Херсон
Херсон Херсон | |||
---|---|---|---|
град од обласно значење | |||
Земја | Украина | ||
Област | Херсонска | ||
Градски реони | Днепровски Суворовски Комсомолски | ||
Основан | 18 јуни 1778 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Володимир Миколаенко (независен)[1] | ||
Површина | |||
• Вкупна | 135,7 км2 (524 ми2) | ||
Надм. вис. | 46,6 м | ||
Население (2015) | |||
• Вкупно | 294,941 | ||
• Густина | 2.200/км2 (6,000/ми2) | ||
Пошт. бр. | 73000 | ||
Повик. бр. | +380 552 | ||
Мреж. место | city.kherson.ua |
Херсон (украински: Херсо́н) — град во Јужна Украина, седиште на Херсонската Област. Значаен е како пристаниште на Црното Море и реката Днепар и има мошне развиена бродоградба. Населението брои 294,941 жители (2015)[2]. Сместен е на високиот десен брег на реката Днепар.
Од припојувањето на Крим кон Русија во 2014 година, во Херсон е воспоставена канцеларијата на претседателскиот претставник на Украина во Крим.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Сè до 1774 г. подрачјето било во состав на Кримското Ханство.
Херсон е основан во 1778 г. од кнезот Григориј Потемкин по налог на царицата Катерина Велика. Градот е изграден под раководство на генералот Иван Ганибал на место на малата тврдина Александершанц. Наречен е по старогрчката колонија Херсонес Тавриски, основана во VI век п.н.е. во југозападен Крим. Едно од првите зданија во утврдувањето бил соборниот храм „Св. Катерина“ каде подоцна е е погребан кнезот Потемкин. Кај Херсон е уловен последниот тарпан во 1866 г.
Кон средината на XIX век во Херсон се доселило многубројно еврејско население[4] кое веднаш станало рамнобројно на украинското со дури 41,4 % од градот[5]. До 1939 г. истото се намалило на 16,6 %[6], а денес изнесува само 0,5 %[7].
Управна поделба
[уреди | уреди извор]Градот се состои од три реони.
- Суворовски — стариот дел од градот, наречен по рускиот генерал Александар Суворов. Ги опфаќа микрореоните: Тавријскиј, Пивничниј и Млини.
- Днепарски — наречен по реката Днепар. Ги опфаќа микрореоните: ХБК, Текстиљниј, Склотара, Слобидка, Военка, Схидниј.
- Корабељни — наречен по бродоградбата. Ги опфаќа микрореоните: Шуменски, Корабел, Забалка, Сухарне, Житоселишче, Селишче — 4, Селишче — 5.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Покрај морското и речното пристаниште, Херсон е поврзан со државната железничка мрежа, со секојдневни брзи возови до Киев, Лавов и други градови. Има и помал меѓународен аеродром.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Во градот има 77 образовни установи, од кои 15 отпаѓаат на вишо и високо образование. Меѓу нив знајзначајни се:
- Херсонски државен универзитет
- Државен земјоделски универзитет
- Државен технички универзитет
- Меѓународен универзитет за бизнис и право
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Катерина“ — изградена во 1780-тите, по нацрт на Иван Старов; има гробница на кнезот Потемкин.
- Еврејски гробишта
- Херсонска телевизиска кула — позната градба во градот.
- Аџиголски светилник — хиперболоидна градба на Владимир Шухов, 1911 г.
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]- Залаегерсег, Унгарија
- Шумен, Бугарија
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Црква „Успение на пресв. Богородица“
-
Црква „Св. Александра“
-
Аџиголскиот светилник
-
Херсонската тврдина
-
Споменик на кнезот Потемкин
-
Староградски градби на ул. „Суворова“
-
Главната банка
-
Банка
-
Кино
-
Хотелот „Фрегат“
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Incumbent mayor Mykolayenko reelected in Kherson“. interfax.com.ua. Архивирано од изворникот на 4 март 2016. Посетено на 3 мај 2018.
- ↑ „Чисельність наявного населення України“ (PDF). Державний Комітет Статистики України. Посетено на 1 July 2016.
- ↑ Official website Архивирано на 3 март 2016 г.. Претседателски претставник на Украина во Крим.
- ↑ „KHERSON“. JewishEncyclopedia.com. Архивирано од изворникот на 22 септември 2012. Посетено на 19 август 2012.
- ↑ Кабузан В.М — Народонаселение Бессарабской области и левобережных районов Приднестровья, конец XVIII-первая половина XIX в
- ↑ Всесоюзная перепись населения 1939 года. Национальный состав населения районов, городов и крупных сел союзных республик СССР. г. Николаев
- ↑ „Романцов В. О. Населення України і його рідна мова за часів радянської влади та незалежності“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2018-08-01. no-break space character во
|title=
во положба 12 (help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Херсон“ на Ризницата ? |
- Градска управа на Херсон Архивирано на 31 март 2009 г. (украински)
- Информативен портал за Херсон (руски)
- Слики од Херсонfлан Архивирано на 9 април 2014 г. (руски)
|
|
|