6 декември
датум
<< | декември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 | ||||
2024 |
6 декември — 340-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (341-и во престапна година). Остануваат 25 денови до крајот на годината.
Настани:
1768 | Објавено е првото издание на „Енциклопедија Британика“. |
1897 | Лондон станал првиот град во кој таксистите добивале дозволи за работа. |
1917 | Објавена е независноста на Финска. |
1917 | Во Експлозијата во Халифакс, во Канада, предизвикана од судир на бродови со муниција, загинале над 1900 луѓе и бил уништен поголем дел од градот. |
1929 | Во Република Турција, жените беа изедначени со мажите во поглед на правото на глас. |
1941 | Почна контраофанзивата на силите на Црвената армија против германските сили на фронтот пред Москва. На фронтот, широк 300 километри, беа пробиени германските линии. Нацистичките девизии беа прегазени или опколени, а подоцна разбиени. |
1991 | Распаѓање на СФРЈ: Во Хрватска, единиците на ЈНА го бомбардирале Дубровник по шестмесечна опсада. |
2015 | Во Ерменија одржан референдум, на кој народот изгласал земјата да стане парламентарна република, заменувајќи го доготашниот полупретседателски систем. |
2021 | Карл Нехамер станува канцелар на Австрија. |
Родени:
1421 | Хенри VI — англиски крал. |
1778 | Жозеф Геј-Лисак — француски хемичар. |
1833 | Јован Јовановиќ - Змај — српски поет. |
1864 | Вилијам С. Харт — американски глумец. |
1898 | Гунар Мирдал — шведски економист, добитник на Нобеловата награда во 1974 година. |
1903 | Гајто Газданов — руски писател. |
1920 | Дејв Брубек — американски џез музичар. |
1942 | Петер Хандке — австриски писател. |
1948 | Кеке Розберг — фински возач во „Формула 1“. |
1950 | Џо Хисаиши — јапонски композитор и диригент. |
1956 | Питер Бак — американски рок-музичар. |
1967 | Марко Симеунович — словенечки фудбалски голман. |
1977 | Хорхе Гарбахоса — шпански кошаркар. |
1979 | Тим Кејхил — австралиски фудбалер. |
1982 | Алберто Контадор — шпански велосипедист. |
1984 | Дарил Импи — јужноафрикански велосипедист. |
1994 | Јанис Адетокумбо — грчки кошаркар. |
1996 | Давиде Калабрија— италијански фудбалер. |
Починале:
1926 | Клод Моне — француски сликар, еден од основачите на импресионизмот. |
1959 | Ерхард Шмит — германски математичар. |
1960 | Јордан Тренков — македонски револуционер. |
1983 | Роберт Олдрич — американски филмски режисер. |
1988 | Рој Орбисон — американски рокенрол музичар. |
1993 | Дон Амичи — американски глумец. |
2023 | Јелена Чворовиќ — српска и југословенска глумица. |