Iron Maiden
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Iron Maiden | |
---|---|
Од лево на десно : Steve Harris, Dave Murray, Janick Gers и Adrian Smith за време на настап во 2006. пејачот Bruce Dickinson и тапанарот Nicko McBrain не се гледаат | |
Животописни податоци | |
Потекло | Лејтон,Источен Лондон, Англија |
Жанрови | Хеви метал |
Период на активност | 1975 — денес |
Издавачи | EMI Sanctuary Columbia Portrait Capitol Epic CMC International |
Соработници | Blaze ASAP Wolfsbane Пол Ди'Ано Urchin The Untouchables Psycho Motel Lauren Harris Samson Trust McBrain Damage |
Мреж. место | http://www.ironmaiden.com |
Членови | |
Steve Harris Dave Murray Nicko McBrain Bruce Dickinson Adrian Smith Janick Gers | |
Поранешни членови | |
Clive Burr Paul Di'Anno Blaze Bayley Dennis Stratton Doug Sampson Paul Cairns Paul Todd Dave Mac Tony Parsons Dennis Wilcock Terry Wapram Thunderstick Tony Moore Ron Matthews Bob Sawyer Terry Rance Paul Day Dave Sullivan |
Iron Maiden е британски хеви метал бенд од источен Лондон. Бендот е формиран од басистот Steve Harris ,кој пред тоа бил член на бендовите Gypsy's Kiss и Smiler. Тие се еден од најуспешните и највлијателни бендови во хеви металот, со продадени над 100 милиони примероци од нивните албуми ширум светот. Името е добиено по средновековна справа за мачене од 17 бек, откако Стив го гледал Man in the Iron Mask. Досега имаат издадено 14 студиски албуми, 5 live и 5 best of албуми. Моменталниот состав на бендот е Steve Harris - бас, Bruce Dickinson - вокал, Dave Murray - гитара, Adrian Smith - гитара, Janick Gers - гитара и Nicko McBrain - тапани.
Историја
Почетоци (1975–1978)
Формирани од Стив Харис на 25 декември 1975, кратко откако тој ја напуштил групата Smiler. Steve Harris и Dave Murray се најдолго членови на бендот, уште од самите почетоци па се до ден денес. Првиот вокал Paul Day бил исфрлен од бендот поради недостаток од енергија и харизма на сцена. Заменет е од Dennis Wilcock, фан на Kiss, кој употребувал оган, шминка, лажна крв за време на настапите. Пријателот на Wilcock Dave Murray се придружил на бендот по неуспехот на гитаристите Dave Sullivan и Terry Rance.
Во 1977 новиот гитарист Bob Sawyer ќе предизвика судир помеѓу Murray и Wilcock, па Харис ќе ги избрка и Murray и Sawyer. Лошиот настап на една свирка во ноември 1977 со Tony Moore на клавијатури, Terry Wapram гитара и Barry Purkis на тапани резултирал со тоа што Стив го избркал цел бенд. Потоа Dave Murray се враќа, а Doug Sampson станува новиот тапанар.
Патот до Славата (1978-1981)
На аудиција во Red Lion pub во Leytonstone Paul Di'Anno станува новиот вокалист. Стив ќе изјави дека има нешто посебно во неговиот глас.
Свиреле 3 години но немале ништо издадено. На Нова Година 1978 ќе издадат демо The Soundhouse Tapes кое иако само со 3 песни ќе се продаде во 5 000 примероци за само една недела. Песната "Prowler" ќе се искачи на првото место на топ листата на списанието Sounds. Нивното прво појавување на албум било во компилацијата Metal for Muthas со две рани верзии на "Sanctuary" и "Wrathchild".
Во 1979 гитаристот Paul Cairns се приклучува на бендот, но го напушта кратко пред да снимаат во студио. Неколку гитаристи биле на проба се додека одлуката не падне на Dennis Stratton. Бендот сакал да го земе другарот на Murray, Adrian Smith но тој бил зафатен со неговиот тогашен бенд Urchin. Исто така тапанарот Doug Sampson бил заменет со Clive Burr (донесен од Stratton). Во декември 1989 бендот потпишува значаен договор со издавачката куќа EMI.
Iron Maiden - 1980 , прв студиски албум
Iron Maiden во 1980 година го издава истоимениот албум Iron Maiden кој го достигнува 4то место на UK Albums Chart после првата недела на продажба, со што групата станува една од главните протагонисти на New Wave of British Heavy Metal движењето. После Британската турнеја бендот настапува како предгрупа на Kiss на нивната Unmasked Tour европска турнеја а исто така свират и со Judas Pries на неколку наврати. После турнејата со Kiss, Dennis Stratton е избркан од бендот поради креативни и лични разлики со останатите членови. На негово место доаѓа Adrian Smith во октомври 1980.
