Прејди на содржината

Црвенкапа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црвенкапа
Илустрација 1843
АвторШарл Перо
Изворен наслов Le Petit Chaperon rouge
ИлустраторИлустрација на Џеси Вилкокс Смит, 1911
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски јазик
СеријалИстории или сказни од минатото, со наравоученија: Приказни на мајката Гуска (фр. Histoires ou contes du temps passé, avec des moralités: Contes de ma mère l'Oye)
ЖанрСказна
ИздавачБарбен (фр. Barbin)
Издадена
1697

Црвенкапа е позната сказна во која станува збор за истоименото девојче и за Лошиот волк. Приказната има претрпено значителни промени низ историјата и сè уште е предмет на бројни современи преработки и читања. Најпознати се верзиите напишани од Шарл Перо и онаа на Браќата Грим.[1] Оваа приказна, според Арн-Томсон се класифицира под бројот 333 во [2].

Приказната

[уреди | уреди извор]

Во приказните на Перо и на Грим станува збор за девојче наречено Црвенкапа, по црвената наметка што ја носи. Девојчето шета низ шумата за да ѝ испрати храна на својата болна баба. Волкот сака да го изеде девојчето, но се плаши да го стори тоа во јавност. Тој му се приближува, а тоа наивно му кажува каде ќе оди. Волкот му предложува на девојчето да набере малку цвеќиња, а таа тоа и го прави. Во меѓувреме, тој оди во куќата на бабата и успева да влезе преправајќи се дека е Црвенкапа. Тој ја голта бабата, и го чека девојчето, преправен како бабата. Кога Црвенкапа пристигнува, забележува дека бабата изгледа многу чудно за да биде нејзината баба. Во повеќето прераскажувања, ова евентуално кулминира со зборовите на Црвенкапа: „Леле колку ти се големи забите!”На тоа волкот одговара: „За подобро да те изедам", и ја голтнува. Меѓутоа, доаѓа ловецот да ги спаси и го убива волкот со секирата[3]. Црвенкапа и бабата излегуваат неповредени. Тие го полнат телото на волкот со тешки камења, и го убиваат фрлајќи го во бунар.

Во други верзии на приказната бабата е затворена во плакар, наместо да биде изедена, а во некои Црвенкапа е спасена од ловецот кога волкот ѝ приоѓа откако таа е изедена.

Приказната ја прави јасна споредбата помеѓу безбедниот свет на селото и опасностите на шумата, вообичаените антитези кои во суштина се средновековни, иако нема пишани верзии за тоа колку се стари.

Поврзаноста со други приказни

[уреди | уреди извор]

Темата на грабливиот волк и на суштеството ослободено и неповредено од неговиот стомак се одразува во симфониската руска сказна Петре и волкот[4] на Сергеј Прокофјев (1936), и во приказната на Грим Волкот и седумте јариња, но неговата општа тематика е обновување на една стара библиска приказна за Јона и китот. Темата исто така се појавува во приказната за животот на Света Марина, каде што светицата излегува неповредена од стомакот на змеј.

Римскиот поет Хорациј се повикува на приказна во која машко дете е спасено живо од стомакот на Ламија, женска огра во класичната митологија која порано била убава кралица но потоа се претворила во демон кој јаде деца[5].

Дијалогот помеѓу волкот и Црвенкапа има сличности со нордиската Тримсквида ( исландски: Þrymskviða) од Старата Еда: џинот Трим го украл Мјолнир, чеканот на Тор, а за возврат ја барал Фреја за негова невеста. Наместо тоа, боговите го облекле Тор како невеста и го испратиле. Кога џиновите ги забележале неженствените очи на Тор, јадењето и пиењето, Локи им објаснил дека Фреја не спие, не јаде и не пие од копнеж по свадбата[6].

Историјата на приказната

[уреди | уреди извор]

Постарите верзии

[уреди | уреди извор]
Гравура на Гистав Доре

Иако нема писмени форми на приказната што му претходела на Перо, потеклото на приказната за Црвенкапа може да се најде во усни верзии од различни европски земји, а повеќе од веројатно му претходат на 17 век, од кои неколку постојат, а некои значително се разликуваат од моментално познатата верзија инспирирана од Грим.Таа била кажувана од француските селани во 10 век.[7]. Се раскажувала и во Италија, каде што постојат голем број на верзии, вклучувајќи ја Лаажната баба (италијански: La finta nonna), напишана меѓу останатите и од Итало Калвино. Била наречена и „Приказната за бабата". Исто така можно е оваа рана приказна да има корени во многу слични ориентални приказни.

