26 јануари
датум
<< | јануари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
2024 |
26 јануари — 26-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 339 денови до крајот на годината (340 во престапна).
Настани:
1531 | Лисабон го погодил катастрофален земјотрес при што загинаале околу 30.000 луѓе. |
1788 | 736 затвореници од Англија пристигнале во Австралија, во Порт Џексон (денешен Сиднеј), и ја формирале првата европска колонија на новиот континент. Ден на Австралија. |
1827 | Перу прогласи независност. |
1841 | Прогласена британска сувереност над Хонгконг. По шест дена Кина била принудена да го отстапи на Велика Британија. |
1905 | Кај Преторија во Јужна Африка откриен е „Калинан“, најголемиот дијамант во светот, со вредност од 3.106 карати. |
1934 | Потпишана е германско-полска изјава за ненапаѓање и за мирно решавање на споровите. Со тоа Хитлер доби безбедност на исток и можеше да тргне во освојување на Подунавје. Излегувањето на Полска од францускиот блок значеше голема пукнатина на европскиот систем на колективна безбедност и успех на Хитлер. |
1942 | Втора светска војна: САД упатија први сили во Европа, во која во тоа време војна се водеше само на Источниот фронт и на подрачјето на Југославија. Трупите беа стационирани во Северна Ирска. |
1946 | Излезе од печат првата граматика на македонски јазик што ја напиша професорот Круме Кепески. |
1950 | Индија формално е прогласена за Република во рамките на Британскиот комонвелт. |
1993 | Вацлав Хавел е избран за прв претседател на Чешка. |
1994 | Романија стана прва поранешна членка на Варшавскиот пакт која со НАТО пактот потпиша Документ „Партнерство за мир“. |
1994 | Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународен фонд за земјоделски развој (ИФАД). |
1996 | Американскиот сенат го одобри договорот „Старт-2“ за намалување на бројот на американските и руските јадрени ракети. |
2015 | Алексис Ципрас од Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА) станува Премиер на Грција. |
Родени:
1494 | Иполита Марија Сфорца — ќерка на Џан Галеацо Сфорца. |
1847 | Џон Бејтс Кларк — американски економист. |
1917 | Антонио Каладо — бразилски писател и новинар. |
1919 | Валентино Мацола — италијански фудбалер. |
1925 | Пол Њуман — американски филмски глумец и режисер. |
1928 | Роже Вадим — француски филмски режисер. |
1939 | Ѓело Јусиќ — хрватски композитор, аранжер, диригент и гитарист. |
1950 | Ратислав Ѓелмаш — српски и југословенски рок-тапанар. |
1951 | Јармила Кратохвилова — чехословачка атлетичарка. |
1951 | Енди Хамел — американски поп-рок музичар, член на групата Биг стар (Big Star). |
1953 | Лусинда Вилијамс — американска пејачка. |
1955 | Еди ван Хален — американски рок-гитарист, член на групата Ван Хејлен (Van Halen). |
1959 | Александар Станковски — македонски уметник. |
1959 | Салвадро Санчес — мексикански боксер. |
1963 | Милко Ѓуровски — југословенски и македонски фудбалер и тренер. |
1963 | Жозе Мурињо — португалски фудбалер и тренер. |
1973 | Брендан Роџерс — северноирски фудбалер и тренер. |
1975 | Анабела — српска пејачка. |
1977 | Винс Картер — американски кошаркар. |
1981 | Хуан Хосе Аедо — аргентински велосипедист. |
1984 | Јуриј Трофимов — руски велосипедист. |
1987 | Себастијан Џовинко — италијански фудбалер. |
1987 | Ригоберто Уран — колумбиски велосипедист. |
1987 | Гојко Качар — српски фудбалер. |
1990 | Петер Саган — словачки велосипедист. |
1991 | Николо Мели — италијански кошаркар. |
1991 | Алекс Сандро — бразилски фудбалер. |
2000 | Нуно Тавареш — португалски фудбалер. |
Починале:
1823 | Едвард Џенер — пронаоѓач на вакцината против големи сипаници. |
1864 | Лео фон Кленце — германски неокласичен архитект. |
1961 | Сотир Ставридис — македонски хирург и уролог. |
1990 | Ава Гарднер — американска глумица. |
1996 | Јосиф Бродски — руски и американски поет. |
2000 | Дон Баџ — американски тенисер. |
2020 | Коби Брајант — американски кошаркар. |
2024 | Горан Петровиќ — српски писател, член на САНУ. |