Хаплогрупа G-M201
Хаплогрупа G | |
---|---|
Можно време на потекло | 48,500 години пред сегашноста[1] |
Возраст на спојување | 25,200 години пред сегашноста[1] |
Можно место на потекло | Западна Азија |
Предок | Хаплогрупа GHIJK |
Потомци | основни: G1, G2 |
Својствени мутации | M201, PF2957, L116, L154, L204, L240, L269, L402, L520, L521, L522, L523, L605, L769, L770, L836, L837, M201, P257/U6, Page94/U17, U2, U3, U7, U12, U20, U21, U23, U33 |
Хаплогрупа G (M201) — хаплогрупа на човечки Y-хромозом. Таа е една од двете гранки на матичната хаплогрупа GHIJK, а другата е HIJK.
G-M201 најчесто се наоѓа меѓу различни етнички групи на Кавказ, но исто така е широко распространета со ниски честоти меѓу етничките групи низ Европа, Јужна Азија, Средна Азија и Северна Африка.
Најчест потклади кои се појавуваат се G1* (M285) и многу подкладите на G2 (G-P287), особено: G2a (P15), G2a1 (G-FGC7535, порано позната како G-L293), G2a2b2a (G-P303) порано G2a3b1) ; G2a2b1 (G-M406) порано G2a3a; G2a2b2a1 (G-L140) порано G2a3b1a; G2a2b2a1a1b (G-L497) порано G2a3b1a2; G2a2b2a1a1a1 (G-L13) порано G2a3b1a1a; G2a2b2a1a1c1a (G-CTS5990 или G-Z1903) порано G2a3b1a3; G2b (G-M3115) и; G2b1 (G-M377), порано G2b.
Потекло
[уреди | уреди извор]Постојат различни проценети датуми и местоположби кои се предложени за потеклото на G-M201, а повеќето од нив се лоцираат во Западна Азија.[2]
Во 2012 година, Сири Руци и неговите соработници во нивниот труд сугерираат дека: „Проценуваме дека географското потекло на хаплогрупата Г веродостојно се наоѓа некаде во близина на источна Анадолија, Ерменија или западен Иран“.[3]
Претходно, National Geographic Society го поставил своето потекло на Блискиот Исток пред 30.000 години и претпоставува дека луѓето што ја носат хаплогрупата учествувале во ширењето на неолитот.[4]
Два научни труда, исто така, сугерираат потекло од Блискиот Исток, додека се разликуваат за датумот. Семино и неговите соработници (2000) предложил дата пред 17.000 години.[5] Чиниоглу и неговите соработници (2004) сугерирале дека мутацијата се случила пред само 9.500 години.[6]
Било споменето и поисточно потекло, за кое некои веруваат дека потекнува од област на Блискиот Исток блиску до подножјето на Хималаите.[7]
Структура
[уреди | уреди извор]G* (M201)
- G1 (M285, M342)
- G1a (P20.1, P20.2, P20.3)
- G1a1 (L201, L202, L203)
- G1b (L830, L831, L832, L834, L835)
- G1a (P20.1, P20.2, P20.3)
- G2 (P287)
- G2a (P15, U5, L31/S149, L149)
- G2a1 (L293^)
- G2a1a (P16.1, P16.2)
- G2a1a1 (P18.1, P18.2, P18.3)
- G2a1a (P16.1, P16.2)
- G2a2 (L223^)
- G2a2a (M286)
- G2a2b (L91)
- G2a2b1 (L166, L167)
- G2a3 (L30/S126, L32/S148, L190/M485)
- G2a3a (M406)
- G2a3a1 (L14/Page57/S130/U16, L90/S133)
- G2a3a2 (L645)
- G2a3b (L141.1)
- G2a3b1 (P303/S135)
- G2a3b1a (L140)
- G2a3b1a1 (U1)
- G2a3b1a1a (L13/S131/U13, L78/M527)
- G2a3b1a1a1 (L1263^)
- G2a3b1a1b (L1266^)
- G2a3b1a1b1 (L1264^, L1265^, L1268^)
- G2a3b1a1a (L13/S131/U13, L78/M527)
- G2a3b1a2 (L497, L353.1^,L353.2^)
- G2a3b1a2a (Z725^)
- G2a3b1a2a1 (L43/S147)
- G2a3b1a2a1a (L42/S146)
- G2a3b1a2a1 (L43/S147)
- G2a3b1a2a (Z725^)
- G2a3b1a3 (Z1903^)
- G2a3b1a3a (Z724^)
- G2a3b1a3a1 (L640)
- G2a3b1a3a (Z724^)
- G2a3b1a4 (L660, L662)
- G2a3b1a1 (U1)
- G2a3b1b (L694)
- G2a3b1a (L140)
- G2a3b2 (L177.1, L177.2, L177.3)
- G2a3b1 (P303/S135)
- G2a3a (M406)
- G2a1 (L293^)
- G2b (M377, L72, L183)
- G2b1 (M283)
- G2a (P15, U5, L31/S149, L149)
(Поткладите овде се усогласени со дефинициите на Y-ДНК SNP што ги користи ISOGG Во 2012 година, неколку категории пронајдени само кај еден човек во истражувачките студии биле отстранети од дрвото ISOGG што предизвикало одредено преименување.)
