Штефан Фрај
Штефан Фрај | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Штефан Фрај | ||
Роден на | 20 април 1986 | ||
Роден во | Алтштетен, Швајцарија | ||
Држава |
Швајцарија САД (од 2017) | ||
Висина | м | 1,91||
Позиција | голман | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Сиетл Саундерс | ||
Број | 24 | ||
Младинска кариера | |||
Калифорнија Голден Беарс | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2006 | С.Ф. Силс | 6 | (0) |
2007-2008 | Сан Хосе Фрогс | 18 | (0) |
2009-2013 | Торонто | 82 | (0) |
2014- | Сиетл Саундерс | 164 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
Швајцарија 15 | 1 | (0) | |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Штефан Фрај (роден на 20 април 1986 година во Алтштетен) — швајцарски фудбалер, голман на Сиетл Саундерс.
Целата своја кариера ја има поминато играјќи за екипи од САД, во УСЛ и МЛС.
Животопис
[уреди | уреди извор]Штефан е братучед на поранешниот фудбалер - капитен и најдобар стрелец на сите времиња на швајцарската репрезентација - Александер Фрај, кој настапувал на позицијата напаѓач и поголемиот дел од својата кариера го поминал играјќи за Базел, клуб во кој денес работи како тренер во младинските категории.[1]
На 13 јуни 2017, Фрај на Твитер објавил дека официјално се здобил со американско државјанство.
Колеџ и рани години
[уреди | уреди извор]Фрај се преселил од Швајцарија во САД кон крајот на 90-тите, и посетувал настава во средното училиште Де Ла Сејл во Конкорд, Калифорнија, и играл колеџ фудбал на Универзитетот на Калифорнија во Беркли. За време на својте колеџ денови, Фрај исто така играл и за екипите Сан Франциско Силс и Сан Хосе Фрогс во УСЛ развојната лига.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]ФК Торонто
[уреди | уреди извор]Фрај бил избран за МВП на MLS Player Combine 2009 во Форт Лодердејл, и потпишал договор со Генерација Адидас. Тој бил драфтуван во првата рунда (13-ти пик) на МЛС Супер Драфтот 2009 од ФК Торонто.[2]
Тој го направил своето професионално деби на 21 март 2009 година, во првиот натпревар на Торонто во МЛС сезоната 2009 против Канзас Сити Визардс,[3] и наскоро се утврдил како прв голман на тимот.[4] Кратко време потоа Фрај бил избран за Играч на месецот на Торонто за април 2009. Фрај исто така ја добил наградата за Одбрана на колото во МЛС за 15-тото коло и потоа уште трипати едноподруго за 24-тото, 25-тото и 26-тото коло од сезоната.
Тој одиграл 3 натпревари за Торонто во Канадското првенство 2009, притоа не примил ниту еден гол и направил неколку клучни одбрани во одлучувачкиот натпревар со кој му помогнал на Торонто да го победи Монтреал Импакт со голема разлика (6-1), која им била неопходна да го минат Ванкувер Вајткапс на табелата со подобра гол-разлика за само еден гол, и да ја освојат нивната прва титула во клупската историја.
