Јотабајт (yottabyte, кратенка: YB или ЈБ; изведено од SI-претставкатајота-) е единица за податоци или компјутерско складирање еднаква на септилион (еден квадрилион по долгата скала или 1024) бајти (еден квадрилионгигабајти). Во 2010 г. сè уште не постои систем што може да собере еден јотабајт податоци. Впрочем, збирниот капацитет на сите тврди дискови во целиот свет заедно не изнесува ниту еден јотабајт. Според едно истражување, во 2006 г. сите компјутери на светот заедно имаат капацитет од 160 ексабајти.[1] Проценето е дека во 2009 г. целиот интернет содржел близу 500 ексабајти.[2]
Кога се користи со бајтови содржатели, SI-претставката означува 1000-ти степен:
1.000.000.000.000.000.000.000.000 бајти — 10008, или 1024
Поимот „јобибајт“ (YiB), каде што се користи бинарна претставка, се употребува за соодветниот содржател на 1024.