Луѓето со нефункционирачки бубрези можат да се одржат во живот со дијализа. Но дијализата само ја прочистува крвта од екскретите. Без извор на еритропоетин, овие пациенти страдаат од анемија. Денес, благодарејќи на рекомбинантната ДНК технологија, со рекомбинантниот човечки еритропоетин е можно да се третираат овие пациенти.
Некои од лековите кои се користат за лечењето на СИДА, како зидовудинот (АZT) на пример, предизвикуваат анемија како спореден ефект. Рекомбинантниот ЕП им помага на заболените од СИДА да се справат со овој проблем.
Рекомбинантниот ЕП ја спречува анемијата која е чест спореден ефект при хемотерапијата на ракот.
Кај Јеховините Сведоци, чија религија забранува крвна трансфузија, големата загуба на крв може да се надомести со рекомбинантниот ЕП.
Бидејќи еритропоетинот го зголемува хематокритот, дозволува повеќе кислород да оди до скелетните мускули. Некои спортисти ја користат оваа погодност (велосипедисти на пример). Меѓутоа, поради зголемениот хематокрит, доаѓа до редукција во срцевата работа, што може да биде фатално.
Во поново време е откриено дека еритропоетинот исто така се синтетизира и во мозокот кога има недостиг од кислород (на пример, по мозочен удар) и помага во заштитувањето на невроните.