Христо Ќуркчиев
Христо Ќурчиев | |
---|---|
Портрет на Христо Ќурчиев | |
1-ви Градоначалник на Крушево | |
На должноста 3 август 1903 – 13 август 1903 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1872 г. Крушево, Отоманско Царство |
Починал(а) | 1941 г. Софија, Царство Бугарија |
Занимање | чевларство |
Христо Ќурчиев (роден во 1872 година во Крушево, починал во 1941 година во Софија) бил еден од шестте членови на Привремената влада на Крушевската Република и првиот и единствен градоначалник во Крушевската Република.
Животопис
Христо Ќурчиев е роден во 1872 година во градот Крушево, тогаш Отоманско Царство. По потекло е Македонец, неговиот дедо Трајчо Стрезов бил од селото Бучин, Крушевско, но од таму со целата фамилија се преселил во Крушево. Ќурчиев образованието го има завршено во Солунската машка гимназија каде што научил течно да зборува на француски јазик.[1] Пред да се подигне востанието се знимавал со чевларство.
Во Крушевската Република
Веднаш по прогласувњаето на Крушевската Република се дала иницијатива за формирање на Привремена влада. Во неа влегле шестмина граѓани на Крушево, меѓу кои и Христо Ќурчиев. Секој од нив добил функција според нивното искуство, па така Ќурчиев бил назначен за градоначалник, при што неговата функција била и да раководи со градската милиција.
Падот на Крушевската република и убиството на Ќурчиев
По падот на републиката и заземањето на Крушево и Крушевско од османлиската војска,во 1904 година заедно со Димитар Секулов биле пресретнати од турскиот аскер на патот помеѓу Крушево и Прилеп.Христо Ќурчиев бил мачен и убиен и не пристигнал жив кај Бахтијар паша во Битола.
Наводи
- ↑ „Ден спроти Илинден: Кој бил најобразованиот во Крушевската Република?“. Факултети. 1 август 2017. Посетено на 25 ноември 2017.