Овие постари верзии на приказната се разликуваат од моментално познатата верзија на неколку начини. Противникот не е секогаш волк, понекогаш е огра, вампир[8] или врколак, со што овие приказни се значајни за ловењата на врколакот (слични на ловењата на вештерката)[9]. Волкот обично ги остава крвта и месото на бабата за да ги изеде девојчето, кое потоа несвесно ја изедува сопствената баба. Освен тоа, волкот ѝ бара да ја соблече нејзината облека и да ја фрли во огнот.[10] Во некои верзии, волкот ја јаде девојката откако таа се впушта во кревет со него, и приказната таму завршува.[11] Во други, таа гледа низ неговата маска и се обидува да избега, жалејќи се на својата „баба" дека таа треба да изврши биолошка потреба и не би сакала да го стори тоа во креветот. Волкот колебливо ја пушта, врзана за јаже за да не избега. Сепак, девојчето го префрла јажето на нешто друго, и побегнува. Најчесто сама побегнува без помош од било кој маж или постара жена, користејќи ја сопствената снаодливост.но во некои верзии случајно наллетува на некое момче кои ѝ помага[12] Понекогаш, иако поретко, црвената капа дури и не постои.

Во 2013, со истражување било утврдено дека приказната потекнува од 1 век од Европа а не како претходно што се претпоставувало, од Кина. Научниците анализирале приказни и ликови од 58 верзии од разни подрачја.[13]

Шарл Перо

[уреди | уреди извор]

Најраната позната печатена верзија[14] (француски: Le Petit Chaperon Rouge) потекнува од францускиот фолклор во 17 век. Таа била дел од колекцијата Басни и приказни од минатото со поука. Приказни на мајката гуска (Histoires et du Temps contes du tepms passé, avec des moralités. Contes de ma mere Oye), во 1697 година од Шарл Перо. Како што навестува насловот, оваа верзија[15] е и пострашна и попоучна од оние подоцнежните. Црвенилото на капата, на кое му е дадено симболично значење во многу интерпретации на приказната, било детално претставено од Перо.[16]

Слика од 19 век за Пепелашка

Приказната за тема имала „привлечна, добро воспитана млада дама", селанка од околината измамена од волкот што го сретнува давајќи му ја информацијата што му требала за успешно да ја најде куќата на бабата и да ја изеде старицата, а во исто време избегнува да биде забележана од дрвосечачите кои работат во блиската шума. Потоа тој почнува да поставува стапица за Црвенкапа. Втората завршува изедена од волкот и таму приказната завршува. Волкот излегува како победник од средбата и нема среќен крај.

Шарл Перо го објаснил наравоучението на крајот[17], така што нема сомнеж во неговото значење:

Од оваа приказна се дознава дека децата, особено младите моми, убави, љубезни и добро воспитани, многу грешат што ги слушаат непознатите, и не е нечуено, ако волкот според тоа е снабден со неговата вечера. Велам волк, бидејќи сите волци не се од ист вид; постои еден вид со погоден карактер – ниту бучни, ниту полни со омраза, ниту лути, туку кротки, пресретливи, и нежни, придружувајќи ги младите помошнички на улиците, дури и во нивните домови. За жал! Кој не знае дека овие нежни волци се најопасни од сите такви суштества!

Во оваа верзија приказната е за културата на францускиот салон во доцниот 17 век, за една сосема различна публика од онаа претходно. Таа станала приказна за суров морал предупредувајќи ги жените на додворувањата на мажите.

Браќа Грим

[уреди | уреди извор]

Во 19 век две одделни германски верзии им биле раскажани на Јаков Грим и неговиот помал брат Вилхелм Грим, познати како браќа Грим. Браќата ја претвориле првата верзија во главно тело на приказната, а втората во нејзино продолжение. Приказната за Црвенкапа (германски: Rotkäppchen) била вклучена во првото издание на нивната колекција Детски домашни приказни (1812).[18]

Црвенкапа од Џорџ Фредерик Ватс

Претходните делови од приказната толку тесно се согласуваат со варијантата на Шарл Перо што таа е речиси сигурно изворот на приказната.[19] Сепак, тие го измениле крајот. Во оваа верзија малото девојче и нејзината баба се спасени од ловецот кој бил зад кожата на волкот; овој крај е идентичен со оној во приказната Волкот и седумте јариња, кој се чини дека е изворот.[20]

Вториот дел ги карактеризира девојката и нејзината баба како фаќаат во стапица друг волк и го убиваат, а овој пат ги предвидуваат неговите потези врз основа на нивното искуство со претходниот волк.[21]

Девојката не си замина кога волкот разговараше со неа, нејзината баба ја заклучи вратата за да остане надвор, и кога волкот се прикраде, бабата ја стави Црвенкапа под оџакот и го пополни со вода во која беа зготвени колбасите; мирисот го привлече волкот надолу, и тој се удави.

