Опортунистичка инфекција
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Опортунистичка инфекција | |
---|---|
Специјалност | Заразна болест |
Опортунистички инфекции се инфиекции кои се предизвикани од разни патогени (бактерии, вируси, протозоми, гливици) кои своето штетно делување го исполнуваат само во случај на слаб имунитет на организамот, односно инфекцијата нема да може да се развие доколку имунитетот на организамот е во добра состојба.[33] Најчеста опортунистичка инфекција кај болните од сида е пневмоцистоза,[34] еден облик на воспаление на белите дробови, која е предизвикана од гливицата pneumocystis carinii, која е присутна во дишните патишта на човекот.[35] Бактериската пневмонија и туберкулозата се исто така честа појава при сидата. Во касната симптомска фаза, бактеријата myobacterium avium може да предизвика грозница, загуба на телесната маса, анемија и дијареа.[36] Исто така и инфекцијата на протозоми, наречена токсиоплазма на нервниот систем, се јавува при болување од сида.[37] Освен пневмоцостозите се развиваат и други инфекции предизвикани од гливиците. Чести се оралните инфекции кои предизвикуваат candida albicans (кандидијаза), карактеристична за раната симптомска фаза.[38] Се јавуваат и инфекции кои предизвикуваат cryptococcus, болест која води до менингитис кај повеќе од 13% од заболените.[39] Инфекцијата од гливица, histoplasma capsulatum, се појавува кај 10% од луѓето заболени од сида и се одликува со губење на тежината, грозница, дишни проблеми или озбилни пореметувања на централниот нервен систем доколку инфекцијата го зафати мозокот.[40] Вирусните опортунистички инфекции се чести кај заболените особи. Цитомегаловирусот ги инфецира мрежните клетки на окото и може да предизвика слепило,[41] исто така можат да влијаат на промената на леукоцитите и тромбоцитите и да предизвикаат воспаление на белите дробови.[42] Вирусот херпес симплекс, тип 1 и 2, предизвикува осипи околу устата и анусот.[43] Исто така и развојот на туморот е многу чест, посебно развојот на лимфомите,[44][45] сквамозен клеточен сарком, Капоши сарком[46] и рак на матката.[47]