Географска распространетост
[уреди | уреди извор]Праисториско присуство
[уреди | уреди извор]Хаплогрупата G2a (G-P15) била идентификувана во неолитските човечки остатоци во Европа кои датираат помеѓу 5000 и 3000 п.н.е. Овие неолитски Европејци биле потомци на неолитските земјоделци од Анадолија, меѓу некои од најраните народи во светот кои се занимавале со земјоделство. G-M201 бил пронајден и во неолитските анадолски локалитети како Бонџуклу кои датираат од 8300-7600 п.н.е. и Барцин кој датира од 6419-6238 п.н.е.[8][9]
Понатаму, поголемиот дел од сите машки селекции од европскиот неолитски период досега дале Y-ДНК што припаѓа на оваа хаплогрупа. Најстарите скелети потврдени со античко ДНК- тестирање дека ја носат хаплогрупата Г2а биле пет на број, пронајдени во гробницата на пештерата Авеланер, во близина на Лес Плане д'Хостол, во Каталонија, Шпанија и биле датирани со радиојаглеродно датирање од околу 5000 п.н.е.[10]
Скелет пронајден на неолитските гробишта познати како Деренбург Меренстиг II, во Саксонија-Анхалт Германија, очигледно припаѓал на G2a3 (G-S126) или на подкладата. Бил пронајден со погребни артефакти кои припаѓаат на Linearbandkeramische Kultur („Керамичка култура на линеарна лента“; LBK). Овој скелет не можел да биде датиран со радиојаглеродно датирање, но другите скелети таму биле датирани помеѓу 5.100 и 6.100 години. Најдеталната идентификувана SNP мутација била S126 (L30), која го дефинира G2a3.[11]
G2a бил пронајден и во 20 од 22 примероци на античка Y-ДНК од Трејли, тип-локалитет на група фармери од доцниот неолит во јужна Франција, датиран од пред околу 5000 години.[12] Четвртиот локалитет исто така од истиот период е Оцтал на Алпите каде се откриени мумифицираните останки на Еци, ледениот човек . Ледениот човек припаѓа на хаплогрупата G2a2b [13] (порано наречена G2a4).
Хаплогрупата G2a2b е ретка група денес во Европа. Авторите на шпанското иследување посочиле дека мажите од Авеланер имале ретки вредности на маркери при тестирањето на нивните маркери за краткотрајно повторување (STR).
Современо присуство
[уреди | уреди извор]Во Русија, Украина и Средна Азија, припадниците на различни етнички малцинства и/или жители во одредени локалитети поседуваат G-M201 на највисоките нивоа во светот – иако просечната стапка на национално ниво е околу 1% или помалку. Било откриено дека племињата (или клановите) Маџари и Аргини во Казахстан поседуваат највисоки нивоа на G-M201 меѓу која било современа етничка група. Кај Маџарите, Г1 бил пронајден со стапка од 87%. Посебно проучување за Аргините покажало дека 71% од мажите припаѓаат на G1. Во рускиот Северен Кавказ, кабардинското и осетиското население се исто така забележливи по високите стапки на G-М201. Дигора, Северна Осетија има највисока позната концентрација на G во еден град[14] Хаплогрупата G се наоѓа на исток до северна Кина во мали проценти каде што G може да достигне позначајни проценти во малцинските групи како што се Ујгурите.
Во Турција, Јужен Кавказ и Иран, хаплогрупата G достигнува највисок процент од националните популации. Кај турските мажи 11% од населението е со G хаплогрупа.[6] Во Иран, хаплогрупата G достигнува 13 до 15% од населението во различни делови на земјата. Иако се наоѓа во проценти повисоки од 10% кај Бахтијарите, Талишите, Гилаките, Мазандараните и Иранските Азери, тој е поблиску до 5% кај иранските Арапи и во некои големи градови.[15] Помеѓу примероците во базата на податоци на YHRD од земјите од јужен Кавказ, 29% од примероците од Абазинија, 31% од Грузија, 18% од Азербејџан и 11% од Ерменија се смета дека се G примероци.
Во Европа западно од Црното Море, Хаплогрупата G се наоѓа на околу 5% од населението во просек низ поголемиот дел од континентот.[16] Концентрацијата на хаплогрупата G паѓа под овој просек во Скандинавија, најзападните поранешни советски републики и Полска, како и во Исланд и Британските Острови. Има присуство и на навидум необични концентрации во Европа. Во Велс, карактеристичниот тип G2a3b1 (DYS388=13 и DYS594=11) доминира и го турка процентот G од населението повисоко отколку во Англија.
Во Тирол во западна Австрија, процентот на G-M201 може да достигне 40% или повеќе; можеби најпознатиот пример се античките остатоци од таканаречениот „Леден човек“, Еци. Во северните и високите области на островот Сардинија во западна Италија, процентот на хаплогрупата G достигнува 11% од населението во едно иследување [17] и достигнува 21% во градот Темпио во друго. На грчкиот остров Крит, приближно 7% [18] до 11% [19] од мажјаците припаѓаат на хаплогрупата G. Во северо-источна Хрватска, во градот Осиек, хаплогрупата G била пронајдена кај 14% од мажите.[20] Градот се наоѓа на бреговите на реката Драва, која особено започнува во регионот Тирол на Алпите, друга област со фокус на хаплогрупата G во Европа. Подалеку на север, откриено е дека 8% од етничките Унгарци и 5,1% од етничките боемски (чешки) мажи припаѓаат на хаплогрупата G.
