Папка
Изглед
Папка[1][2] или фасцикла[3][4] — предмет што се користи за чување на документи или акти, кои треба да бидат слични по намена или содржина. Папките обично се направени од малку потврда хартија или картон, но може да се најдат и папки направени од пластика.
Намена
[уреди | уреди извор]Папките најчесто се користат како канцелариски материјал за групирање на документи кои служат за истата цел: проекти, договори, судски досиеја и пресуди, итн. За слични цели се користат и по домовите. Папката најчесто се користи кога документацијата треба да се пренесе на друга локација или да се предаде на институција. Но, бидејќи е направена од потврда хартија или пластика, погодна е и за архивирање документи.[5]
Во сметачката техика, папките се нарекуваат и директориуми.