Масен проток
Масен проток — количинската проодност на водата, вклучувајќи ги цврстите материи (на пр. наноси), растворените хемиски супстанции (на пр. CaCO3(aq)) и/или биолошкиот материјал (i.e. дијатоми), што се движи низ даден простор претставен како напречен пресек.[1] Постојат и други поими за ваквиот масен протк, но зависат од дисциплината. Кај природните речни системи се говори за водотек, но кај вештачките акумулации ова може да се нарече одлив (наспроти прилив). Масениот проток е во мошне тесна врска со полноводноста на реката.
Најзастапена мерна единица за изразување на проточноста е м3/с (кубни метри во секунда). Во некои други земји се користат кубната стапка во секунда (ft³/s или cfs), а во САД и акр-стапката во секунда.[2] На пример, просечната проточност на реката Рајна во Европа изнесува 2.200 м3 дневно.
Утврдувањето на проточноста на една река најчесто се врши по пат на упростена непрекината равенка. Равенката подразбира дека за секоја ненабивна течност како водата, масениот проток (Q) е еднаков на производот на напречната плоштина на водотекот (A) и неговата средна брзина (). Се претставува вака:
при што
- е протокот ([L3T−1]; м3/с)
- напречната плоштина на делот од каналот што го зазема проточноста ([L2]; м2)
- е просечната истечна брзина ([LT−1]; м/с)
Пример
[уреди | уреди извор]На табелата е претставен средниот повеќегодишен проток на неколку реки во Македонија, на разни мерни станици, за периодот од 1961 до 1990 г.[3]
Река |
Мерна станица |
Проток (Q)
(м3/с) |
---|---|---|
Вардар | Радуша | 25,23 |
Скопје | 63,00 | |
Велес | 79,27 | |
Демир Капија | 134,50 | |
Гевгелија | 144,90 | |
Треска | Македонски Брод | 11,41 |
Здуње | 19,06 | |
Св. Богородица | 24,20 | |
Пчиња | Пелинце | 4,85 |
Трновец | 4,16 | |
Катлановска Бања | 12,56 | |
Брегалница | Берово | 1,03 |
Очипала | 5,02 | |
Штип | 12,21 | |
Црна | Доленци | 2,58 |
Скочивир | 21,61 | |
Расимбегов Мост | 23,44 | |
Возарци | 29,03 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Buchanan, T.J. and Somers, W.P., 1969, Discharge Measurements at Gaging Stations: U.S. Geological Survey Techniques of Water-Resources Investigations, Кн. 3, Гл. A8, стр. 1
- ↑ Dunne, T., and Leopold, L.B., 1978, Water in Environmental Planning: San Francisco, Calif., W.H. Freeman, 257-258 стр.
- ↑ Група автори (2016). „Хидрографски одлики“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 227. ISBN 978-9989-110-90-0.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сооднос на проточноста кај етапите, Гл. 14 Архивирано на 24 септември 2006 г. — USDA (англиски)
- Хидротехнички прирачник Архивирано на 23 септември 2006 г. — USDA (англиски)