Марин Чилиќ
Марин Чилиќ | |
---|---|
Земја | Хрватска |
Место на живеење | Загреб, Хрватска |
Роден на | 28 септември 1988 |
Роден во | Меѓугорје, СФРЈ |
Спорт | Тенис |
Висина | м | 2,00
Професионалец | 2005 |
Игра со | десна рака |
Заработка | $4,457,428 |
Поединечно | |
Победи-порази | 196-122) |
Титули | 7 |
Највисок пласман | No. 9 (22 февруари 2010) |
Сегашен пласман | No. 18 (18 јуни 2012) |
Резултати на Гренд Слемови | |
Австралијан Опен | SF (2010) |
Ролан Гарос | 4R (2009, 2010) |
Вимблдон | 4R (2008) |
УС Опен | QF (2009) |
Во двојки | |
Победи-порази | 15–19) |
Титули | 0 |
Највисок пласман | No. 233 (22 март 2009) |
Ажурирано на: 10 јануари 2011. |
Марин Чилиќ (хрватски: Marin Čilić) (28 септември 1988, Меѓугорје) — хрватски тенисер, освојувач на гренд-слем турнирот „US Open“ во Њујорк.
Животопис
[уреди | уреди извор]Марин Чилиќ е роден во малото место Меѓугорје, во Херцеговина. Тој одржува повеќегодишна врска со Кристина Милковиќ од Дубровник.[1]
Кариера
[уреди | уреди извор]Чилиќ започнал да се занимава со тенис, кога имал седум години. Во 2004 година започнал да се натпреварува на турнирите во јуниорска категорија, а сезоната ја завршил на 1 463 место. Следната година, на возраст од 16 години, тој го освоил јуниорскиот турнир „Ролан Гарос“ во Париз, а потоа стигнал и до четвртфиналето на останатите три гренд-слем турнири во јуниорска категорија. Така, 2005 година ја завршил на второто место.
Чилиќ имал одредени проблеми во кариерата, кога поради обвинението дека корител допинг, добил четиримесечна суспензија за настап на тениските терени. Но, потоа, тој се вратил на патот на успехот и под водство на новиот тренер Горан Иванишевиќ, започнал да напредува кон самиот врв на профеионалниот тенис.
Бајголемиот успех во кариерата, Чилиќ го постигнал во септември 2014 година, кога го освоил гренд-слем турнирот „US Open“ во Њујорк, а претходно, во полуфиналето го совладал Федерер. Така, Чилиќ станал третиот Хрватски тенисер кој успеал да победи на гренд-слем турнир, по Горан Иванишевиќ, кој го освоил „Вимблдон“ во 2001 година и Ива Мајоли, која победила на „Ролан Гарос“ во 1997 година.[1]