Браќата понатаму ја подобриле приказната во подоцнежните изданија и таа ја достигна горенаведената конечна и попозната верзија во изданието од нивната работа од 1857 година.[22] Таа е видливо поздодевна од постарите приказни што содржат помрачни теми.

Бројни автори ја препишувале и преработувале оваа приказна. Ендрју Ланг вклучил верзија „Вистинската приказна за малата Златнокапа"[23] во Црвената волшебна книга (1890). Тој ја извлекол од делата на Чарлс Maрелес[24], од Приказните на Чарлс Maрелес. Во оваа верзија, девојаката била спасена, но не од ловецот; кога волкот се обидел да ја изеде, неговата уста се запалила од златната капа што таа ја носела и која била магична.

Џејмс Н. Баркер направил промена на Црвенкапа во 1827 година како приказна со приближно 1000 зборови. Подоцна беше преиздадена во 1858 година во една книга од собрани приказни издадена од Вилијам Е. Бартон, наречена Циклопедија на духовитост и хумор. Преиздавањето исто така карактеризира дрво на кое е изгравиран облечен волк со свиткани колена држејќи ја раката на Црвенкапа.

Во 20 век, популарноста на приказната се појавила како лавина, со многу нови пишани и направени верзии, особено во пресрет на Фројдовската анализа, деконструкција и феминистичката критичка теорија. Овој тренд исто така довел до голем број на академски текстови напишани околу Црвенкапа.

Толкувања

[уреди | уреди извор]

Покрај јавното предупредување за разговор со непознати, постојат многу толкувања на класична приказна, многу од нив сексуални. Некои од нив се наведени подолу.

Волкот напаѓа

[уреди | уреди извор]

Етнологот д-р Валериј Гејст од Универзитетот во Калгари, Алберта напишал дека приказната најверојатно се темели на вистински ризик од волк кој напаѓа во тоа време. Тој тврди дека волците всушност се опасни грабливци, а басните служеле како валидно предупредување да не се влегува во шумите каде што е познато дека волците живеат и да се внимава на такви. И волците и дивината биле третирани како непријатели на човештвото во тој регион и во тоа време.

Циклуси во природата

[уреди | уреди извор]

Фолклористите и културни антрополози како Едвард Барнет Тејлор ја гледале Црвенкапа во однос на сончевите митови и други циклуси што се случуваат природно. Нејзината црвена капа би можела да го претставува светлото сонце коешто најпосле е проголтано од ужасната ноќ (волкот), а варијациите во кои таа е пресечена од стомакот на волкот ја претставуваат зората.[25] Во ова толкување постои врска помеѓу волкот на оваа приказна и Скол, волкот во нордискиот мит што ќе го голтне сонцето во Рагнарок, или Фенрир.[26] Алтернативно, приказната може да биде за пролетта, или за месецот мај, избегнувајќи ја зимата. Ова може да биде опишано како што е опишан обредот на Мајската кралица, кој го претставува доаѓањето на пролетта, со венец од цвеќиња заменет со црвената капа.[27]

Приказната е толкувана како ритуал на пубертетот, кој произлегува од предисториско потекло (понекогаш потеклото произлегува од претходната матријархална ера).[28] Девојчето, заминува од дома, збунето и разгледувајќи ги актите на приказната, е претворено во возрасна жена од чинот на излегувањето од стомакот на волкот.[29]

Преродба

[уреди | уреди извор]

Бруно Бетелхајм, во Употребите на магија, го преработува мотивот за Црвенкапа во однос на класичната Фројдова анализа, која покажува како приказните ги развиваат, поддржуваат и ги ослободуваат чувствата на децата. Мотивот на ловецот сечејќи и отворајќи го волкот, тој го толкува како „преродба". Девојката, која неразумно го слуша волкот, се преродува како нова личност.

Сексуално освестување

[уреди | уреди извор]
« Минувајќи низ шумата, таа го сретнала волкот ». Илустрација Гистав Доре од 1867.

Црвенкапа, исто така, била сфатена како парабола на полова зрелост. Во ова толкување, црвената наметка ја симболизира крвта на менструалниот циклус, спротивставувајќи се на „црната шума" на женскоста. Или пак наметката би можела да го симболизира хименот (претходните верзии на приказната генерално не наведуваат дека наметката е црвена-зборот „црвено" во насловот може да се однесува на бојата на косата на девојката или на прекар). Во овој случај, волкот ја загрозува невиноста на девојката. Антропоморфичниот волк симболизира човек, кој би можел да биде љубовник, заводник или сексуален грабливец. Ова се разликува од објаснувањето на обредот во којшто влегувањето во полнолетството е биолошки, не општествено, утврдено.

