The Bangles
The Bangles | |
---|---|
The Bangles во 2012 | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како |
|
Потекло | Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Жанрови |
|
Период на активност | 1981–1989, 1998–сега |
Издавачи | |
Мреж. место | thebangles.com |
Членови | |
Сузана Хофс Деби Петерсон Анет Жилинскас Вики Петерсон | |
Поранешни членови | |
Мајкл Стил |
The Bangles ― американска женска поп-рок група основана во Лос Анџелес во 1981 година. Неколку нивни песни се пласирале во топ-10 во САД во текот на 1980-тите, како: „Manic Monday“ (1986), „Walk Like an Egyptian“ (1986), „Hazy Shade of Winter“ (1987), „In Your Room“ ( 1988) и „Eternal Flame“ (1989). [1]
Најпознатиот состав на групата се состоел од основачките членови Сузана Хофс (гитара и вокал), Вики Петерсон (гитара и вокал) и Деби Петерсон (тапани и вокал), со Мајкл Стил (бас и вокал).[2] [3] Во јуни 2018 година, членови на групата биле сестрите Вики и Деби Петерсон, Хофс и басистката и основач на групата Анет Зилинскас.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Основање и први години (1981-1983)
[уреди | уреди извор]Групата The Bangles е основана во Лос Анџелес, Калифорнија во 1981 година, прво под името The Supersonic Bangs, кое подоцна било скратено на The Bangs. Меѓутоа, група од Њу Џерси наречена „The Bangs“ се заканила дека ќе ги тужи, тие го смениле името во The Bangles.[5]
Членови на оригиналната постава на групата биле Сузана Хофс (гитара и вокал), Деби Петерсон (тапани, вокал и бас) и Вики Петерсон (гитара, вокал и бас). Оваа постава снимила сингл-плоча во 1981 година со две песни: Getting Out of Hand и Call on Me.
Следната година на групата ѝ се приклучила Анет Жилинскас како басист. Со Жилинискас, тие снимиле ЕП под наслов Bangles (1982). Во 1983 година Жилинскас ја напуштила групата и била заменета со Мајкл Стил, која претходно свирела во групата The Runaways.[6][7]
Врв на кариерата (1984-1989)
[уреди | уреди извор]Прв студиски албум на групата бил All Over the Place, издаден во 1984 година. Албумот добил добри критики, а на спотот за песната „Liverpool“ се појавува Леонард Нимој, што на групата ѝ помогнало да стекне поголем публицитет.[8] Сето ова го привлекло вниманието на Принс, кој им ја понудил песната Manic Monday (првобитно напишана за неговата група Аppolonia 6). Со оваа песна стигнале до место бр. 2 на топ-листите во САД.
Во јануари 1986 година, групата го објавила вториот албум, Different Light, на кој биле вклучени песните Manic Monday и Walk Like an Egyptian, со кој групата забележила голем успех на сите радио станици и на MTV; албумот стигнал до второ место на Билборд 200.[9]
Во 1988 година го објавиле албумот под наслов Everything. Албумот бил продаден во мултиплатинест тираж, а на него се наоѓа и најпродаваниот сингл на Bangles, Eternal Flame.
Eternal Flame станал нивен најголем светски хит и најпродаван сингл од целосно женска група во историјата на музиката.[10] Хофс била гола кога ја снимала песната, откако претходно Сигерсон (продуцентот на албумот) ја убедил дека Оливија Њутн-Џон нејзините најдобри изведби ги снимала сосема гола.[11][12]
Распаѓање (1989)
[уреди | уреди извор]Меѓу членовите на групата се јавиле несогласувања откако медиумите од музичката индустрија почнале да ја издвојуваат Хофс како главна пејачка на групата. Всушност, должностите за пеење на албумите биле поделени меѓу членовите на групата, а секој член напишал или ко-пишувал песни. Групата се распаднала во 1989 година.[13][14] Хофс започнала со соло кариера, а Вики Петерсон била на турнеја како член на Continental Drifters и на Go-Go's.[15] Мајкл Стил се приклучила на групата Crash Wisdom, а додека Деби Петерсон се придружила на Siobhan Maher во краткиот проект наречен Kindred Spirit.