Во Јужна Азија, хаплогрупата G е ретка.[21][22] Некои етнички малцинства го поседуваат во значителни концентрации, вклучително и приближно 18% [23] до 20% [24] од Калаш, приближно 16% од Брахуи,[24] и приближно 11,5% од земените Паштуни, но се појавува единствено во околу 3% од општата пакистанска популација. Во едно проучување на 936 Индијци, хаплогрупата G сочинувала помалку од 1% од примерокот и била целосно отсутна кај тестираната северозападна индиска популација.[25] Околу 6% од примероците од Шри Ланка и Малезија биле пријавени како хаплогрупа G, но ниту еден не бил пронајден во другите крајбрежни земји на Индискиот Океан или Тихиот Океан во Азија.[26] G-M201 е опишан како „практично отсутен“ во Индија, при што подкладата G2a-P15 особено се смета за занемарлива.[27][28]
На Блискиот Исток, хаплогрупата G сочинува околу 3% од населението во речиси сите области.[29][30] Кај Друзите, главно жители на Израел, кај 10% било откриено дека се со хаплогрупа G.[31]
Околу 10% од еврејските мажи се со хаплогрупа G.
Во Африка, хаплогрупата G ретко се наоѓа во Потсахарска Африка или јужно од Африканскиот Рог меѓу домородните популации. Во Египет, студиите дале информации кои го одредуваат процентотна хаплогрупата G помеѓу 2% и 9%.[32][33][34] Било откриено [35] дека 2% од арапските Мароканци и 0,8% од Берберите се со хаплогрупата G.[36]
Во Америка, процентот на хаплогрупата G одговара на бројот на лица од земјите од Стариот свет кои емигрирале. Хаплогрупата G не се среќава кај домородните Американци, освен кога се случиле мешани бракови со не-домородни лица. Пронајден е во мексиканските Метиси.
G1 (M285 или M342)
[уреди | уреди извор]Речиси сите лица од хаплогрупата G1 имаат вредност од 12 при краткото тандемско повторување (STR) со маркер DYS392 и сите ќе ја имаат мутацијата M285 или M342 SNP што ја карактеризира оваа група. Оваа вредност од 12 е невообичаена во други G категории освен хаплогрупата G1.
Освен тоа, постојат подклади и на G1a, G1a1, G1b.
Највисоката пријавена концентрација на хаплогрупата G1 и неговите подклади во една земја е во Иран, со следните најчести концентрации во соседните земји на запад.
Постојат карактеристични ашкенашки еврејски и казахстански подклади врз основа на комбинации на вредности на маркери STR.
G2 (P287)
[уреди | уреди извор]Мажите кои припаѓаат на оваа група, но се негативни за сите G2 подклади претставуваат мал број мажи од хаплогрупата G. P287 била идентификувана на Универзитетот во Аризона и станала широко позната кон крајот на 2007 година. Нејзината идентификација предизвикала значително преименување на G категориите.
G2a (P15)
[уреди | уреди извор]Мажите од хаплогрупата G кои припаѓаат на оваа група, но се негативни за сите подклади од G2a, се невообичаени во Европа, но може да претставуваат значителна група во досега слабо тестираните области источно од Турција. P15 била идентификувана на Универзитетот во Аризона и станала широко позната до 2002 година. Неговата местоположба на хромозомот е наведена како 21653414. G2a е пронајдена во средновековни остатоци во гробница со висок статус од VII век од нашата ера во Ерголдинг, Баварија, Германија, но подкладите G2a не биле тестирани.[37]
Постојат повеќе SNP кои досега ја имаат истата покриеност како P15. Тие се - со придружни места на Y-хромозомите - U5 (rs2178500), L149 (8486380) и L31 (исто така наречени S149) (rs35617575..12538148). Доколку некој маж со мутација на P15 е негативен за некое од овие или обратно, тоа откритие ќе биде основа за нова категорија G2a.
G2a1 (FGC7535)
[уреди | уреди извор]Хаплогрупата G2a1 (исто така позната како G-FGC753 и претходно како G-L293) и нејзините подклади претставуваат мнозинство од примероците од хаплогрупата G во некои делови од областа на Кавкаските Планини. Тие се наоѓаат единствено во мал број на други места. Досега сите G2a1 лица имаат вредност од 10 на STR маркерот DYS392. Лицата G2a1a, исто така, обично имаат повисоки вредности за DYS385b, како што се 16, 17 или 18, отколку што се гледаат кај повеќето G лица.
Северните Осети во средината на северниот дел на Кавказ на Русија припаѓаат во огромно мнозинство на подкладата Г2а1 врз основа на достапните примероци. Јужните Осети и Сваните генерално јужно од Северна Осетија имаат значителен број на лица од Г2а1, но процентите на населението сè уште не се обезбедени.
Присуството на мутацијата SNP P18 ја карактеризира единствената подклада на G2a1a, G2a1a. Веродостојноста на P16 и P18 во идентификувањето на сите во секоја од овие категории е доведена во прашање и треба да се испитаат поединечни компоненти на SNP.
Машките потомци на Ашкеназите Евреи G2a1a со потекло од североисточна Европа формираат посебен кластер заснован на вредностите на маркерот STR. Мажите од Кавказ и мажите од Источна Европа, исто така, формираат карактеристични STR кластери.
