцвана
-
Примерок во националниот парк Кругер, ЈАР
-
Примерок во севернит дел на ловиштето Саби Сенд, ЈАР
Наводи
[уреди | уреди извор]„Јужен жолтоклун клунорог“ на Ризницата ? |
„Tockus leucomelas“ на Викивидовите ? |
- „Tockus leucomelas“. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 11 мај 2006.
- Gordon Lindsay Maclean - Robert's Birds of South Africa, VI издание