Прејди на содржината

Љуљајљако

Координати: 24°43′00″S 68°32′00″W / 24.71667° ЈГШ; 68.53333° ЗГД / -24.71667; -68.53333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Љуљајљако
Љуљајљако од источната страна
Највисока точка
Заведена какоУлтра
Координати24°43′00″S 68°32′00″W / 24.71667° ЈГШ; 68.53333° ЗГД / -24.71667; -68.53333[1]
Географија
Љуљајљако на карта

Карта

МестоЧиле и Аргентина
Матичен венецАнди, Пуна де Атакама
Геологија
Старост на карпатаПлеистоцен
ВидСтратовулкан
Последен избувМај 1877
Искачување
Прво освојување1950, претходно искачен од Инките

Љуљаjљако (шпански:Llullaillaco: [ʎuʎajˈʎako]) е активен стратовулкан на границата меѓу Аргентина (провинција Салта) и Чиле (Регион Антофагаста). Вулканот се наоѓа во Пуна де Атакама, висорамнина со високи вулкански врвови блиску до пустината Атакама, едно од најсушните места во светот.

Вулканот има апсолутна висина од 6739 м[2], и релативна висина од речиси 2,5 км. На врвот има постојан снег. Последната експлозивна ерупција се случила во 1877 година.[3] Љуљаjљако е највисокиот активен вулкан на планетата,[2][4][5] втор највисок вулкан во светот по Ојос дел Саладо[6] и седми по височина врв на западната полутопка. Снежната линија (ланец) на западната падина надминува 6500 м (снежна линија на највисока надморска висина Земјата).

Љуљаjљако се формирал во текот на две различни фази во плеистоценот - холоценот од тековите на дацитната лава. Најстарите карпи датираат од пред околу 1,5 милиони години. Пред околу 150.000 години, југоисточниот дел од вулканот се срушило, по што се создала лавина од земја која се протега до 25 км од вулканот. Најмладите карпи потекнуваат од ерупција од пред 5.600 ± 250 години во регионот на врвот, но има извештаи за активност од 19 век.[7]

Првото регистрирано искачување на планината било во 1950 година, но на планината и во нејзиното подножје пронајдени се траги од претходни искачувања и има голем број археолошки наоѓалишта; На Љуљаjљако се наоѓа највисокиот археолошки локалитет во светот. Во 1999 година, на врвот биле пронајдени мумифицирани остатоци од три деца, познати како Децата од Љуљаjљако, (момче и девојче од 5-7 години и девојче од 13-15 години), за кои се претпоставува дека биле пред жртвувани 500 години.[2]

Во близина на врвот, на надморска височина од преку 6700 м, пронајден е глодач, лиснат хрчак од видот Phyllotis xanthopygus rupestris, и тие се цицачи кои живеат на највисока надморска височина во светот откриени досега. Бидејќи границата на растителниот свет е на многу пониска надморска височина, останува нејасно со што се храни животното. Содржината на кислород на оваа надморска височина е само 45% од нормалното, а температурата паѓа до -60 °C.[8]

Исто така, на падините на вулканот има андски гербил ( Eligmodontia puerulus ) и лимски глушец со лиснати уши ( Phyllotis limatus)[8]  

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Richards & Villeneuve 2001, стр. 78.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Llullaillaco Volcano, Argentina-Chile Border“ (англиски). NASA Earth Observatory. 2010-03-29. Посетено на 2010-03-29.
  3. Предлошка:ССГН
  4. Кравчук П. А. Географический калейдоскоп. — Киев: Радянська школа, 1988. ISBN 5-330-00384-9
  5. Пётр Кравчук. Рекорды природы. — Любешов: Эрудит, 1993. — 216 с. ISBN 5-7707-2044-1
  6. „Горячие и опасные: самые крупные действующие вулканы мира“. РИА Новости (руски). 20200426T0800. Посетено на 2022-01-19. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. „Llullaillaco“ (англиски). Global Volcanism Program. Архивирано од изворникот на 2012-02-18. Посетено на 2010-03-29. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  8. 8,0 8,1 „Биологи поймали млекопитающее на рекордной высоте“. www.vesti.ru (руски). Посетено на 2020-03-27. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)