G2a2a (PF3147)
[уреди | уреди извор]G-PF3147 (претходно G-L223 и G-PF3146) се карактеризира со L223 мутација. L223 бил пронајден на Y хромозомот на rs810801 и 6405148 со мутација од C до G. L223 за прв пат бил идентификуван во примероците на 23andMe во 2009 година, но се покажал проблематичен како индивидуален тест, а првите успешни резултати биле пријавени на ДНК на семејното стебло кон крајот на 2011 година под неговата доделена ознака L223. Потоа се дознало дека неколку подклади припаѓаат на L223, вклучувајќи:
G-L91 била идентификувана во 2009 година. Нејзините членови го вклучуваат „ Еци“,[38] т.н. Леден човек, кој починал најмалку 5.000 години пред нашата ера на европските Алпи. Се смета дека G-L91 опфаќа значителен дел од мажи кои припаѓаат на G. L91 досега е пронајдена во расфрлани делови од Европа и Северна Африка и во Ерменија. Вклучени во G-L91 се некои мажи со двојни вредности за STR маркерот DYS19, но има и мажи G2a2 со овој наод кои не се L91+. Ситуацијата со двојна 19 вредност не се гледа во подкладите G2a1 и G2a3. L91 мутацијата била пронајдена на 21327383 и rs35474563 на Y-хромозомот. Напредниот прајмер е GTATTGAACTTACAATTCACGTCCC, а обратниот е CTCTCCAAATCGGGTTTCCT. Мутацијата вклучува промена од C во T.[39] L223 се наоѓа на Y хромозомот на rs13304806.
Подкладата G-M286 (M286+) е мала во споредба со G-L91. Примероците биле идентификувани во Англија, Германија, Црна Гора (Бошњаци), Шпанија, Кипар (Грци), Турција, Ерменија, Грузија, Либан, Сирија и Кувајт. Британските примероци имаат неконзистентни двојни вредности за STR маркерот DYS19 во многу случаи. M286 првпат била идентификувана на Универзитетот Стенфорд на хромозомската позиција 21151187 и е мутација од G до А.
L293 SNP што карактеризира трета подклада била идентификувана во јуни 2010 година од Family Tree DNA. Опфаќа мала група на мажи со шпанско потекло кои исто така досега сите имаат непарна вредност од 13,21 на маркерот YCA. Мутацијата е пронајдена на Y хромозомот на 10595022 и е промена од G во C.
G2a2b (L30, PF3267, S126, U8)
[уреди | уреди извор]G-L30 (исто така G-PF3267, G-S126 или G-U8; G2a2b, претходно G2a3) Мажите кои припаѓаат на оваа група, но се негативни за сите нејзини подклади претставуваат мал број денес. Оваа хаплогрупа била пронајдена во неолитски скелет од околу 5000 п.н.е., на гробиштата на Деренбург Меренстиг II, Германија, која е дел од Линискокерамичката култура, позната на германски како Linearbandkeramik (LBK), но не била тестирана за G2a3. подклади.
G2a2b1 (M406)
[уреди | уреди извор]G-M406* (G2a2b1*; претходно G2a3a*) и нејзините подклади се смета дека најчесто се наоѓаат во Турција и крајбрежните области на источниот дел од Средоземно Море каде што може да сочинуваат до 5% од сите марки и 50% од примероците од хаплогрупата G. G2a2b1 е почеста во јужна Европа отколку во северна Европа. Во Европа - освен во Италија - G2a2b1 сочинува помалку од 20% од примероците G. G2a2b1 досега ретко се појавила на површина во северна Африка или јужна Азија, но претставува мал процент од популацијата G во регионот на Кавказските Планини и во Иран.
Релативно висок процент на G2a2b1 лица имаат вредност од 21 на STR маркерот DYS390. Обележувачот DYS391 има претежно вредност од 10, но понекогаш и 11, кај G2a2b1 лица, а DYS392 е скоро секогаш 11. Доколку примерокот ги исполнува критериумите наведени за овие три маркери, веројатно примерокот е G2a2b1.
G2a2b2 (CTS2488)
[уреди | уреди извор]G-CTS2488 или G2a2b2 (исто така познат како G-L141.1; претходно G-141 и G2a3b) бил идентификуван дури во средината на 2009 година на Family Tree DNA. Речиси сите мажи L141 припаѓаат на L141 подкладите. Идентификувани биле примероци од лица од британски острови, сицилијанско и турско потекло. Лицата L141 кои не припаѓаат на ниту една L141 подклада досега имаат вредност од 11 на STR маркерот DYS490 - наод редок во другите G категории. Мутацијата L141 била пронајдена на хромозомот Y на 2948607. Мутацијата L141 вклучува вметнување.
G2a2b2a (G-P303)
[уреди | уреди извор]G-P303*, исто така познат како G2a2b2a* (претходно G2a3b1*), и неговите подклади денес се концентрирани во јужна Русија и Кавказ, како и, на пониски нивоа, на други делови од Европа и Југозападна Азија, особено области која ги вклучува Турција, Иран и Блискиот Исток од каде можеби потекнува G2a2b2a. G2a2b2a и во Индија.
A majority of members of G-P303 belong to one of its subclades, rather than to G-P303*
Најголемата подклада G-P303* која е базирана на достапни примероци, е онаа во која скоро сите лица имаат вредност од 13 на STR маркерот DYS388. SNP L497 ги опфаќа овие мажи, но повеќето мажи G-L497 припаѓаат на неговата подклада G-Z725, позната и како G-DYS388=13. Постојат дополнителни подклади на DYS388=13 мажи кои се карактеризираат со присуство на специфични SNP или невообичаено необични STR маркери. Припадниците на оваа група биле пронајдени во Европа и на Блискиот Исток.