Повторно обединување (1998-денес)
[уреди | уреди извор]Бендот пополека почнал да се обединува во 1998 година,[16] и официјално се регрупирал за да сними песна за саундтракот од филмот Остин Пауерс: Шпионот кој ме легна, по налог на режисерот на филмот Џеј Роуч (кој се оженил со Хофс во 1993 година ).[17][18] Песната од тој албум „Get the Girl“ била објавена во 1999 година. Во 2000 година имале заедничка турнеја. Подоцна истата година, групата била примена во Куќата на славата на вокалните групи. Во текот на 2001 и 2002 година, тие го снимале албумот Doll Revolution, а бил издаден на почетокот од 2003 година.[19]
Во 2005 година, Мајкл Стил ја напуштила групата поради спорови околу турнеите и снимањето. Стил била заменета со басистката од нивните турнеи Аби Тревис.[20] Тревис била отпуштена во 2008 година.[21] [22]
Во септември 2011 година бил објавен албумот Sweetheart of the Sun, [23] при што групата повторно е трио, како и во нејзините почетоци. Песната Ana Lee (Sweetheart of the Sun) е најистакната песна од оваа продукција, која вклучува и две верзии на песни од други групи: едната направена од песната Sweet and Tender Romance, од британската женска група The McKinleys, од 1964 година, а другата од групата The Nazz: „Open my Eyes", од 1968 година, напишана од Тод Рандгрен.
Првата басистка Анет Жилинскас започнала да настапува со групата за одредени емисии во живо во 2014 година и повторно се приклучила на групата во 2018 година. Ова било прв пат првобитните четири основачи на Bangles да свират заедно од 1983 година.[4]
Членови
[уреди | уреди извор]Тековни членови
[уреди | уреди извор]- Сузана Хофс – ритам гитара, водечки и придружни вокали (1981–1989, 1998–денес)
- Деби Петерсон – тапани, водечки и придружен вокал, акустична гитара, перкусии (1981–1989, 1998–денес)
- Анет Жилинскас – бас гитара, повремени придружни вокали, хармоника (1981–1983, 2014, 2018–денес) [4]
- Вики Петерсон – водечка гитара, водечки и придружни вокали (1981–1989, 1998–денес)
Поранешни членови
[уреди | уреди извор]- Мајкл Стил – бас гитара, водечки и придружен вокал, акустична гитара (1983–1989, 1998–2005)
Времеплов
[уреди | уреди извор]Дискографија
[уреди | уреди извор]Студиски албуми
- All Over the Place (1984)
- Different Light (1985)
- Everything (1988)
- Doll Revolution (2003)
- Sweetheart of the Sun (2011)
Награди и номинации
[уреди | уреди извор]Year | Awards | Work | Category | Result |
---|---|---|---|---|
1987 | Британски музички награди | Самите | Најдобра меѓународна група | Победник |
Smash Hits Poll Winners Party | Најнадежен нов изведувач[24] | Номинација | ||
Американски видео награди | "Walk Like an Egyptian" | Најдобра изведба од група | Победник | |
МТВ Видео Музички Награди | Најдобро видео од група | Номинација | ||
Најдобра кореографија | Номинација | |||
1988 | "Hazy Shade of Winter" | Најдобро видео за филм | Номинација | |
Nickelodeon's Kids Choice Awards | Самите | Омилена музичка група | Номинација | |
Награди од конценртната индустрија Полстар | Следен поголем пополнувач на стадиони | Номинација | ||
1989 | Победници на анкетата на Smash Hits | Најдобра група[25] | Номинација | |
1990 | ASCAP Pop Music Awards | "Eternal Flame" | Најизведувана песна[26] | Победник |
2015 | She Rocks Awards | Самите | Награда за животно дело | Победник |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Bangles“. OfficialCharts.com. The Official UK Charts Company. Посетено на October 8, 2019.
