Немањиќи
Немањиќи Немањић | |
---|---|
Претходна династија | Вукановиќи |
Земја | Србија: |
Прпадност | Срби |
Основана | 1166 |
Основач | Стефан Немања |
Последен владетел | Стефан Урош V |
Титули |
|
Имот | Рашка, Дукља-Зета, Травунија, Далмација и Захумлље |
Распад | 1371 (види: Распад на Српското Царство) |
Следни гранки |
Немањиќи (српски: Немањић) — српска династија од средниот век. Династијата владеела со Србија повеќе од два века и со освојувањата во нивното време Србија го доживеала најголемото територијално проширување. Династијата е наречена по Стефан Немања I, кој бил нејзин основоположник.[1] По машка линија бил поврзан со Вукановиќи, а по женска линија бил поврзан со Воиславлевиќи. Династијата имала единаесет директни владетели, а можеби по женска линија се продолжила и во склоп на династијата Лазаревиќи. Бидејќи династијата Лазаревиќи била роднински поврзана со династијата Бранковиќи, кои владееле до првата половина на 16 век, постои можност да по женска линија и Бранковиќите биле потомци на Немањиќи.
Србија за време на Немањиќи
[уреди | уреди извор]Српската држава го доживеала својот врв во средниот век за време на династијата Немањиќи. Српското Кралство било прогласено во 1217 година, а Српската архиепископија за автокефална во 1219 година.[1] Истата година Сава Немањиќ го објавил и Номоканон или Законоправило на Свети Сава.
Стефан Душан се прогласил за цар во 1346 година.[1] Во текот на неговото владеење, Србија постигнала најголем просперитет во политичкиот и стопанскиот развој и најголемо територијално проширување. Царот Душан го донел Душановиот законик, отворил нови трговски патишта и го зацврстил стопанството на земјата. Заедно со Папа Инокентиј IV и со Венецијанската Република, тој се обидел да организира крстоносна војна против Турците, меѓутоа починал во декември 1355 година.[2] Го наследил синот Урош Несилниот, за време на чие владеење државата била вовлечена во анархија. Во овој период започнал и подемот на Османлиското царство, кое се проширило од Мала Азија кон Европа.[1]
Грб
[уреди | уреди извор]Грбот бил претставен со двоглав бел орел на црвено поле кој бил преземен од византискиот грб на династијата Палеолог. Двоглавиот орел, кој бил присвоен од византиската култура, брзо станал симбол и на српските кралеви и на српската држава. Тој грб може да се види на каталонската мапа од 1339 година, каде престолнината на цар Душан е означена со бел двоглав орел, а истиот симбол се наоѓа и во манастирот Љевишка. Металниот шлем бил омилен дел од грбот на српското благородништво, често бил присутен на металните пари од тој период, а се употребувал и како грб, но без штит.
Наследство на династијата
[уреди | уреди извор]Сите српски владетели од династијата Немањиќи оставале позади себе наследство како цркви, манастири, за да ја покажат својата величина.
Меѓу бројните манастири кои тие ги изградиле се: Жича, Студеница, Милешева, Сопоќани, Хиландар, Грачаница, Свети Арханѓели, Бањска, Високи Дечани и други.
Стефан како заедничко владетелско име на династијата Немањиќи
[уреди | уреди извор]Како основоположник на династијата во пишаните извори се смета Стефан Немања. Неговото лично име било Немања, а името Стефан настанало од грчкото име Стефанос (Στεφανοσ) т.е. „оној кој е крунисан“ и токму поради таа причина ова име му било додадено на личното име. Сите негови наследници кои владееле или биле одредени за наследници исто така го носеле името Стефан во смисла на „крунисан владетел“. Покрај владетелското име Стефан, сите имале и лично име. Затоа и сите наследници на Стефан Немања I, еднакво се нарекуваат Стефан Немањиќи.
Сите Немањиќи во пишаните документи, повелби по правило се потпишувале само со заедничкото владетелско име Стефан, а нивните лични имиња биле ретко ставани. Според пишувањето на Свети Сава во Студеничките записи, неговиот среден брат кој во 1196 година најверојатно го наследил својот татко се викал исто како него – Стефан Немања.[3] Денес, кај сите историчари тој се јавува само под заедничкото име Стефан Немањиќ или како Стефан Првовенчани и никој не го нарекува по неговото лично име Немања II.[4]
Владетелската лоза на Немањиќи
[уреди | уреди извор]Династијата имала единаесет владетели, и најголем дел од нив Српската православна црква ги канонизирала и затоа целата династија се нарекува Светородна. Владетелите од семејството Немањиќ владееле со Србија од 1166 до 1371 година. Владетелите се:
- големиот жупан Стефан Немања I, голем жупан од 1165/66—1196.
- кралот Стефан Првовенчани (Стефан Немања II), голем жупан 1196-1217, крал на Србија 1217-1227. (со прекини)
- кралот Стефан Радослав, крал на Србија 1227-1233/34.
- кралот Стефан Владислав, крал на Србија 1233/34—1241/42.
- кралот Стефан Урош I, крал на Србија 1241/42—1276.
- кралот Стефан Драгутин, крал на Србија 1276-1282, подоцна и крал на Срем 1284-1316.
- кралот Стефан Урош II Милутин, крал на Србија 1282-1321.
- кралот Владислав II, 1316. и 1321-1325. крал на Срем и непризнаен крал на Србија 1321-1324.
- кралот Стефан Урош III Дечански, крал на Србија 1321-1331.
- кралот Стефан Урош IV Душан, крал на Србија 1331-1346, цар на Србите, Бугарите и Грците 1346-1355.
- царот Стефан Урош V Несилниот, цар на Србија 1355-1371.
Други владетели:
- големиот жупан Вукан Немањиќ, непризнаен голем жупан 1202-1204/05.
- кралот Константин Немањиќ, непризнаен крал 1321-1322.
- царицата на Бугарија Ана Неда, намесник на синот Иван Стефан 1330-1331.
- царот Симеон (Синиша) Урош Палеолог, цар на Епир 1359-1366, цар на Тесалија 1359-1371.
- царот Јован Урош Палеолог, цар на Епир 1371-1372.
- кнегиња Милица Хребељановиќ, намесник на синот Стефан 1389-1393.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Maksimovic, Lj. i Mihaljcic, R. (1983). Srednji vek i renesansa. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 67–75.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Fine, John V. A.; Fine, John Van Antwerp (1994). The Late Medieval Balkans: A Critical Survey from the Late Twelfth Century to the Ottoman Conquest (англиски). University of Michigan Press. ISBN 0472082604.
- ↑ „АСК - АНТОЛОГИЈА СРПСКЕ КЊИЖЕВНОСТИ“. www.antologijasrpskeknjizevnosti.rs. Архивирано од изворникот на 2018-12-07. Посетено на 2018-05-04.
- ↑ Logos, Aleksandar. „ISTORIJA SRBA, I, Beograd 2017.pdf“ (PDF) (англиски). Наводот journal бара
|journal=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]ќи (српски) * Родословното стебло на Немањиќи (англиски)
- Српски средновековни владетели (англиски)
- Српски средновековни владетели – Светители (српски)
- Јован Б. Маркуш: Родословни стебла на српските династии од Зета и Црна Гора, Цетиње 2004 година. (српски)
- "Таму, далеку... во Епир" Архивирано на 6 октомври 2011 г. (Политикин Забавник)