На 25 април 2010, Фрај ја сочувал својата прва сува мрежа за сезоната 2010 во победата со 2–0 на домашен терен над Сиетл Саундерс.[5] Фрај имал уште една извонредна сезона како прв голман на Торонто. Тој ја завршил сезоната со 1.32 примени гола по натпревар и 70% одбранети удари кон неговиот во просек, со што ги подобрил сите статистички показатели од неговата дебитантска сезона. На 18 ноември 2010 година, било објавено дека Фреј ќе дипломира на програмот на МЛС Генерација Адидас на крајот на сезоната 2010.[6]
Во јануари 2011, откако Арон Винтер бил назначен за нов тренер на клубот, тој изјавил во едно интервју дека Џулијан Де Гусман, Двејн Де Росарио и Штефан ќе бидат клучните играчи за Торонто во сезоната што надоаѓала и бил импресиониран од квалитетите на Фрај.[7] Својата прва сува мрежа во сезоната 2011 ја забележал во вториот сезонски натпревар, победата на домашен терен со 2–0 над Портланд Тимберс на 26 март; Фрај исто така ја забележал и својата трета асистенција откако играл за Торонто овозможувајќи му на Хавиер Мартина да го постигне вториот гол во натпреварот, кој подоцна бил избран за Гол на колото во МЛС.[8][9] По заминувањето од клубот на капитенот Двејн Де Росарио на почетокот на април 2011, тренерот Винтер го именувал Мајкон Сантос за нов капитен додека Фрај станал заменик капитен. На 13 април против Лос Анџелес Галакси Фрај ја носел капитенската лента за првпат за време на неговиот престој во Торонто поради повредата на Сантос; натпреварот завршил нерешено 0–0.[10] Фрај ги започнал повеќето натпревари во првиот дел од сезоната но се соочил со некој повреди, а по одмарањето во неколку натпревари, резервниот голман Милош Коциќ направил неколку силни настапи создавајќи високо конкурентна средина за позицијата прв голман. На крајот на сезоната било објавено дека Фрај ќе тренира со Ливерпул и ќе се врати во Торонто за пред-сезонските подготовки.[11][12]
Откако го направил своето деби за сезоната 2012 на 7 март против Лос Анџелес Галакси во првиот натпревар од четвртфиналето на КОНКАКАФ Лигата на шампионите 2011–2012, во вториот Фрај останал на клупата а Коциќ добил предност да биде во почетната постава. Многу шпекулации започнале да се појавуваат со гласини дека Фрај ќе биде трејдуван, но следната недела тој за време на тренинг се здобил со скршеница на малата писка.[13] Две недели подоцна, клубот објавил дека Фрај ќе мора да се оперира за да ги поправи лигаментите во левиот глужд, и дека се очекува да биде надвор од акција четири до шест месеци поради што би можел да ја пропушти целата сезона.[14]
По една година закрепнување, Фрај влегол во претсезонските подготовки за сезоната 2013 како прв одбран голман, но сепак претрпел помала повреда на тренинг, со што му дозволил на резервниот голман Џо Бендик да започне во првиот натпревар од сезоната.[15] Бендик продолжил со силни настапи принудувајќи го тренерот Рајан Нелсен да се држи за него како опција помеѓу стативите, а Фрај го заработил својот прв настап по пауза од повеќе од една година во натпреварот против Монтреал Импакт во Канадското првенство на 24 април 2013 година; натпреварот завршил со победа на Торонто од 2-0.
Сиетл Саундерс
[уреди | уреди извор]На 10 декември 2013, Фрај бил трејдуван во Сиетл Саундерс во замена за условен пик на МЛС Супер Драфтот 2015.[16]
Фрај дошол во Сиетл како прв голман на клубот по заминувањето на австриецот Михаел Гспурнинг, кој имал неколку неубедливи настапи во претходната сезона. Своето деби за Саундерс, Фрај го направил на 8 март 2014, во првото коло од новата сезона во МЛС, одржувајќи сува мрежа во победата на домашен терен над Спортинг Канзас Сити со 1-0. Тој бил на голот на Сиетл во сите натпревари од регуларниот дел на сезоната во МЛС, помагајќи му на клубот да го освои MLS Supporters' Shield трофејот и да избори место во плејофот од МЛС купот каде исто така бранел во сите 4 натпревари на својот тим до елиминацијата на Саундерс од Лос Анџелес Галакси во конференциското финале. Фрај бил стандарден и во Купот на САД, пропуштил само еден натпревар оној во петотто коло дозволувајќи му на ветеранот Маркус Ханеман да застане на голот, бранејќи во четвртфиналето, полуфиналето и финалето и примил само два на патот на Сиетл до титулата; прва за него во новиот дрес.
