Дарлинг (река)
Дарлинг Darling River | |
Долното течение на Дарлинг кај Менинди
| |
Земја | Австралија |
---|---|
Подрачја | Нов Јужен Велс |
Дел од | Мари, Мариско-дарлиншки слив |
Притоки | |
- леви | Барвон, Боган |
- десни | Калгоа, Варего, Пару |
Градови | Берк, Вилканија, Менинди, Вентворт |
Извор | утока на Барвон и Калгоа |
- место | кај Бреварина, НЈВ |
- височина | 119 м |
- координати | 29°57′31″S 146°18′28″E / 29.95861° ЈГШ; 146.30778° ИГД |
Утока | утока во Мари |
- местоположба | Вентворт, НЈВ |
- височина | 35 м |
- координати | 34°6′47″S 141°54′43″E / 34.11306° ЈГШ; 141.91194° ИГД |
Должина | 1.472 км |
Истек | |
- просечен | 100 м3/с (приб.) |
Системот на Дарлинг и Мари
|
Дарлинг (англиски: Darling River) — трета река по должина во Австралија. Долга е 1.472 км и извира во северен Нов Јужен Велс и завршува влевајќи се во реката Мари кај Вентворт. Целиот систем има вкупна должина од 2.844 км и со тоа е најголем во земјата.[1] Наречена е во чест на управникот на Нов Јужен Велс, Ралф Дарлинг (1772-1858), по чија иницијатива е откриено течението на реката.
Ова е најзначајна река во пространите сушни предели „аутбек“.[2] Во изминатите периоди, реката е во лоша состојба поради прекумерна употреба за наводнување, загадување од пестициди и долгите сушни периоди (во некои години речиси и да немало вода). Денес таа се одликува со голема соленост и лош квалитет на водата. Во најново време полноводноста се подобрува поради поголемите врнежи, но повратокот во нормална состојба зависи од подолгорочни напори.
Течение
[уреди | уреди извор]Системот Мари-Дарлинг е впрочем меѓу најголемите во светот. Сливот го опфаќа цел Нов Јужен Велс заоадно од Големите Разводни Планини, голем дел од Викторија и јужен Квинсленд, како и делови од Јужна Австралија. Бидејќи има голем број свиоци, течението е трипати подолго од воздушната линија помеѓу изворот и утоката.[3]
Реката тече во југозападен правец и во добар дел од течението е рамничарска, со просечен наклон од само 16 мм на километар.[4] Официјално, Дарлинг настанува помеѓу Бреварина и Берк со спојот на Калгоа и Барвон, чии притоки извираат во планините на јужен Квинсленд и северен Нов Јужен Велс западно од Големите Разводни Планини. Тие се Балон (чиј ракав е Калгоа) и неговите притоки; Макинтајр и неговите притоки како Дјумерик и Северн (постојат две со исто име), Гвидир, Намој, Каслри и Маквори. Другите притоки (Боган, Варего и Пару) се влеваат во Дарлинг кај Берк или по него.
Северниот дел од течението на Дарлин спаѓа во екорегионот „југоисточноавстралиска умерена савана“ а југозападниот е дел од екорегионот Мариско-дарлиншка Котлина.
Населени места
[уреди | уреди извор]Поважни населени места по течението на Дарлинг се Бреварина, Берк, Лаут, Тилпа, Вилканија, Менинди, Пункери и Вентворт.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „(Australia's) Longest Rivers“. Geoscience Australia. 16 октомври 2008. Посетено на 2009-02-16.
- ↑ Sally Macmillan (24 January 2009). „Darling River townships offer historic route“. The Courier-Mail. Queensland Newspapers. Архивирано од изворникот на 2012-06-12. Посетено на 30 октомври 2010.
- ↑ „Surface Water Resources“. Murray Darling Basin Commission. 29 October 2006. Посетено на 31 јануари 2011.
- ↑ „The Darling River“. Central Darling Shire Council. Архивирано од изворникот на 2011-02-15. Посетено на 30 октомври 2010.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Дарлинг“ на Ризницата ? |
- „Слив на Маквори-Боган“ (map). Служба за животна околина и наследство. Влада на Нов Јужен Велс. (англиски)
- „Сливот на Барвон, Дарлинг и Далекузападниот слив“ (map). Служба за животна околина и наследство. Влада на Нов Јужен Велс. (англиски)
|