Прејди на содржината

Табличка од Киш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Табличката од Киш, 3500 г. п.н.е.; најстариот познат текст. Ешмоловиот музеј.
Пример за текст на сумерски јазик.

Табличката од Киш е табличка од варовник пронајдена во Тел ал-Ухајмир, провинцијата Вавилон, Ирак – местото на античкиот сумерски град Киш. Реплика од гипс на овој артефакт денес се чуваво колекцијата на музејот Ешмола.

Табличката од Киш е испишана со клинесто писмо, а се смета дека потекнува од околу 35 век п.н.е. (средниот Урук период). некои научници сметаат дека потекнува од подоцнежен период – четвртиот Урук период (околу 3350–3200 г. п.н.е.).[1] Неколку илјади документи со првобитното клинесто писмо што датираат од четвртиот и третиот Урук период (околу 3350–3000 г. п.н.е.) се пронајдени во Урук.

Текстот е пиктографски, и го претставува преодниот период меѓу првото клинесто писмо и појавата на делумно слоговно пишување. Периодот на „првото клинесто писмо“ во Египет и Месопотамија се протега од 3500 до 2900 г. п.н.е. Административните текстови од периодот Џемдет Наср (3100–2900 г. п.н.е.), најдени во Џемдет Наср и Тел Укар го претставуваат понатамошниот стадиум во развојот на првобитното клинесто писмо, но сепак не можат со сигурност да се идентификуваат дека се напишани на сумерски јазик.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Hayes, John L., 1990 A Manual of Sumerian Grammar and Texts, Undena Publications, p.266
  2. Woods, Christopher (2010), „The earliest Mesopotamian writing“, Во Woods, Christopher (уред.), Visible language. Inventions of writing in the ancient Middle East and beyond (PDF), Oriental Institute Museum Publications, 32, Chicago: University of Chicago, стр. 33–50, ISBN 978-1-885923-76-9, Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-08-26, Посетено на 2017-12-31
  • A. C. Moorhouse, The Triumph of the Alphabet: A History of Writing
  • Langdon, Pictographic Inscriptions from Jemdet Nasr
  • Peter N. Stearns, The Encyclopedia of World History (2001), ISBN 978-0-395-65237-4.