<< јули >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
2024

26 јули — 207-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (208-и во престапна година). Остануваат 158 денови до крајот на годината.

Џон Филд
(26 јули 178223 јануари 1837) ирски композитор и пијанист. Првиот кој компонирал ноктурна
Карл Густав Јунг
(26 јули 18756 јуни 1961) швајцарски психијатар, основач на движењето познато како аналитичка психологија

Настани:

1953  Со нападот на герилците на касарната „Монкада“ во градот Сантјаго де Куба, Фидел Кастро ја започнува борбата против диктаторот Фулгенсио Батиста.
1956  Египетскиот претседател Гамал Абдел Насер го национализира Суецкиот Канал, кој претходно беше под контрола на англо-француска компанија.
1963  Катастрофален земјотрес го разурна Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, 2.900 беа повредени, а беше уништен или оштетен 45 од станбениот фонд. Веста за земјотресот што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет, кој покажа голема солидарност.
1996  Република Македонија и Европската Унија потпишаа рамковна спогодба за соработка на Република Македонија во Европската Унија. Истиот ден во Република Македонија пристигнува и првиот американски амбасадор — Кристофер Хил.
1996  Република Македонија стана потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици.

Родени:

1782  Џон Филдирски композитор.
1842  Алфред Маршал — англиски економист.
1856  Џорџ Бернард Шо — англиски писател.
1862  Васил Иванов К’нчов — бугарски етнограф.
1875  Карл Густав Јунгшвајцарски психијатар.
1894  Олдос Хакслианглиски писател и есеист.
1900  Артуш Черник — чешки писател, новинар и филмски и театарски критичар.
1901  Нина Берберова — руска писателка.
1928  Стенли Кјубрикамерикански режисер.
1931  Теле Сантана — бразилски фудбалер и тренер.
1934  Даница Ручигај — македонска поетеса.
1943  Мик Џегер — англиски пејач, член на рок-групата „Ролинг стоунс“.
1945  Хелен Мирен — англиска глумица.
1949  Роџер Тејлор — англиски рок-музичар, член на групата „Квин“.
1954  Роза Топузова Каревска — македонски политичар.
1953  Феликс Магат — германски фудбалер и тренер.
1959  Кевин Спејси — американски глумец.
1961  Дејвид Хејмен — британски филмски продуцент.
1981  Мајкон Сисенандо — бразилски фудбалер.
1985  Брис Феји — француски велосипедист.
1985  Гаел Клиши — француски фудбалер.
1987  Ромен Лемаршан — француски велосипедист.
1990  Хесус Ерада — шпански велосипедист.

Починале:

1471  Павле II — римски папа.
1867  Отон I — грчки крал.
1902  Шарл Даданфранцуско-американски пчелар, таткото на современото пчеларство.
1903  Алексо Поројлијата — македонски револуционер.
1917  Едгар Дегафранцуски сликар.
1925  Готлоб Фреге — германски математичар.
1926  Крсте Петков Мисирков — истакнат македонски филолог, јазичар, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата „За македонцките работи“. Роден е во Ениџевардарско на 18 ноември 1874 година.
1952  Ева Перон — популарната „прва дама“ на Аргентина, сопруга на Хуан Перон.
1963  Димитар Пандилов — истакнат уметник, прв македонски импресионистички сликар.
1985  Фреди Перлмананархист, писател, теоретичар и музичар, голем критичар на современиот свет.