Фрај бил еден од најдобрите голмани во лигата за време на сезоната 2016, сочувувајќи ја својата мрежа празна 8 пати во 33 настапи (бил на делба на четвртото место меѓу голманите во оваа категорија), додека Сиетл се квалификувале за плејофот откако завршиле како четврти во Западната конференција. Тој примил само три гола во плејофот на МЛС купот, одржувајќи четири суви мрежи во шест натпревари во доигрувањето. Во МЛС купот 2016, Фрај бил избран за МВП на натпреварот откако имал седум одбрани во регуларното време и уште една во пенал-завршницата по која Саундерс го добиле финалето со 5–4 на пенали против неговиот поранешен клуб, Торонто, откако по 90 минути и продолженијата натпреварот завршил без голови 0–0; неговата одлучувачка одбрана по ударот со глава на Џози Алтидор во второто продолжение подоцна била опишана од репортерот на MLSSoccer.com Сем Стејскал како "една од најдобрите одбрани во историјата на МЛС купот".[17]
Во текот на сезоната 2017, Фрај уште еднаш се потврдил како еден од најдобрите голмани во лигата: тој започнал 33 натпревари во текот на регуларниот дел од сезона, направил 84 одбрани во текот на годината со 69,4 проценти одбранети удари, примени 1.09 гола во просек по натпревар, а исто така успеал да одржи 13 суви мрежи, што било повеќе од кој било друг голман во лигата. Во плејофот, Фрај направил само четири одбрани на патот кон финалето на МЛС купот, но одржил четири последователни суви мрежи, додека Сиетл стигнал до финалето на МЛС купот без примен гол.[18][19] На 9 декември 2017 година, тој го започнал финалето на МЛС Купот 2017 против неговиот поранешен клуб Торонто на БМО Филд, во "реваншот" на финалето од претходната сезона; Торонто победил во овој натпревар со 2-0 и со тоа го комплетирале треблот со освојување на МЛС купот, MLS Supporters' Shield и Канадското првенство, но Фрај бил пофален од страна на медиумите за неговата изведба во натпреварот, правејќи низа импресивни одбрани за да го задржи резултатот оној почетниот на полувремето, и направил вкупно девет одбрани во рамките на првиот час од натпреварот.[20][21]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Фрај бил дел од швајцарската репрезентација под 15 години.
Во јануари 2017, Фрај бил повикан во кампот на американската репрезентација од Брус Арина.[22] Тој добил американско државјанство во јуни 2017.[23]
Статистика
[уреди | уреди извор]Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 25 март 2017.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2009 | Торонто | МЛС | 26 | 0 | КК | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 29 | 0 |
2010 | МЛС | 28 | 0 | КК | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 30 | 0 | |
2011 | МЛС | 27 | 0 | КК | 4 | 0 | КШЛ | 3 | 0 | - | - | - | 34 | 0 | |
2012 | МЛС | 0 | 0 | КК | 0 | 0 | КШЛ | 1 | 0 | - | - | - | 1 | 0 | |
2013 | МЛС | 1 | 0 | КК | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 3 | 0 | |
Вкупно Торонто | 82 | 0 | 11 | 0 | 4 | 0 | 97 | 0 | |||||||
2014 | Сиетл Саундерс | МЛС | 34+4[24] | 0 | УСКуп | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 41 | 0 |
2015 | МЛС | 31+3[24] | 0 | УСКуп | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 34 | 0 | |
2016 | МЛС | 33+6[24] | 0 | УСКуп | 0 | 0 | КШЛ | 3 | 0 | - | - | - | 42 | 0 | |
2017 | МЛС | 33+4[24] | 0 | УСКуп | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 37 | 0 | |
2018 | МЛС | 33+2[24] | 0 | УСКуп | 0 | 0 | КШЛ | 4 | 0 | - | - | - | 39 | 0 | |
2019 | МЛС | 3 | 0 | УСКуп | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 3 | 0 | |
Вкупно Сиетл Саундерс | 186 | 0 | 3 | 0 | 7 | 0 | 196 | 0 | |||||||
Вкупно во кариерата | 268 | 0 | 14 | 0 | 11 | 0 | 293 | 0 |
Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]Торонто[25]
[уреди | уреди извор]- Канадско првенство (4) : 2009, 2010, 2011, 2012
Сиетл Саундерс[25]
[уреди | уреди извор]- МЛС куп (1) : 2016
- MLS Supporters' Shield (1) : 2014
- Отворен куп на САД (1) : 2014
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Swiss striker Frei has a nose for goal“.
