Свети Георги
Оваа статија бара повеќе извори за проверливост. Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Свети Георгиј | |
---|---|
Икона на Св. Георги во византиски стил. Вообичаено се прикажува како војник со копје или меч и со оклоп или панцир. | |
Великомаченик | |
Роден(а) | околу 275/281., Кападокија |
Починал(а) | 6 мај 303 |
Почитуван(а) во | православие Римокатоличка црква |
Канонизација | 494 од папата Геласиј I |
Слава | 6 мај и 16 ноември |
Свети Георги (Ѓорѓи или Ѓорѓија) — важен христијански светец и великомаченик од Кападокија.
Животопис
Георги во својата дваесетта година го стекнал чинот трибун и како таков служел при царот Диоклецијан. Кога овој цар започнал гонење на христијаните, Георги истапил пред него и одважно изјавил дека е христијанин, поради што царот го затворил, наредил нозете да му ги стават во клади, а на градите да му положат тежок камен. Потоа наредил да го врзар на тркало под кое имало штици со големи клинци и така го вртеле. По ова го закопале во ров, така што надвор од земјата му била само главата и го оставиле во ровот три дена и три ноќи. Но при сите овие маки Георги непрестајно Го молел Бога и Бог веднаш го исцелувал и на големо одушевување на народот, го спасувал Својот маченик од смртта.
Кога Св. Георги воскреснал и еден мртовец, тогаш многумина ја примиле верата во Христа. Меѓу овие биле и царевата жена Александра и главниот жрец Атанасиј, земјоделецот Гликериј, и Балериј, Донат и Терин. Најпосле царот ги осудил Свети Георги и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивнала на губилиштето пред да ја убијат, а Свети Георги го убиле во 303 година.
Безбројни се чудата што се јавиле на неговиот гроб. Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина коишто го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денешен ден. Од љубов кон Господ Христос, Свети Георги без тешкотии оставил се заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет. За оваа љубов Господ го наградил со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето Царство. Го дарувал со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите.
Поврзано
|
- Свети Ѓорѓи
- Починати во 303 година
- Светци од Светата Земја
- Римокатолички светци од Палестина
- Православни светци
- Источнокатолички светци
- Римокатолички светци
- Светци на Златната Легенда
- Воени светци
- Христијански светци од 4 век
- Англикански светци
- Чудотворци
- Великомаченици
- Римјани од 3 век
- Римјани од 4 век
- Светци од Анадолија
- Христијански светци од 3 век