Следната најголема подклада на G-P303 се карактеризира со присуство на U1 мутација. Но, висок процент на мажи U1 припаѓаат на неговите две подклади, G-L13/S13 и Z1266 (G2a3b1a1b). Според добиените резултати, подкладата G-L13 е најчеста во северна централна Европа, а G-Z1266 е најзастапена во западните планини на Кавказ.
Последната голема подклада се карактеризира со присуство на SNP Z1903 и со вредност од 9 на маркерот DYS568. Според добиените резултати, висок процент на мажи G-Z1903 припаѓаат на неговата подклада, G-Z724.
Најголемиот процент на G-P303 лица во дискретна популација досега опишан, според добиените резултати, се наоѓа на островот Ибица во близина на источниот шпански брег. Оваа група е поврзана со <i id="mwAY4">крипто-еврејското</i> население кое побегнало на островот за време на шпанската инквизиција, од кои значителен дел може да се идентификуваат како G-Z725 (DYS388=13).[40]
G2a2b2b (PF3359)
[уреди | уреди извор]G-PF3359 (или G2a2b2b; претходно G2a3b2) била позната пред 2013 година како G-L177. SNP L177 (позната како L1771.1/ L177_1, L1771.2/L177_2, L177.3/L177_3) била повлечена како идентификатор од ISOGG во 2013 година, откако било „утврдено дека е несигурен палиндромски snp“.[41]
Античка ДНК, која била идентификувана како G-PF3359 била пронајдена на археолошки локалитети во: Унгарија (подкладата G-F872*), датирана од 7.500 години пред сегашноста (БП); Унгарија (подклада G-F1193*) 7,150 БП, и; Шпанија (G-PF3359*) 4.700 БП.
Членовите на G-PF3359 се веројатно помали по број од мажите вклучени во G-P303, но единствено мал број на тестирања се случиле за релевантните мутации. Досега, позитивните мажи за ова имале ирско, англиско, холандско, либанско и/или турско (ерменско потекло). Веројатно постојат неколку G-PF3359 подклади, базирани на споделени STR маркери.
Бројот на вредностите на маркерот STR што ги одвојува мажите во оваа група сугерира дека G-PF3359 е релативно стара група и покрај малиот број вклучени мажи.[42] Вклучените мутации може да бидат комплицирани и тешки за интерпретација.
G2b1 (M377)
[уреди | уреди извор]G-M377, денес познат и како G2b1, претходно бил означен како G2b и G2c. Клада тесно поврзани ашкенашки Евреи ги претставуваат практично сите G2b лица, а досега биле пријавени единствено три други G2b хаплотипови: еден Турчин од Карс во североисточна Турција во близина на Ерменија, еден Паштун и еден Бурушо во Пакистан.
Екстремната реткост на G-M377 во северен Пакистан може да укаже дека G2b во оваа област потекнува надвор од регионот и била донесена таму во историскиот период, можеби од подалеку на запад (Пакистан бил дел и од Ахеменидското Царство, освоено од Александар Велики, а потоа дел од Грчко-Бактриското Кралство). Овие два пријавени пакистански хаплотипови G-M377 се прилично дивергентни од еврејската аашкенашка клада, и затоа воопшто не укажуваат на неодамнешно заедничко потекло. Турскиот G-M377 е нешто поблиску, но не е идентичен. Останува да се види дали тестирањето ќе ги открие хаплотиповите на G-M377 кај другите популации - ова е одреден показател дека G-M377 се јавува на ниски нивоа на Блискиот Исток.
Сите G-M377 мажи кои биле тестирани досега, исто така, имаат ретка нула вредност за маркерот DYS425, (недостасува алел „Т“ на палиндромскиот STR DYS371), резултат на настанот RecLOH, наод сè уште не е забележан меѓу повеќето други хаплотипови G. Помеѓу Евреите во Израел од многу области на светот, G-M377 сочинувал 3,7% во една студија.[43]
Хаплогрупата G-M377 била пронајдена на честота од 60% од примерокот од пет Паштуни во регионот Вардак во Авганистан. Ова најверојатно се должи на локалниот основачки ефект.[44]
Истакнати членови
[уреди | уреди извор]- Човекот познат како „Еци “ – чии останки, кои датираат од 4-от милениум п.н.е., биле пронајдени на современата граница меѓу Австрија и Италија – е член на G-L91 (G2a2b).
