Лепа Брена
Фахрета Живојиновиќ | |
---|---|
Основни податоци | |
Родено име | Фахрета Јахиќ |
Познат(а) и како | Лепа Брена |
Роден(а) | 20 октомври 1960 |
Потекло | Брчко, Босна и Херцеговина, СФР Југославија |
Жанр(ови) | Поп-фолк, поп, турбо фолк |
Занимање/ња | пејачка, глумица |
Години на активност | 1980 - денес |
Продукциска куќа/ќи | PGP, Diskoton, Гранд продукција |
Фахрета Живојиновиќ (родена Јахиќ; изворно: Fahreta Jahić Živojinović или Фахрета Јахић Живојиновић) (Тузла, 20 октомври 1960 , Босна и Херцеговина) позната под името „Лепа Брена“ е југословенска фолк и поп пејачка, и естраден менаџер. Таа е сопруга на тенисерот Слободан Боба Живојиновиќ.
Рани години
[уреди | уреди извор]Фахрета Јахиќ е родена во Тузла на 20 октомври 1960 година во муслиманско семејство, но пораснала во Брчко. Нејзиниот татко Абид работел како медицински техничар, додека мајка ѝ Ифета била кројачка. Фахрета е нивно трето дете — има брат Фарук и сестра Факета. Живееле скромно, во еднособен стан, но според неа таа имала безгрижно детство и ништо не ѝ фалело.[1]
Уште тогаш бил забележан нејзиниот талент за пеење. Таа најпрво застанувала пред грамофонот и слушала, а потоа го собирала семејството и им ги пеела песните што ги научила. Била темпераментно дете, па така во петто одделение по казна морала да пее на натпреварот Мали градители, каде го освоила првото место со песната на Кемал Монтено Свири и пријателу мој. Основно училиште завршила во училиштето Заим Мушановиќ, каде била првенец на генерација.[2]
Освен за музика, Фахрета била талентирана и за спорт. Била 176 сантиметри висока и тренирала кошарка во локалниот клуб Интерплет, каде нејзиниот тренер Влада Бајер ѝ го дал прекарот Брена.[3]
Набрзо сфатила дека сака да работи со музиката и шоубизнисиот. После успехот на Млади градители, Брена ја забележале членовите на бендот Јудекси и ѝ понудиле да пее со нив. Поминале мал период заедно гостувајќи по игранки и разни настани, а потоа се разделиле. Во 1979 завршила гимназија и се преселила во Белград, каде се запишала на отсекот туризам на Природно-математичкиот факултет.[4]
Почеток на кариерата
[уреди | уреди извор]Поради финансиски причини, Брена го напуштила студирањето по една година и се вратила во Брчко, каде почнала да пее за хонорари во домот на култура „Васа Пелагиќ“. Во тоа време новосадската музичка група „Лира шоу“, на чело со Саша Поповиќ, распишале конкурс дека бараат пејачка,[5] и се договориле со Брена да работат заедно. На 5 април 1980 година, и покрај противењето на татко ѝ, Брена заминала со воз во Бачка Паланка, каде имала договорен настап. а првиот настап со групата бил по еден месец, на 6 мај, во хотелот „Турист“. По две години, групата „Лира шоу“ во 1982 година добиле постојан ангажман во хотелот „Парк“ во Нови Сад. Есента 1981 година, групата била ангажирана во Белград, каде Брена снимила ЛП со десет нумери. Таа година, групата го сменила името во „Слатки грех“. Милован Илиќ Минимакс добил снимка од настап на Брена, и во својата емисија Претежно ведро го пуштил со духовити коментари, и ја нарекол лепа.
Во 1983 година, го снима својот втор албум, каде се појавиле песни што станале хитови. Се натпреварувала за југословенскиот избор за Евровизија, а брзо потоа Рака Ѓокиќ станал менаџер и извршен продуцент на групата.[6] Следела првата голема турнеја низ Југославија, 17 концерти во Сава центар, снимање на филмови, како и освојување на „ОСкар на популарноста“. Во 1984 година учествувале на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Сараево, и оствариле серија на концерти низ Европа, САД, Канада и Австралија.[7]
Соло кариера
[уреди | уреди извор]Во 1991 година Лепа Брена го снима последниот албум со групата Слатки Грех , албумот не беше многу медиумски експониран поради несраќата на Лепа Брена од ноември 1992 , во која на скијање се здоби со повреди, и нејзината свадба со познатиот тенисер Слободан Живојиновиќ-Боба. По пауза од три години, овој пат самостојно, Брена го објавува албумот Јас немам друг дом и одржува концерт во Белград на стадионот Ташмајдан. Следниот албум Божја казна објавен во 1995 година беше пропратен по турнејата во Македонија. Албум Луда за тобом го издава во 1996 година. Четири години подоцна заедно со групата Слатки грех, го снима нивниот последен заеднички проект Помрачење сунца.
