Прејди на содржината

Натали Сарот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Натали Сарот
Роден/а18 јули 1900
Иваново, Русија
Починат/а19 октомври 1999
Париз, Франција
Занимањеписател
Јазикфранцуски
Жанрроман, драма

Натали Сарот (18 јули 190019 октомври 1999) — француски писател и правник.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Родена е како Наталија Илинична Чернијак во рускиот град Иваново, како ќерка на писателката Полина и хемичарот Илија Чернијак.[1] Имала еврејско потекло, а по разводот на родителите се преселила во Париз со таткото во 1909. Учела право и литература на универзитетот Сорбона, а најмногу сакала современа литература, особено делата на Марсел Пруст и Вирџинија Вулф. Потоа учела историја на Оксфорд и социологија во Берлин, за на крај да добие лиценца и да стане правник.

Во 1925 се омажила за адвокатот Рејмон Сарот, со кој имала три ќерки. Првата книга Тропизми ја напишала во 1932, а била објавена 1939, но поради случувањата од Втората светска војна, книгата не била популарна веднаш по издавањето. Во 1941 на Сарот и било забрането да се занимава со правна дејност од страна на Вишиевскиот режим поради еврејското потекло. За време на војната се криела и сакала да се разведе од сопругот за да го заштити од прогон, но сепак останале заедно, Починала во Париз во 1999.[2]

Најзначајното дело на Сарот Портрет на непознат човек од 1948 било пофалено од Жан-Пол Сартр, кој го нарекол „анти-роман“ во предговорот. Есејот Време на сомнеж од 1956 бил манифест на „новиот роман“, покрај есејот За новиот роман од Ален Роб-Грие. Сарот, покрај Грие, Клод Симон, Маргерит Дирас, и Мишел Битор, се смета за еден од авторите кои вовеле нов тренд на пишување, каде биле променети традиционалните начини на раскажување на дејството и ликовите. Сарот била наградена со Prix Formentor во 1963 за романот Златното овошје, што и донела голема популарност.

Истата година, Сарот почнала со пишување драма, а оттпгаш била поканета да зборува на многу светски книжевни настани. Нејзините дека се преведени на повеќе од 30 светски јазици, а преводите биле тешки поради нејзиниот неконвенционален стил на пишување. Сарот ги избегнувала традиционалните „ликови“, а повеќе се фокусирала на психолошкиот феномен. На пример романот Златното овошје е целосно составен од внатрешни монолози, а романот Планетариум раскажува за опседнатоста на малд човек да го наследи станот на тетка си. Полесно дело за читање од Сарот е мемоарот Детство, кој има праволиниско дејство.

  • Tropismes, 1939
  • Portrait d’un inconnu, 1948
  • Martereau 1953 (роман)
  • L'Ère du soupçon, 1956 (есеј)
  • Le Planetarium, 1959 (роман)
  • Les Fruits d'or, 1963 (роман)
  • Le Silence 1964 (драма)
  • Le Mensonge, 1966 (драма)
  • Entre la vie et la mort 1968 (роман)
  • Isma, ou ce qui s’appelle rien 1970 (драма)
  • Vous les entendez ? 1972 (роман)
  • C’est beau 1975 (драма)
  • « disent les imbéciles », 1976 (роман)
  • L’Usage de la parole 1980 (роман)
  • Enfance 1983 (автобиографија)
  • Tu ne t’aimes pas 1989 (роман)
  • Elle est là 1993 (драма)
  • Pour un oui ou pour un non 1993 (драма)
  • Ici 1995 (роман)
  • Ouvrez 1997 (роман)
  • Lecture 1998
  1. Nathalie Sarraute Biography Bookrags.com
  2. Shusha Guppy, Jason Weiss (Spring 1990). „Nathalie Sarraute, The Art of Fiction No. 115“. The Paris Review.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]