- Многу членови на таканареченото сродство Буре, група слична на клан која го следи своето потекло од поединец роден во Шведска кон крајот на 14 или почетокот на 15 век, наводно припаѓаат на G-Y12970 (исто така познат како G-Y12971 и G- Z30735), познат и како G2a2b2a1a1b1a1a2a1c2a~ (според дрвото ISOGG од 2017 година; претходно G2a3b1a2).[2]
- Кралот Ричард III, кој бил ексхумиран во 2012 година, бил член на G2 (G-P287).[45]
- Јосиф Сталин бил, според генетскиот тест на еден од неговите внуци (Александар Бурдонски), член на Y-ДНК хаплогрупата G2a1a (FGC595/Z6553).[46]
- Ал Капоне бил американски гангстер и бизнисмен кој, според Geni.com, бил член на хаплогрупата Y-ДНК G-P303.[47]
- Јуја бил прадедо на Тутанкамон. Предвиден хаплотип G2a, врз основа на античките профили на Y-STR. Јуја служел како клучен советник за Аменхотеп III и имал позиции како „кралски поручник“ и „Господар на коњот“; неговата титула „Татко на богот“ веројатно се однесува конкретно на тоа што е свекор на Аменхотеп. Во неговиот роден град Ахмин, Јуја бил пророк на Мин, главниот „бог“ на областа и служел како „Надзорник на говедата“ на ова божество.[48]
- Лери Бирд е американски професионален кошаркарски извршен директор, поранешен тренер и поранешен играч на Бостон Селтикс, се покажало дека припаѓа на хаплогрупата G-Z6748 врз основа на тестирањето на неколку роднини кои потекнуваат од Томас Бирд во проектот хаплогрупа G-L497 Y-ДНК.[49]
- Други мажи за кои се тврди дека се членови на хаплогрупата се: германско-американскиот пионер и војник Филип Хаман, петтиот правнук на Филип Шејн Хаман, американски олимписки кревач на тегови,[50] американскиот политичар Лин Бенкс, физичарот Џон Г. Крамер, американските актери Џејмс Франциск и Џејк Гиленхал, американскиот поранешен професионален кошаркар Лери Бирд, американскиот бизнисмен Наџиб Халаби, американскиот адвокат и администратор Њутон Миноу и американски адвокат и потписник на Декларацијата за независност Ричард Стоктон.[51]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „G YTree“.
- ↑ 2,0 2,1 ISOGG, 2017, Y-DNA Haplogroup G and its Subclades - 2017 (17 May 2017).
- ↑ Rootsi, Siiri; Myres, Natalie M; Lin, Alice A; Järve, Mari; King, Roy J; Kutuev, Ildus; Cabrera, Vicente M; Khusnutdinova, Elza K; Varendi, Kärt (16 May 2012). „Distinguishing the co-ancestries of haplogroup G Y-chromosomes in the populations of Europe and the Caucasus“. European Journal of Human Genetics. 20 (12): 1275–1282. doi:10.1038/ejhg.2012.86. PMC 3499744. PMID 22588667.
- ↑ „Atlas of the Human Journey: Haplogroup G (M201)“. Архивирано од изворникот на 5 February 2011. Посетено на 25 March 2023.
- ↑ „The genetic legacy of Paleolithic Homo sapiens sapiens in extant Europeans: a Y chromosome perspective“. Science. 290 (5494): 1155–9. November 2000. Bibcode:2000Sci...290.1155S. doi:10.1126/science.290.5494.1155. PMID 11073453.
- ↑ 6,0 6,1 „Excavating Y-chromosome haplotype strata in Anatolia“. Human Genetics. 114 (2): 127–48. January 2004. doi:10.1007/s00439-003-1031-4. PMID 14586639.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ Mahal, David G.; Matsoukas, Ianis G. (23 January 2018). „The Geographic Origins of Ethnic Groups in the Indian Subcontinent: Exploring Ancient Footprints with Y-DNA Haplogroups“. Frontiers in Genetics. 9: 4. doi:10.3389/fgene.2018.00004. PMC 5787057. PMID 29410676.
- ↑ Feldman, Michal; Fernández-Domínguez, Eva; Reynolds, Luke; Baird, Douglas; Pearson, Jessica; Hershkovitz, Israel; May, Hila; Goring-Morris, Nigel; Benz, Marion (19 March 2019). „Late Pleistocene human genome suggests a local origin for the first farmers of central Anatolia“. Nature Communications. 10 (1): 1218. Bibcode:2019NatCo..10.1218F. doi:10.1038/s41467-019-09209-7. PMC 6425003. PMID 30890703.
- ↑ Hofmanová, Zuzana; Kreutzer, Susanne; Hellenthal, Garrett; Sell, Christian; Diekmann, Yoan; Díez-del-Molino, David; Dorp, Lucy van; López, Saioa; Kousathanas, Athanasios (25 November 2015). „Early farmers from across Europe directly descended from Neolithic Aegeans“ (PDF). bioRxiv: 032763. doi:10.1101/032763.
- ↑ Lacan, Marie; Keyser, Christine; Ricaut, François-Xavier; Brucato, Nicolas; Tarrús, Josep; Bosch, Angel; Guilaine, Jean; Crubézy, Eric; Ludes, Bertrand (8 November 2011). „Ancient DNA suggests the leading role played by men in the Neolithic dissemination“. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 108 (45): 18255–18259. Bibcode:2011PNAS..10818255L. doi:10.1073/pnas.1113061108. PMC 3215063. PMID 22042855.
- ↑ Penny, David, уред. (2010). „Ancient DNA from European Early Neolithic Farmers Reveals Their Near Eastern Affinities“. PLOS Biology. 8 (11): e1000536. doi:10.1371/journal.pbio.1000536. PMC 2976717. PMID 21085689.
- ↑ Marie Lacan, Christine Keyser, François-Xavier Ricaut, Nicolas Brucato, Francis Duranthon, Jean Guilaine, Eric Crubézy, and Bertrand Ludes, Ancient DNA reveals male diffusion through the Neolithic Mediterranean route, Proceedings of the National Academy of Sciences of the USA, online May 31, 2011 before print.