Во ноември 2001 беше киднапиран синот на Брена , Стефан ,после откуп од 2.5 милиони германски марки ,Стефан беше ослободен а набрзо потоа Лепа Брена со семејстовото заминува да живее во САД , со што се создава нов прекин во нејзината кариера. В0 2004 година Лепа Brena го издава својот албумНајдоброто од Лепа Брена со 42 нејзини најголеми хитови , а четири години подоцна и албумот Уџи слободно со 10 нови песни, вклучувајќи ги и новите хитови "Пази коме завидиш" и "Куќа на лаги". Во 2009 година, организира голема балканска турнеја. Новиот албум, наречен Маѓепсан круг (Зачарани круг), Брена го издава во 2011 година. На 20 октомври 2011 година, на нејзиниот 51. роденден, одржа концерт во Белградска арена. Во арената дојде со хеликоптер, а на нејзините песни играа танчери од Операција Триумф.
Филмографија
[уреди | уреди извор]- Тесна Кожа (1982)
- Нема проблем (1984)
- Камионџиите повторно возат 1 (1983)
- Камионџиите повторно возат 2 (1984)
- Ајде да се сакаме 1 (1987)
- Ајде да се сакаме 2 (1989)
- Ајде да се сакаме 3 (1990)
Видеографија
[уреди | уреди извор]Спот | Година | Режисер |
---|---|---|
Ситније,Циле ситније | 1983 | |
Дечко ми је школарац | 1984 | |
Играј,Боро,моје оро | 1984 | |
Епидемија љубави | 1984 | |
Шеик | 1985 | |
Хајде да се волимо | 1987 | |
Голубе | 1987 | |
Сањам | 1987 | |
Робиња | 1989 | |
Ја припадам увек теби | 1989 | |
Југословенка | 1989 | |
Имам песму да вам певам | 1989 | |
Пожели срећу другима | 1989 | |
Четири године | 1989 | |
Играј,драги | 1989 | |
Јаблане | 1989 | |
Let`s fall in love | 1989 | |
Тамба,ламба | 1990 | |
Ватра се диже | 1990 | |
Биће белаја | 1990 | |
Боли ме уво за све | 1990 | |
Казни га боже | 1990 | |
Љубавне игарије | 1991 | |
Песма народна | 1991 | |
Заљубишка | 1991 | |
Ма где баш ти | 1994 | |
Два дана | 1994 | |
Мушкарци | 1994 | |
И да одем иза леђа Богу | 1994 | |
Ти не знаш | 1994 | |
Ја немам други дом | 1994 | |
Мој се драги Енглез прави | 1994 | |
Нема лека апотека | 1994 | |
Издајице | 1995 | |
Шта ће ми живот | 1995 | |
Коло,коло | 1995 | |
Она или ја | 1995 | |
Е,мој Мико | 1995 | |
Казна Божија | 1995 | |
Луда за тобом | 1996 | Дејан Миличевиќ |
Ти си мој грех | 1996 | Дејан Миличевиќ |
Такве и Бог чува | 1996 | Дејан Миличевиќ |
Нисам ја мали | 1996 | Дејан Миличевиќ |
Све ми добро иде осим љубави | 1996 | |
Љубав је | 1996 | Дејан Миличевиќ |
Помрачење сунца | 2000 | Дејан Миличевиќ |
Пази коме завидиш | 2008 | Visual Infinity |
Стаклено звоно | 2011 | Дејан Миличевиќ |
Метак са посветом | 2011 | Дејан Миличевиќ |
Не бих ја била ја | 2011 | Дејан Миличевиќ |
Бриши ме | 2011 | Дејан Миличевиќ |
Бибер | 2011 | Дејан Миличевиќ |
Уради то | 2011 | Дејан Миличевиќ |
Уђи слободно | 2012 | Дејан Миличевиќ |
Љубав нова | 2015 | Toxic |
Жали боже | 2016 | Toxic |
Царица | 2016 | Toxic |
Зар је важно да л' се пева или пјева | 2017 | Харис Дубица |
Болиш и не пролазиш | 2017 | Харис Дубица |
Као нова | 2018 | Харис Дубица |
Срећна жена | 2018 | Харис Дубица |
А како ћу ја | 2018 | Харис Дубица |
Одисеја љубави | 2019 | Игор Кушиќ |
TBA | 2024 | Петар Пасиќ |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Biografija Lepe Brene
- ↑ Press: „Heroji naše i vaše mladosti“
- ↑ „Tračarenje: „Kako je Lepa Brena dobila nadimak?"“. Архивирано од изворникот на 2013-04-09. Посетено на 2019-01-09.
- ↑ Folkoteka: „Lepa Brena — biografija“
- ↑ „Poznati INFO: „Lepa Brena — Biografija"“. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 2019-01-10.
- ↑ „Vreme 911: „Povratak Lepe Brene — Poslednja Jugoslovenka"“. Архивирано од изворникот на 2013-05-26. Посетено на 2019-01-10.
- ↑ Telegraf: „Lepa Brena posle 28 godina peva u Rumuniji!“
|