Прејди на содржината

Ешеде

Координати: 52°44′0″N 10°15′0″E / 52.73333° СГШ; 10.25000° ИГД / 52.73333; 10.25000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ешеде
Општинското собрание на Ешеде
Општинското собрание на Ешеде
Општинското собрание на Ешеде
Грб на Ешеде
Ешеде во рамките на Германија
Ешеде
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Целе
Градоначалник Гинтер Берг
Основни податоци
Површина 195,87 км2
Надм. височина 87 м
Население 5.792 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 30 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. CE
Пошт. бр. 29348
Повик. бр. 05142
Портал www.eschede.de
Местоположба на Ешеде во рамките на округот Целе
Карта
Карта
Координати 52°44′0″N 10°15′0″E / 52.73333° СГШ; 10.25000° ИГД / 52.73333; 10.25000

Ешеде (германски: Eschede) — општина во округот Целе, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 15 километри североисточно од окружниот град Целе, на границата со Природниот парк Зидхајде. Околу 20 мали села припаѓаат на општината.

Во 1975 година, голем пожар уништил огромни површини на шумата во областа. Местото е познато и по железничката несреќа во 1998 година, кога брз воз ICE излетал, при што загинале 101 лице, што претставува најлоша железничка несреќа во Германија по Втората светска војна.

Општината претставувала административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија

[уреди | уреди извор]

Ешеде се наоѓа 19 километри североисточно од Целе, на работ на една голема шумска област.

Општината Ешеде се состои од средишното место Ешеде, Хабигхорст, Хефер, Шарнхорст, Дале, Ендехолц и Марведе.[2] Покрај нив се сретнуваат и помали места како Ашенберг, Ашаутајхе, Бургхорн, Хабигхорстер Хее, Хезело, Краген, Маринезидлунг, Ое, Квело, Реберла, Шелпло, Штарксхорн и Вајхаузен.

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. „Hauptsatzung der Gemeinde Eschede“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-01-12. Посетено на 2019-04-14.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]