- ↑ „Frei First Goalkeeper Drafted in MLS Super Draft“. calbears.com. Архивирано од изворникот на 8 July 2011. Посетено на 10 March 2009.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 25 March 2009. Посетено на 2009-03-22.
- ↑ Fitzgerald, Tom (11 July 2009). „Former De La Salle and Cal goalkeeper Stefan Frei, now with Toronto FC, is a contender for MLS rookie of the year“. San Francisco Chronicle. Архивирано од изворникот на 18 September 2011. Посетено на 28 July 2009.
- ↑ „De Rosario attack stuns Seattle“. Torontofc.ca. 25 April 2010. Архивирано од изворникот на 2013-02-03. Посетено на 26 April 2010.
- ↑ http://www.mlssoccer.com/news/article/generation-adidas-players-graduate-seasons-end Generation adidas players to graduate at season's end
- ↑ „Kelly: Sitting down with Toronto FC's new boss“. thestar.com. 26 January 2011. Посетено на 31 January 2011.
- ↑ „Martina Brace Leads The Way“. Toronto FC. 26 March 2011. Архивирано од изворникот на 2012-04-07. Посетено на 26 March 2011.
- ↑ „Martina's blast wins AT&T Goal of the Week“. Major League Soccer. 1 April 2011. Архивирано од изворникот на 2019-04-02. Посетено на 1 April 2011.
- ↑ „Another Point To Youthful TFC“. Toronto FC. 13 април 2011. Архивирано од изворникот на 16 април 2011. Посетено на 13 април 2011.
- ↑ „Reports: Liverpool Training For Frei“. Toronto FC. 10 December 2011. Архивирано од изворникот на 2014-12-25. Посетено на 10 December 2011.
- ↑ „Reports: Deserved Opportunity For Frei“. Toronto FC. 11 December 2011. Архивирано од изворникот на 2014-12-25. Посетено на 11 December 2011.
- ↑ „TFC's Frei out 8–10 weeks with broken leg“. Rogers Sportsnet. 24 March 2012. Архивирано од изворникот на 25 March 2012. Посетено на 3 April 2012.
- ↑ „Toronto FC Goalkeep Stefan Frei to Miss Six Months“. National Post. 4 April 2012. Архивирано од изворникот на 6 April 2012. Посетено на 4 April 2012.
- ↑ „Bendik's Success Story“. Toronto FC. 4 April 2013. Архивирано од изворникот на 2013-04-07. Посетено на 26 April 2013.
- ↑ „Stefan Frei Traded For Pick“. Toronto FC. 10 December 2013. Архивирано од изворникот на 2014-11-29. Посетено на 10 December 2013.
- ↑ Sam Stejskal (10 December 2016). „Stefan Frei named MLS Cup Most Valuable Player“. MLSSoccer.com. Посетено на 11 December 2016.
- ↑ Chicco Nacion (9 December 2017). „Tale of the tape: Toronto FC seeks redemption in MLS Cup rematch“. CBC Sports. Посетено на 21 December 2017.
- ↑ Laura Armstrong (6 December 2017). „MLS Cup features two of the league's best goalkeepers“. The Toronto Star. Посетено на 21 December 2017.
- ↑ „Recap: Toronto FC vs Seattle Sounders“. mlssoccer.com. 9 December 2017. Посетено на 9 December 2017.
- ↑ Laura Armstrong (9 December 2017). „Toronto FC captures MLS Cup“. The Toronto Star. Посетено на 10 December 2017.
- ↑ „Arena Calls 32 Players For MNT January Camp“. US Soccer. 5 January 2017. Посетено на 5 January 2017.
- ↑ „Seattle's Stefan Frei passes US citizenship test, clearing way to USMNT“. MLSsoccer.com. June 13, 2017. Посетено на August 7, 2017.
- ↑ 24,0 24,1 24,2 24,3 24,4 Во Плејофот на МЛС купот.
- ↑ 25,0 25,1 „S. Frei“. Soccerway. Посетено на 11 December 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Колеџ кариера
[уреди | уреди извор]Професионална кариера
[уреди | уреди извор]
|