- ↑ Interview Dr. Eduard Egarter-Vigl, Head of Conservation and Assistant to research projects of the Archaeological Museum in Bozen.
- ↑ Nasidze, Ivan; Sarkisian, Tamara; Kerimov, Azer; Stoneking, Mark (14 December 2002). „Testing hypotheses of language replacement in the Caucasus: evidence from the Y-chromosome“. Human Genetics. 112 (3): 255–261. doi:10.1007/s00439-002-0874-4. PMID 12596050.
- ↑ „Close Genetic Relationship Between Semitic-speaking and Indo-European-speaking Groups in Iran“. Annals of Human Genetics. 72 (Pt 2): 241–52. 2008. doi:10.1111/j.1469-1809.2007.00413.x. PMID 18205892.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ „G-Z7941 - Haplogroup G Project“. google.com.
- ↑ „From surnames to the history of Y chromosomes: the Sardinian population as a paradigm“. European Journal of Human Genetics. 11 (10): 802–07. 2003. doi:10.1038/sj.ejhg.5201040. PMID 14512971.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ „Paleolithic Y-haplogroup heritage predominates in a Cretan highland plateau“. European Journal of Human Genetics. 15 (4): 485–93. April 2007. doi:10.1038/sj.ejhg.5201769. PMID 17264870.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ „Differential Y-chromosome Anatolian influences on the Greek and Cretan Neolithic“. Annals of Human Genetics. 72 (Pt 2): 205–14. March 2008. doi:10.1111/j.1469-1809.2007.00414.x. PMID 18269686.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ Battaglia, Vincenza; Fornarino, Simona; Al-Zahery, Nadia; Olivieri, Anna; Pala, Maria; Myres, Natalie M; King, Roy J; Rootsi, Siiri; Marjanovic, Damir (24 December 2008). „Y-chromosomal evidence of the cultural diffusion of agriculture in southeast Europe“. European Journal of Human Genetics. 17 (6): 820–830. doi:10.1038/ejhg.2008.249. PMC 2947100. PMID 19107149.
- ↑ Singh, Mugdha; Sarkar, Anujit; Nandineni, Madhusudan R. (2018-10-18). „A comprehensive portrait of Y-STR diversity of Indian populations and comparison with 129 worldwide populations“. Scientific Reports (англиски). 8 (1): 15421. doi:10.1038/s41598-018-33714-2. ISSN 2045-2322. PMC 6194109.
- ↑ Eaaswarkhanth, Muthukrishnan; Haque, Ikramul; Ravesh, Zeinab; Romero, Irene Gallego; Meganathan, Poorlin Ramakodi; Dubey, Bhawna; Khan, Faizan Ahmed; Chaubey, Gyaneshwer; Kivisild, Toomas (March 2010). „Traces of sub-Saharan and Middle Eastern lineages in Indian Muslim populations“. European Journal of Human Genetics. 18 (3): 354–363. doi:10.1038/ejhg.2009.168. ISSN 1018-4813. PMC 2859343. PMID 19809480.
- ↑ „Y Chromosomal Evidence for a Limited Greek Contribution to the Pathan Population of Pakistan“. European Journal of Human Genetics. 15 (1): 121–26. 2006. doi:10.1038/sj.ejhg.5201726. PMC 2588664. PMID 17047675.
- ↑ 24,0 24,1 „Polarity and temporality of high-resolution y-chromosome distributions in India identify both indigenous and exogenous expansions and reveal minor genetic influence of Central Asian pastoralists“. American Journal of Human Genetics. 78 (2): 202–21. February 2006. doi:10.1086/499411. PMC 1380230. PMID 16400607.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ Sahoo, Sanghamitra; Singh, Anamika; Himabindu, G.; Banerjee, Jheelam; Sitalaximi, T.; Gaikwad, Sonali; Trivedi, R.; Endicott, Phillip; Kivisild, Toomas (2006-01-24). „A prehistory of Indian Y chromosomes: Evaluating demic diffusion scenarios“. Proceedings of the National Academy of Sciences (англиски). 103 (4): 843–848. Bibcode:2006PNAS..103..843S. doi:10.1073/pnas.0507714103. ISSN 0027-8424. PMC 1347984. PMID 16415161.
- ↑ „Dual Origins of the Japanese: Common Ground for Hunter-Gatherer and Farmer Y-Chromosomes“. Journal of Human Genetics. 51 (1): 47–58. 2006. doi:10.1007/s10038-005-0322-0. PMID 16328082.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ Sengupta, Sanghamitra; Zhivotovsky, Lev A.; King, Roy; Mehdi, S. Q.; Edmonds, Christopher A.; Chow, Cheryl-Emiliane T.; Lin, Alice A.; Mitra, Mitashree; Sil, Samir K. (February 2006). „Polarity and Temporality of High-Resolution Y-Chromosome Distributions in India Identify Both Indigenous and Exogenous Expansions and Reveal Minor Genetic Influence of Central Asian Pastoralists“. American Journal of Human Genetics. 78 (2): 202–221. ISSN 0002-9297. PMC 1380230. PMID 16400607.
- ↑ Singh, Sakshi; Singh, Ashish; Rajkumar, Raja; Sampath Kumar, Katakam; Kadarkarai Samy, Subburaj; Nizamuddin, Sheikh; Singh, Amita; Ahmed Sheikh, Shahnawaz; Peddada, Vidya (2016). „Dissecting the influence of Neolithic demic diffusion on Indian Y-chromosome pool through J2-M172 haplogroup“. Scientific Reports. 6: 19157. Bibcode:2016NatSR...619157S. doi:10.1038/srep19157. PMC 4709632. PMID 26754573.
