Валтер Баде
Валтер Баде Walter Baade | |
---|---|
Роден(а) | 24 март 1893 Шретингхаузен, Германско Царство |
Починал(а) | 25 јуни 1960 Гетинген, Западна Германија | (возр. 67)
Националност | Германец |
Полиња | астрономија |
Установи | Хамбуршка опсерваторија, „Маунт Вилсон“, Паломарска опсерваторија |
Образование | Гетингенски универзитет |
Докторанди | Халтон Арп Алан Сендиџ |
Познат по | ги вовел поимите „супернова“ и „неутронска ѕвезда“ со Фриц Цвики |
Поважни награди | Брусов медал 1955 |
Вилхелм Хајнрих Валтер Баде (германски: Wilhelm Heinrich Walter Baade; 24 март 1893 – 25 јуни 1960) — германски астроном и астрофизичар.
Живот и откритија
[уреди | уреди извор]Роден е во Шретингхаузен, денес дел од Пројсиш Олдендорф во Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Завршил училиште во 1912 г. Потоа студирал математика, физика и астрономија на универзитетите во Минстер и Гетинген. Докторирал во 1919 г. и се вработил во Хамбуршката опсерваторија, каде се задржал до 1931 г.[1] Таму во 1920 г. го открил 944 Идалго, првиот од класата астероиди денес наречана кентаури кои пресекуваат орбити на џиновски планети.
Од 1931 до 1958 г. работел во опсерваторијата „Маунт Вилсон“ во САД.[2] Таму за време на Втората светска војна го искористил ноќното ислучување на светлата (што го смалувало светлинско загадување) и така за првпат ги забележал ѕвездите во средиштето на галаксијата Андромеда. Овие набљудувања го навеле да определи одделни „населенија“ на ѕвезди (Население I и Население II). Во истата прилика заклучил дека постојат два вида на кефеидни ѕвезди. Со ова откритие направил своја пресметка на големината на познатата вселена, удвојувајќи ја величината позната од претходната пресметка на Едвин Хабл од 1929 г.[3][4][5] Во 1952 г. ги објавил своите заклучоци на собирот на Меѓународниот астрономски сојуз во Рим, на големо вчудовидување на присутните.
Заедно со Фриц Цвики ги открил суперновите како нова категорија на астрономски тела.[6][7] Двајцата исто така го предложиле постоењето на неутронски ѕвезди, и дека тие настануваат од супернови.[8]
Почнувајќи од 1952 г. заедно со Рудолф Минковски ги пронашле оптичките пандани на разните радиоизвори,[9] вклучувајќи го Лебед A. Открил 10 астероиди, меѓу кои и 944 Идалго, која има долг орбитален период; ова впрочем е првиот откриен кентаур, но кентаурите биле прифатени како одделна класа дури во 1977 г.); аполонскиот астероид 1566 Икар, чиј перихел е поблизок од Меркуровиот; и аморскиот астероид 1036 Ганимед.
Признанија
[уреди | уреди извор]930 Вестфалија | 10 март 1920 |
934 Тирингија | 15 август 1920 |
944 Идалго | 31 октомври 1920 |
966 Муши | 9 ноември 1921 |
967 Хелионапе | 9 ноември 1921 |
1036 Ганимед | 23 октомври 1924 |
1103 Секвоја | 9 ноември 1928 |
1566 Икар | 27 јуни 1949 |
5656 Олдфилд | 8 октомври 1920 |
7448 Пелат | 14 јануари 1948 |
Награди и почести
- Странски член на Кралската холандска академија на уметностите и науките (1953)[11]
- Член на Американското филозофско друштво (1953).[12]
- Златен медал на Кралското астрономско друштво (1954)
- Брусов медал (1955)
- Предаваштво „Хенри Норис Расел“ во Американското астрономско друштво (1958)
Наречено во негова чест
- 1501 Баде — астероид
- Баде — кратер на Месечината
- Бадеова Долина на месечината
- Еден од двата Магеланови телескопи
- 966 Муши — астероид наречен по прекарот на неговата сопруга
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Бадеов Прозорец — подрачје на набљудување откриено во 1940-тите со релативно малку прашина кое дава поглед на Галактичкото Средиште во Стрелец
- Бадеова Ѕвезда, денес позната како Раков Пулсар — за која Баде прв утврдил непосредна врска со Раковидната Маглина.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Osterbrock, D. E. (септември 2002). „Walter Baade, Dynamical Astronomer at Goettingen, Hamburg, Mount Wilson, and Palomar Observatories“. Aas/Division of Dynamical Astronomy Meeting #33. Harvard Univ. 33: 10.03. Bibcode:2002DDA....33.1003O.
- ↑ „1955 Brude Medalist“. Sonoma State University. Архивирано од изворникот на 2016-02-21. Посетено на 4 март 2016.
- ↑ Baade W (1944) The resolution of Месје 32, NGC 205, and the central region of the Andromeda nebula. ApJ 100 137-146
- ↑ Baade W (1956) The period-luminosity relation of the Cepheids. PASP 68 5-16
- ↑ Allen, Nick. „Section 2: The Great Debate and the Great Mistake: Shapley, Hubble, Baade“. The Cepheid Distance Scale: A History. Архивирано од изворникот на 10 декември 2007.
- ↑ W. Baade, F. Zwicky, 1934, "On Super-Novae[мртва врска]". Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America, 254-259.
- ↑ Donald E. Osterbrock, Walter Baade – A Life in Astrophysics, Princeton und Oxford: Princeton University Press 2001. ISBN 0-691-04936-X.
- ↑ Osterbrock, D. E. (2001). „Who Really Coined the Word Supernova? Who First Predicted Neutron Stars?“. Bulletin of the American Astronomical Societyfr. 33: 1330. Bibcode:2001AAS...199.1501O.
- ↑ Baade, W. and Minkowski, R., 1954. Identification of the Radio Sources in Cassiopeia, Cygnus A, and Puppis A. Astrophysical Journal, Vol. 119, p. 206-214 (јануари 1954) ADS: 1954ApJ...119..206B
- ↑ „Minor Planet Discoverers (by number)“. Minor Planet Center. 4 септември 2016. Посетено на 7 септември 2016.
- ↑ „Walter H.W. Baade (1893 - 1960)“. Royal Netherlands Academy of Arts and Sciences. Посетено на 26 јануари 2016.
- ↑ „APS Member History“. search.amphilsoc.org. Посетено на 6 февруари 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Валтер Баде на Ризницата ?
- Баде на страницата за Брусовиот медал (англиски)
- Валтер Баде во Хрватската енциклопедија (хрватски)
- Валтер Баде — Голема руска енциклопедија (руски)
|
- Родени во 1893 година
- Починати во 1960 година
- Германски астрономи
- Откривачи на астероиди
- Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките
- Носители на Брусовиот медал
- Носители на Златниот медал од Кралското астрономско друштво
- Членови на Гетингенската академија на науките
- Членови на Американското филозофско друштво
- Членови на Баварската академија на науките