Од Википедија — слободната енциклопедија
Векторската анализа е дел од математичката анализа кој се занимава со обопштување на поимите од, условно, „скаларната анализа“ на векторски полиња. Ова значи дека поимите: извод, интеграл, лимес, непрекинатост и др. кои се дефинирани во полето на реални броеви (кое се нарекува скаларно поле), се воведуваат во повеќедимензионални реални Евклидов полиња наречени „векторски полиња“.
Ситуацијата со горенаведените поими е поинаква во векторски полиња, од познатата во скаларното поле. Така во векторската анализа постојат поими од типот: парцијален (делумен) извод, повеќекратни интеграли, криволиниски интеграли, површински интеграли, градиент на функција, ротор на поле, дивергенција на поле и слично.
Покрај своето значајно место во математиката, векторската анализа има голема примена во природните науки, особено во физиката.