Во 1603, кнежевството Анхалт-Кетен било создадено, кога кнежевството Анхалт било поделено во пет делови. Во 1655 година, било споено со Анхалт-Плецкау и во 1807 станало војводство. Во 1847 било поеделено помеѓу Анхалт-Десау и Анхалт-Бернбург и во 1853 припоено кон Анхалт-Десау да го формира војводството Анхалт-Десау-Кетен.
Кога во 1863, некои делови на Анхалт се обединиле, округот бил создаден. Најпрвин, округот Dessau-Köthen ја покривал околината околу двата слободни града Десау и Кетен. Во 1950, градот Кетен бил додаден кон округот и бил назначен како негов главен град. Како последица на реформата на окрузите во 2007, областа била припоена кон новиот округ Анхалт-Битерфелд со градот Кетен како негов главен град.
Левата половина на грбот покажува крило, кое било симбол на семејството Von Cöthen, кои можеби го основале замокот Кетен во 12-от век. Семејството постоело во 14-от век. Десната срана покажува палма, која е симболот на палмскиот ред (меѓутоа, неговата официјално име било Fruchtbringenden Gesellschaft - друштво за одгледување на овошје). Овој ред бил основан од принцот Лудвиг фон Анхалт-Кетен во 1617 и бил друштво на благородници, научници и поети. Неговата главна цел била грижата за германскиот јазик. Меѓутоа, друштвото престанало да постои во 1680 година.