- ↑ In Lebanon, however, G accounts for 6.5% of the population and in Iran to around 10%.
- ↑ „Chromosome Diversity Characterizes the Gulf of Oman“. European Journal of Human Genetics. 16 (3): 374–86. 2008. doi:10.1038/sj.ejhg.5201934. PMID 17928816.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ Gemmell, Neil John, уред. (2008). „The Druze: A Population Genetic Refugium of the Near East“. PLOS ONE. 3 (5): e2105. Bibcode:2008PLoSO...3.2105S. doi:10.1371/journal.pone.0002105. PMC 2324201. PMID 18461126.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ Elizabeth T Wood, Daryn A Stover, Christopher Ehret et al., "Contrasting patterns of Y chromosome and mtDNA variation in Africa: evidence for sex-biased demographic processes," European Journal of Human Genetics (2005) 13, 867–876.
- ↑ „The Levant versus the Horn of Africa: Evidence for Bidirectional Corridors of Human Migrations“. American Journal of Human Genetics. 74 (3): 532–44. 2004. doi:10.1086/382286. PMC 1182266. PMID 14973781.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ „Geographical Structure of the Y-Chromosomal Genetic Landscape of the Levant: A Coastal-Inland Contrast“. Annals of Human Genetics. 73 (Pt6): 561–81. 2009. doi:10.1111/j.1469-1809.2009.00538.x. PMC 3312577. PMID 19686289.
- ↑ „A Back Migration from Asia to Sub-Saharan Africa Is Supported by High-Resolution Analysis of Human Y-Chromosome Haplotypes“. American Journal of Human Genetics. 70 (5): 1197–1214. 2002. doi:10.1086/340257. PMC 447595. PMID 11910562.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ „The place of the Basques in the European Y-chromosome diversity landscape“. European Journal of Human Genetics. 13 (12): 1293–1302. 2005. doi:10.1038/sj.ejhg.5201482. PMID 16094307.
- ↑ „Kinship and Y-Chromosome Analysis of 7th Century Human Remains: Novel DNA Extraction and Typing Procedure for Ancient Material“. Croatian Medical Journal. 50 (3): 286–95. 2009. doi:10.3325/cmj.2009.50.286. PMC 2702742. PMID 19480023.
- ↑ „Ötzi the Iceman: What we know 3 decades after his discovery“. Premium (англиски). 2021-09-15. Архивирано од изворникот на May 27, 2023. Посетено на 2023-10-21.
- ↑ „A point mutation which involves change A → G, C → T, C → G and T → A in DNA are“. Toppr Ask (англиски). Посетено на 2023-10-21.
- ↑ „The genetic legacy of religious diversity and intolerance: paternal lineages of Christians, Jews, and Muslims in the Iberian Peninsula“. American Journal of Human Genetics. 83 (6): 725–36. December 2008. doi:10.1016/j.ajhg.2008.11.007. PMC 2668061. PMID 19061982.
- ↑ L177, later discarded in favour of PF3359 and equivalent SNPs, was first identified at Family Tree DNA in 2009.
- ↑ „..Project Rosters - Haplogroup G Project“. google.com. Архивирано од изворникот на 2013-11-27. Посетено на 2011-12-09.
- ↑ „Extended Y chromosome haplotypes resolve multiple and unique lineages of the Jewish priesthood“. Human Genetics. 126 (5): 707–17. 2009. doi:10.1007/s00439-009-0727-5. PMC 2771134. PMID 19669163.CS1-одржување: display-автори (link)
- ↑ Habe, M; и др. (March 28, 2012). „Afghanistan's Ethnic Groups Share a Y-Chromosomal Heritage Structured by Historical Events“. PLOS ONE. 7 (3): e34288. Bibcode:2012PLoSO...734288H. doi:10.1371/journal.pone.0034288. PMC 3314501. PMID 22470552.
- ↑ „Identification of the remains of King Richard III“. Nat. Commun. 5: 5631. 2014. Bibcode:2014NatCo...5.5631K. doi:10.1038/ncomms6631. PMC 4268703. PMID 25463651.
- ↑ „The Daily Beast“. Архивирано од изворникот на 2023-07-07. Посетено на 2024-02-02.
- ↑ „G-P303 (Y-DNA)“.
- ↑ Ancient DNA list
- ↑ Maciamo. „Eupedia“. Eupedia (англиски). Посетено на 2022-08-07.
- ↑ „Results from the Hamman Family Y-Chromosome DNA Tests“. Архивирано од изворникот на 2023-02-02. Посетено на 2024-02-02.
- ↑ „Haplogroup G2a (Y-chromosomal DNA) - Eupedia“.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Хаплогрупа G-M201“ на Ризницата ? |
- Haplogroup G Project Site Архивирано на 31 јули 2014 г.
- Spread of Haplogroup G, from National Geographic
- Haplogroup G tutorial from Genebase
- Y-DNA Haplogroup G and its subclades from the current year ISOGG haplotree
- Y-Search Users with Haplogroup G[мртва врска]
- British Isles DNA Project
- Haplogroup G Project in Family Tree DNA
- G Arabia Project in Family Tree DNA
|