Нордиски мит

[уреди | уреди извор]

Приказната Тримсквида (исландски: Þrymskviða) од Поетска Еда отсликува некои елементи на Црвенкапа. Објаснувањата на Локи за чудното однесување на „Фреја" (всушност Тор преправен како Фреја) ги отсликува објаснувањата на волкот за неговиот чуден изглед. Во многу толкувања на црвената капа ѝ била дадена голема важност, со значење од зора до крв.

Модерни употреби и адаптации

[уреди | уреди извор]

Имало многу модерни употреби и приспособувања на Црвенкапа, обично со сериозно-комичен пресврт на наивноста на Црвенкапа или со малку изопаченост на општествената сатира. Тие се распространети низ голем број на различни медиуми и стилови. Повеќе варијации биле напишани во минатиот век, во коишто авторите ја приспособуваат приказната на Грим на сопствените интереси.

« Тој се фрлил врз жената и за миг ја проголтал ». Илустрација Гистав Доре.

Приказната може да биде кажана во однос на сексуалната привлечност на Црвенкапа.

  • Песната „Како може Црвенкапа (да биде толку многу добра)?" од А.П. Рандолф во 1925 година била првата песна позната по тоа што беше забранета од радио поради нејзината сексуална содржина.
  • Хит песната „Црвенкапа" na Sam the Sham & the Pharaohs од 1966 година ја има гледната точка на волкот, навестувајќи дека тој повеќе сака љубов отколку крв.
  • Во краткиот анимиран цртан филм Red Hot Riding Hood од Текс Ејвори, приказната е преработена во еден урбано-ориентиран амбиент за возрасни, со љубезен, префинето облечен волк кој завива по пејачот на ноќниот клуб Red. Ејвори ја користеше истата екипа и теми во подоцнежните серии на цртаните филмови.[30] Загатнувањата на приказната можат да бидат повеќе или помалку јавно сексуални, како кога бојата на карминот е рекламирана како „Црвенкапа”.

Оваа сексуална анализа може да биде во форма на силување.

  • Во Против нашата волја, Сузан Браунмилер ја опишува приказната како приказ на силување.
  • Многу ревизионистички прераскажувања успешно ги отсликуваат Црвенкапа или бабата како сами се бранат од волкот.

Приказната исто така може да послужи и како метафора за сексуално освестување, како во приказната на Ангела Картер „Друштвото на Волци", објавена во нејзината збирка на Крвава комора (1979).[30] Приказната на Картер била приспособена во филм на Нил Џордан во 1984 година.

Називот на други јазици

[уреди | уреди извор]
Црвенкапа, илустрација од 1927 година
  • Англиски : Little Red Riding Hood
  • Арапски : ليلى و الذئب (Layla oua l-diâb, Layla et le Loup)
  • Бугарски : Червената шапчица
  • Кинески : 小红帽 (Xiǎo hóng mào)
  • Хрватски: Crvenkapica
  • Шпански: Caperucita Roja
  • Грчки : Η Κοκκινοσκουφίτσα (I Kokkinoskufítsa)
  • Француски: Le Petit Chaperon rouge
  • Италијански : Cappuccetto Rosso
  • Јапонски : 赤ずきん (あかずきん) (Aka Zukin)
  • Руски : Красная Шапочка (Krasnaia Chapotchka)
  • Словенски : Rdeča kapica
  • Suédois : Lilla Rödluvan
  • Турски: Kırmızı Başlıklı Kız
  • Албански : "Kesule kuqja"