- ↑ „Bangles | Biography & History“. AllMusic.
- ↑ „The Bangles' Debut Album 'All Over the Place' Turns 35 | Anniversary Retrospective“. Albumism. May 21, 2019.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Larsen, Peter (June 16, 2018). „Susanna Hoffs talks about the Bangles playing Arroyo Seco Weekend and that band's random connection to headliner Robert Plant“. Pasadena Star News. Посетено на July 21, 2018.
- ↑ DeYoung, Bill (1 April 2019). „Meet The Bangles“. Архивирано од изворникот на 1 April 2019. Посетено на 23 December 2021.
- ↑ DeYoung, Bill (22 August 2012). „The Bangles: California Dreamin'“. Архивирано од изворникот на 22 August 2012. Посетено на 23 December 2021.
- ↑ „About chart-topping band The Bangles“. THE BANGLES (англиски). Посетено на 23 December 2021.
- ↑ Vare, E.A. (October 31, 1984). „Spock Beams Down for Bangles' Video“. The Dispatch. Посетено на June 13, 2011.
- ↑ Dickerson, Jim (December 1987) "The Bangles: You Have to Enjoy it While It's There," Nine-o-One, pp. 20–23.
- ↑ Stichting Nederlandse Top 40, 500 Nr. 1 hits uit de Top 40, page 261, 9023009444
- ↑ Soundtrack to My Life, Series 3, Hosted by Cat Deeley, interview with Vicki and Debbi Peterson and Susanna Hoffs
- ↑ Fleming, Amy (May 3, 2021). „'I did the vocals in the nude' – the Bangles on how they made Eternal Flame“. The Guardian (англиски). Посетено на May 29, 2021.
- ↑ Lynskey, Dorian (March 14, 2003). „Interview: The Bangles“. Theguardian.com.
- ↑ „No more manic Mondays“. The Sydney Morning Herald. September 5, 2005.
- ↑ The Rolling Stone Encyclopedia of Rock & Roll p. 47. Fireside, 2001.
- ↑ Trunk, Russell (2011). „Anne Carlini – Exclusive Magazine“. annecarlini.com. Архивирано од изворникот на August 4, 2011. Посетено на June 13, 2011.
By 2000 we had already starting playing live shows and becoming more visible. We had been kinda working behind the scenes for a year and a half before that.
- ↑ „The Story of The Bangles“. Архивирано од изворникот на February 20, 1999. Посетено на August 11, 2010.
- ↑ „Susanna Hoffs | Biography & History“. AllMusic.
- ↑ „Et Cetera – People“. Indiana Gazette. Indiana, PA. AP. July 31, 2004. Посетено на April 23, 2016.
- ↑ Blackman, Guy (November 6, 2005). „Bangles shake again“. The Age. Melbourne, Australia. Посетено на November 26, 2009.
- ↑ Cokyuce, Ozgur. „Abby Travis Interview October 08“. www.punkglobe.com. Посетено на 23 December 2021.
- ↑ Aji, Shira (30 September 2021). „Burning an Eternal Flame: The Bangles' Influences and Legacy“. Musicoholics. Посетено на 23 December 2021.
- ↑ „Gracie Gossip“. TheBangles.com. February 4, 2009. Архивирано од изворникот на June 10, 2009.
- ↑ „Articles On Smash Hits“. Smash Hits Magazine Remembered. Архивирано од изворникот на 2018-08-24. Посетено на 2024-01-17.
- ↑ „Articles On Smash Hits“. Smash Hits Magazine Remembered. Архивирано од изворникот на 2019-07-21. Посетено на 2024-01-17.
- ↑ „Cash Box“ (PDF). Worldradiohistory.com. 1990-06-23. Посетено на 2022-03-01.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- The Bangles — AllMusic (англиски)
- The Bangles страница на Куќата на славата на вокалните групи
- Интервју за Hard Times, мај 1984
|