Прејди на содржината

Елза Суарес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елза Суарес
Елза Суарес во 2010 година
Животописни податоци
Познат(а) и какоTina Turner brasileira (македонски: Бразилската Тина Тарнер)
Роден(а)23 јуни 1937[1]
Рио де Жанеиро,  Бразил
Жанровисамба, популарна бразилска музика, босанова
Занимањапејачка
Период на активност1950 - сè уште

Елза да Консејсао Суарес (португалски: Elza da Conceição Soares; родена на 23 јуни 1937 во Рио де Жанеиро) — бразилска пејачка на самба, понекогаш нарекуана „кралица на самбата“.[2].

Животопис

[уреди | уреди извор]

Елза Суарес се родила во фавела во Рио де Жанеиро. На 16-годишна возраст победила на музички натпревар на радио, кој бил организиран од страна на познатиот композитор Ари Барозу.[3] Неколку години настапувала како пејачка на оркестарот под раководство на Хоаким Нељи, а потоа гостувала и во настапите на други музичари. Нејзиниот прв хит станале песната „Se Acaso Você Chegasse“ (1959), а по една година бил издаден нејзиниот прв албум со истото име.[4].

Врвот на својата кариера, Суарес ја достигнала кон крајот на 1960-тите, кога објавила неколку хитови и успешни албуми. Во периодот на воена диктатура во Бразил, таа ја снимила антивладината песна „Opiniao“ (македонски: Мислење), којашто скоро довела до апсење и принудено бегство во Италија.[3][4] Во 1972 година, Суарес се вратила во Бразил, но по неколку години повторно ја напуштила земјата и се преселила во Њујорк.[5]

Во 1980-тите, Суарес настапувала со групата Титас и го снимила хитот „language“ заедно со Каетано Велозу.[4][5] Големо враќање на сцената направила во 1997 година со албумот „Trajetória“, за кој ја добила наградата Премио Шарп како најдобра изведувачка на самба.[4] Во 2000-тите, Суарес редовно настапувала и снимала албуми, при што албумот „Do Coccix Ate O Pescoco“ был номиниран на Латинските награди Греми 2003 како најдобар албум во стилот на популарна бразилска музика.[6].

Личен живот

[уреди | уреди извор]
Elza Soares, 1967.

Во 1962 година, Елза Суарес заминала во Чиле за да ја поддржи фудбалската репрезентација на Бразил на светското првенство. Една вечер таа имала бурна романса со напаѓачот Гаринча. Откако Гаринча го завршил разводниот процес со сопругата, двојката стапила во брак. Во бракот се родил синот Мануел Гаринча дос Сантос Жуниор.[7], в десятилетнем возрасте погибший в автокатастрофе[3] Во 1977 година, една година по раѓањето на синот, Елза и Гаринча се развеле.

  1. Elza Soares. IMDb.
  2. Cordelia Candelaria, Peter J. García, Arturo J. Aldama. Encyclopedia of Latino popular culture. Greenwood Publishing Group, 2004. p. 92. ISBN 9780313332104.
  3. 3,0 3,1 3,2 Sue, Steward (17 мая 2004). „Brazil's Tina Turner (she's 70)“. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот 2012-04-17. Посетено на 6 февруари 2010. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Neder, Alvaro. „Elza Soares“. AllMusic. Архивирано од изворникот 2012-04-17. Посетено на 6 февруари 2010.
  5. 5,0 5,1 Mercury's World-Cup Performance, Costa Unplugged and Soares' Comeback. Billboard. том 109, бр. 48, 29 ноември 1997. IISN 0006-2510.
  6. „Complete List Of Latin Grammy Nominations“. Associated Press. Puerto Rico Herald. 22 јули 2003. Архивирано од изворникот 2012-04-17. Посетено на 8 февруари 2010.
  7. Bellos, Alex (27 април 2002). „On a glorious bender“. The Guardian. Архивирано од изворникот 2011-01-31. Посетено на 6 февруари 2010.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • José Louzeiro. Elza Soares: Cantando para não enlouquecer. São Paulo: Editora Globo, 1997. ISBN 85-250-2415-5.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]