Прејди на содржината

Младост (езеро)

Координати: 41°46′30″N 21°45′29″E / 41.775° СГШ; 21.758° ИГД / 41.775; 21.758
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Езеро Младост)
Велешко Езеро
Поглед на дел од езерото
Карта
Координати41°46′30″N 21°45′29″E / 41.775° СГШ; 21.758° ИГД / 41.775; 21.758
Видвештачко
Сливни земјиМакедонија
Најг. должина1,5 км
Најг. ширина0,5 км
Најг. длабочина25 м

Младост (или Велешко Езеро) — вештачко езеро северно од градот Велес, на земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Сообраќајниот пристап е преку асфалтиран месен пат од правец на Велес кој оди по брегот на езерото, минува низ браната и продолжува до автопатот Скопје-Велес. Во рамките на месноста постои асфалтиран пат кој го поврзува месниот пат со комплексот на мотели. Крај самото езеро работат многу посетуваните и познати места: мотелот „Романтик“, а на водите на самото езеро работи мотел-ресторан на бродот „Панини“. Езерото било изградено со цел за наводнување на лозовите насади и земјоделските плантажи во околината кои често страдале од суши во минатото.

Денес, езерото „Младост“ е многу посетувано туристичко место. Местото е поврзано со тамошната 10-киловатна мрежа, до него постои телефонска мрежа. Во хидрографски поглед месноста се наоѓа покрај акумулацијата „Младост“ на реката Отовица, лева притока на реката Вардар. Урбаното планирање на езерото опфаќа: сателитска населба за домување, комерцијални содржини, угостителство и зона за спорт и рекреација. Езерото е најчесто посетено за спортски риболов (застапени се рибите: крап, сом, шаран, бојник), излети и пикници за празници како 1 мај, Илинден и капење во летните месеци. На брегот на езерото постои камп со приколки и шатори во кои често престојуваат луѓе во летниот период. Во околината на езерото се изградени и сè уште се градат голем број на викендички. Околните ридови се пошумени со густа борова шума која придонесува за пријатниот амбиент на езерото. Во непосредната околина на езерото се извршени повеќе акции за пошумување во рамките на акцијата „Ден на дрвото“.

На 26 август 2019 година во околината на езерото избувнал голем пожар, уништувајќи голема шумска површина.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]