- "Prowler"
- "Remember Tomorrow "
- "Running Free"
- "Phantom of the Opera"
- "Transylvania"
- "Strange World"
- "Charlotte the Harlot"
- "Iron Maiden"
Killers - 1981 , втор студиски албум
Во 1981 бендот го објавува својот втор албум Killers. Овој албум содржи многу песни кој биле веќе напишани но се сметале за вишок. Само две песни се додатно напишани за овој албум и тоа "Prodigal Son" и "Murders in the Rue Morgue". Албумот ќе се најде на не толку високото 14 место на UK Albums Chart. Главно како омилени песни на фановите се издвојуваат "Wrathchild", "Prodigal Son", "Killers" но има и песни со книжевно значење како "Murders in the Rue Morgue" базирана на делото од Едгар Алан По.
- "The Ides of March"
- "Wrathchild"
- "Murders in the Rue Morgue"
- "Another Life"
- "Genghis Khan"
- "Innocent Exile"
- "Killers"
- "Prodigal Son"
- "Purgatory
- "Drifter"
- Во сите песни како автор се јавува Стив Харис
Златните Години (1981-1985)
The Number of the Beast - 1982 , трет студиски албум
Во 1981 Пол Ди`Ано се занимавал со користење прекумерни количества на кокаин, што се одразило на неговото однесување на сцената, во времето кога бендот забележувал голем успех на Американската сцена. На крајот на 1981 бендот го брка Ди`Ано и почнува со барање на нов вокал.
Bruce Dickinson кој пред тоа бил член на Самсон, се пријавува на аудиција и брзо се приклучува на бендот. Потоа оди на мини турнеја за да се претстави, а како најава за следниот албум бендот ги свири "Children of the Damned", "Run to the Hills", "22 Acacia Avenue" и "The Prisoner", со што пред фановите го презентира новиот звук со кој бендот чекори напред.
Дебито на Дикинсон е со албумот The Number of the Beast кој го достигнува првото место на UK Albums Chart, а исто така е во топ 10 албуми ширум светот. За втор пат бендот оди на светска турнеја и ги посетува Америка, Канада, Јапонија, Австралија.
Покрај носечката трака на албумот која беше најпопуларна покрај својата контроверза, се издвојуваат другите хитови од типот на "Run to the Hills", "22 Acacia Avenue", "Hallowed Be Thy Name"... Исто така има песни со историско и книжевно значење како што се "Children of the Damned" базирана на истоимениот филм и "The Prisoner" базирана на истоименото тв-шоу.
- "Invaders"
- "Children of the Damned"
- "The Prisoner"
- "22 Acacia Avenue"
- "The Number of the Beast"
- "Run to the Hills"
- "Gangland"
- "Total Eclipse"
- "Hallowed Be Thy Name"
Piece of Mind - 1983 , четврт студиски албум
Во 1982 тапанарот Клиф Бур ќе го напушти бендот поради лични проблеми. Заменет е со Nicko McBrain. Кратко потоа во 1983 ќе го издадат Piece of Mind.
Две највпечатливи песни од албумот се "The Trooper" и "Flight of Icarus", двете издадени како синглови. Песни инспирирани од книжевни дела во алмумов се "Where Eagles Dare", "The Trooper", "To Tame A Land".
- "Where Eagles Dare"
- "Revelations"
- "Flight of Icarus"
- "Die With Your Boots On"
- "The Trooper"
- "Still Life"
- "Quest for Fire"
- "Sun and Steel"
- "To Tame a Land"
Powerslave - 1984 , петти студиски албум
По успехот на Piece of Mind, бендот ќе го објави Powerslave во септември 1984. Фановите како омилени би ги издвоиле "2 Minutes to Midnight", "Aces High", "Rime of the Ancient Mariner" - базирана на Колдриџовата истоимена поема. Песната трае над 13 ипол минути и е најдолгата песна на Мејден досега.
Турнејата на овој албум со име World Slavery Tour е најголемата турнеја на бендот дотогаш со 220 настапи за 13 месеци и воопшто една од најголемите музички турнеи. Оваа турнеја беше исцрпувачка за бендот, па затоа им требаа цели 6 месеци одмор, одмор за прв пат во историјата на бендот.
- "Aces High"
- "2 Minutes to Midnight"
- "Losfer Words (Big 'Orra)"
- "Flash of the Blade"
- "The Duellists"
- "Back in the Village"
- "Powerslave" (Dickinson)
- "Rime of the Ancient Mariner"
„Iron Maiden“ на Ризницата ? |