Езерска Чука
Езерска Чука | |
---|---|
Поглед на врвот од соседниот Езерски Врв | |
Висина | 2.582 м |
Место | Македонија |
Венец | Шар Планина |
Прво освојување | непознато |
Езерска Чука — врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија[1]. Неговата надморска височина изнесува 2582 метри. Тој е составен дел на Шар Планина и се наоѓа на линијата на протегање на главниот срт и планинско било при што претставува петти врв од нејизното протегање од североисток по кое се протега и самата граница помеѓу Македонија и Косово чија линија минува на овој врв. Сместен е на гребенот наречен Езерско заедно со соседниот врв Езерски Врв на југ-југозапад, при што претсавува негова почетна точка/кота на север-североисток. Наречен е со името Езерска Чука бидејќи од двете страни на неговите подножја се наоѓаат по две леднички езера и тоа Доброшките односно Горното и Долното Доброшко Езеро на македонската источна страна страна и езерото Црн Вир како и двете Големо Јажинско Езеро и Мало Јажинско Езеро на косовската западна страна. името чука го носи поради тоа што според изгледот и одликите сосема одговара на дефиницијата за чука што означлува посебен вид на каменит врв на рид, при што обично ваквиот рид е поблаг од едната страна, додека од другата е доста пострмен и карпест, како што е случај со овој врв кој од македонската страна е поблаг, додека од косовската е стрмен и карпест, а од исто така има и малку поголемата заобленост на самиот врв од соседниот Езерски Врв. Непосредно под самиот врв минува и привршува пешачката траса на првата етапа од првата планинарска Западна македонска трансферзала, чиј камп за прво ноќевање е сместен веднаш до Долното Доброшко Езеро во подножјето меѓу врвовите Езерска Чука и Езерски Врв.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на врвовите Езерска Чука во преден план и Езерски Врв во позадината
-
Поглед на Езерска Чука од соседниот Езерски Врв
-
Поглед кон врвот Езерска Чука
-
Поглед на Езерска Чука и сртот на Шар Планина во позадината
-
Поглед кон врвот Езерска Чука
-
Поглед на гребенот Езерско со Езерски Врв (лево) и Езерска Чука (Десно)
-
Поглед на врвот Езерска Чука
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 96. Посетено на 16 јануари 2024.