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Bottigheimer, Ruth (2008). „Before Contes du temps passe (1697): Charles Perrault's Griselidis, Souhaits and Peau"“. The Romantic Review. 99 (3): 175–189.
  2. Ashliman, D.L. Little Red Riding Hood and other tales of Aarne-Thompson-Uther type 333. Посетено на January 17, 2010.
  3. Red Riding Hood. England: Brown Watson. 1999. ISBN 0709706928. OCLC 26607639.
  4. galina-muz (2014-04-20). „Сергей Прокофьев. Симфоническая сказка «Петя и волк»“. music-fantasy.ru (руски). Посетено на 2017-10-24.
  5. Graham, Anderson (2000). Fairytale in the ancient world. London: Routledge. ISBN 9780415237024. OCLC 50675781.
  6. Archibald, Opie, Iona (1974). The classic fairy tales. London: Oxford University Press. ISBN 0192115596. OCLC 1082973.
  7. J.M. Ziolkowski, "A fairy tale from before fairy tales: Egbert of Liege's ‘De puella a lupellis seruata’ and the medieval background of ‘Little Red Riding Hood’", Speculum 67 (1992): 549–575.
  8. Beckett, S. L. (2008). Little Red Riding Hood. In D. Haase, The Greenwood Encyclopedia of Folktales and Fairytales: G-P (pp. 466-492). Greenwood Publishing Group.
  9. Catherine Orenstein, Little Red Riding Hood Uncloaked: Sex, Morality and the Evolution of a Fairy Tale, pp 92-106, ISBN 0-465-04126-4
  10. Zipes, Jack (1993). The Trials and Tribulations of Little Red Riding Hood (2. изд.). New York: Routledge. стр. 4. ISBN 0-415-90835-3.
  11. Darnton, Robert (1985). The Great Cat Massacre and Other Episodes in French Cultural History. New York: Vintage Books. ISBN 0-394-72927-7.
  12. Beckett, S. L. (2008). Little Red Riding Hood. In D. Haase, The Greenwood Encyclopedia of Folktales and Fairytales: G-P (pp. 522-534). Greenwood Publishing Group.
  13. Jamshid J. Tehrani (2013). "The Phylogeny of Little Red Riding Hood". PLoS ONE 8(11): e78871. doi:10.1371/journal.pone.0078871 Gannon, Megan (18 November 2013). 'Little Red Riding Hood' Tale Dates Back To First Century, Math Model Suggests“. Huffington Post. Посетено на 24 March 2016. The analysis also suggests that the Chinese version of “Little Red Riding Hood” derives from ancient European tales and not vice versa as other researchers have suggested.
  14. Iona and Peter Opie, The Classic Fairy Tales. p. 93. ISBN 0-19-211559-6
  15. Charles Perrault, "Le Petit Chaperon Rouge"
  16. Maria Tatar, p 17, The Annotated Classic Fairy Tales, ISBN 0-393-05163-3
  17. „Little Red Riding Hood Charles Perrault“. Pitt.Edu. University of Pittsburgh. 21 September 2003. Посетено на 12 January 2016. And, saying these words, this wicked wolf fell upon Little Red Riding Hood, and ate her all up.
  18. Jacob and Wilheim Grimm, "Little Red Cap"
  19. Harry Velten, "The Influences of Charles Perrault's Contes de ma Mère L'oie on German Folklore", p 966, Jack Zipes, ed. The Great Fairy Tale Tradition: From Straparola and Basile to the Brothers Grimm, ISBN 0-393-97636-X
  20. Harry Velten, "The Influences of Charles Perrault's Contes de ma Mère L'oie on German Folklore", p 967, Jack Zipes, ed. The Great Fairy Tale Tradition: From Straparola and Basile to the Brothers Grimm, ISBN 0-393-97636-X
  21. Maria Tatar, The Annotated Brothers Grimm, p 149 W. W. Norton & company, London, New York, 2004 ISBN 0-393-05848-4
  22. Jacob and Wilheim Grimm, "Little Red Cap"
  23. Andrew Lang, "The True History of Little Goldenhood Архивирано на 6 февруари 2010 г.", The Red Fairy Book (1890)
  24. The proper name of this French author is Charles Marelle (1827-19..), there is a typo in Andrew Lang's Red Fairy Book. See BNF note online.
  25. Tatar, Maria. The Annotated Classic Fairy Tales. стр. 25. ISBN 0-393-05163-3.
  26. Dundes, Alan & McGlathery, James M. (ed.). „Intrepreting Little Red Riding Hood Psychoanalytically“. The Brothers Grimm and Folktale. стр. 26–7. ISBN 0-252-01549-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  27. Dundes, Alan & McGlathery, James M. (ed.). „Intrepreting Little Red Riding Hood Psychoanalytically“. The Brothers Grimm and Folktale. стр. 27. ISBN 0-252-01549-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  28. Dundes, Alan & McGlathery, James M. (ed.). „Intrepreting Little Red Riding Hood Psychoanalytically“. The Brothers Grimm and Folktale. стр. 27–9. ISBN 0-252-01549-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  29. Dundes, Alan & McGlathery, James M. (ed.). „Intrepreting Little Red Riding Hood Psychoanalytically“. The Brothers Grimm and Folktale. стр. 27–8. ISBN 0-252-01549-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  30. 30,0 30,1 1968-, Orenstein, Catherine (2002). Little Red Riding Hood uncloaked : sex, morality, and the evolution of a fairy tale. New York: Basic Books. ISBN 0465041256. OCLC 49415799.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)